Седница одржана на 29.06.2015
- Годишен Извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во РМ во 2014 година,
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2014 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема АД за осигурување Еуролинк Скопје,
- Решение за издавање дозвола за воведување на нова класа на осигурување од групата на осигурување на живот во работењето на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Решение за издавање согласност за измена на Статут на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
Седница одржана на 12.06.2015
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје
Известување
Известување за термини за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои учествувале на обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи спроведена во април 2015 година, а кои нема да го положат стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи со првото полагање (теоретски и практичен дел), дека согласно членот 13 став (4) од Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) имаат можност за уште две повторни полагања на стручниот испит и тоа во следните термини:
- Второ полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
- 1. прв (теоретски ) дел 25.6.2015 година
- 2. втор дел (практичен пример) 10.7.2015 година
- Трето полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
- 1. прв дел – (теоретски дел) 31.8.2015 година
- 2. втор дел – (практичен пример) 14.9.2015 година
За точното време на одржување на стручниот испит во рамки на горенаведените термини, лицата ќе бидат дополнително известени.
Известување
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои го положиле стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурување/ осигурително брокерски работи – теоретски дел одржан на ден 26.5.2015 година, дека стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурување/ осигурително брокерски работи – практичен дел ќе се одржи на ден 23.6.2015 (вторник) година од 10:00 до 12:00 часот.
Седница одржана на 27.05.2015
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД, Скопје на лицето Орхан Хасан,
- Решение за издавање согласност за вршење функција член на Управен одбор на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје на лицето Арбен Брешани,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Одборот на директори во Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје, на лицето Јанко Георгиев Николов,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Одборот на директори во Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје, на лицето Ралица Руменова Губерова,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
К О Н К У Р С
за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2015 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.