Потпишан Колективен договор за независни регулаторни тела
На ден 11.2.2015 година во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување беше потпишан Колективен договор за независни регулаторни тела што претставува потврда за довербата помеѓу социјалните партнери и уште една норма на секторско ниво која ќе придонесе за унапредување на правата и обврските од работен однос.
Договорот го потпишаа Претседателот на Синдикатот на работниците од финансиските организации на Македонија г-ѓа Светлана Петровиќ и Претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија г.Ангел Димитров како и Претседателот на Здружението на работодавачи од финансиската дејност и дејностите од осигурување г-ѓа Николина Миланова.
На свечениот настан присуствуваа д-р Климе Попоски, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, д-р Булент Дервиши, Претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, претставник на Комисијата за хартии од вредност како и претставници на Синдикалните организации на независните регулаторни тела.