Седница одржана на 11.7.2011
- Деловник за работа на Комисијата за посредување на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Советот на АСО на редовна седница одржана на 27.06.2011 година го донесе Годишниот извештај за работењето на АСО и Годишниот извештај за осигурителниот пазар во РМ за 2010 година
Врз основа на одредбите од Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр. 27/2002, 84/2002, 98/2002, 33/2004, 88/2005, 79/2007, 08/2008, 88/2008, 56/2009, 67/2010 и 44/2011), Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување донесе Решение со кое се издава дозвола за вршење на работи на осигурување на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје.
Како основач на новото друштво за осигурување на живот се јавува СИГАЛ УНИКА ГРУП АВСТРИЈА.
Новото Друштво за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје е со седиште на ул. “Маркс и Енгелс” бр.3 Скопје.
Со издавање на новата дозвола, бројот на друштвата за осигурување кои вршат работи на осигурување во рамки на групата на живот се зголеми за уште едно друштво и на осигурителниот пазар во Република Македонија во моментот дејствуваат вкупно четири друштва за осигурување на живот.