Posted by unet
Posted by unet
Седница одржана на 28.07.2017
- Решение за давање на согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, на лицето Емил Кратовалиев
Posted by unet
Седница одржана на 23.06.2017
- Годишен извештај за работењето на АСО за 2016 година, и
- Годишен извештај за пазарот на осигурување во 2016 година, и
- Донесување на ревидираните финансиски извештаи на АСО за 2016 година.
Posted by unet
Седница одржана на 19.06.2017
- Решение за давање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување,
- Решение за издавање согласност за вршење на функција член на орган на управување на друштво за осигурување на лицето Александра Шкемби,
- Решение за давање на дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво АУРОН БРОКЕР АД, Струга,
- Решение за давање на дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво РИЗИКО ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје,
- Решение за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје,
- Решение за изрекување мерки на супервизија спрема АД за осигурување ГРАВЕ Скопје,
Posted by unet
Склучен Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Правен Факултет „Јустинијан Први“
Агенцијата за супервизија на осигурување на 14 јули, 2017 година со Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Правен Факултет „Јустинијан Први“ склучи Меморандум за соработка. Со овој Меморандум за соработка двете страни ја уредуваат соработката во врска со размена на искуства, знаења, едукација, литература, финансиска едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и интереси. Меморандумот за соработка го регулира и начинот на изведување на практична настава за студентите во Агенцијата за супервизија на осигурување.
