Седница одржана на 28.11.2014
- Решение за давање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на осигурително брокерско друштво МАК ТРЕНД БРОКЕР АД Скопје,
- Решение за давање согласност за вршење на функција член на Управниот Одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје на лицето Дејан Михајлов,
- Решение за давање согласност за вршење на функција Извршен член на Одборот на директори на ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД, Скопје на лицето Сања Танчевска.
Известување за полагање на поправен испит за застапници и брокери во осигурување
Во врска со донесената Одлука на Владата на Република Македонија, поради спроведување на акцијата “Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. 03.12.2014 година (среда), е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите пријавени кандидати дека поправниот испит за застапници во осигурување односно осигурителни брокери се презакажува за следниот работен ден 04.12.2014 година , во 15:30 часот, во просториите на Европски Универзитет.
Пријавите за поправен испит освен по пошта може да се достават и по електронски пат, на адреса armin.ukikj@aso.mk најдоцна до 02.12.2014 година.
Кандидатите кои ќе го полагаат испитот, потребно е да бидат во просториите на Европски Универзитет најдоцна до 15:00 часот.
Пријавата за поправен испит за застапници во осигурување можете да ја симнете тука.
Пријавата за поправен испит за осигурителни брокери можете да ја симнете тука.
Седница одржана на 21.11.2014
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема АД за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ- Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Евроинс Осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за неживотно осигурување Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурителното брокерско друштво СЕДА БРОКЕР АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво МОБИЛИТИ БРОКЕР АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурителното брокерско друштво АМГ ПРЕМИУМ АД Скопје.
Одбележување на Денот на осигурувањето
Агенцијата за супервизија на осигурување, на 1-ви ноември, 2014 година, во 11ч. во хотелот “Александар Палас”, одржа свечена манифестација по повод Денот на осигурувањето. На настанот свечено обраќање имаа г. Климе Попоски, претседател на Совет на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, г-ѓа Весна Ѓорчева, заменик претседател на Здружение на осигурување и г. Златко Михајловски, претседател на Асоцијација на осигурително- брокерски друштва. 
Во рамки на свечениот дел беше доделена награда за млад истражувачки труд од областа на осигурувањето и управувањето со ризик. На Конкурсот беа пријавени 5 трудови за наградата за млад истражувачки труд од областа на осигурувањето и управувањето со ризик која годинава и беше врачена на г-ѓа Благица Петрески, за трудот на тема: ”Емпириска анализа на ризиците и отпорноста на шокови на македонскиот осигурителен сектор”.

Исто така, во рамките на настанот беше промовиран водичот за корпоративно управување наречен „Насоки за воведување на добри практики на корпоративно управување во друштвата за осигурување во Р. Македонија”, подготвен во соработка со ИФЦ – Меѓународна финансиска корпорација, МИОД – Македонскиот институт на директори и SECO – Државниот секретаријат за економски прашања. Во делот на оваа проектна активност беше организирана обука за претставници на Друштвата за осигурување и АСО која имаше за цел на учесниците да им овозможи запознавање со основите начела на доброто корпоративно управување. По завршувањето на обуката за корпоративно управување, учесниците се стекнаа со сертификат (ниво 1) од областа на корпоративното управување, а истиот им беше доделен од страна на г. Климе Попоски на Денот на осигурувањето.
На овој настан, Агенцијата ја промовираше и детската игра ”Помалку ризик, повеќе забава” која ќе има за цел преку игра да ги научи најмладите за придобивките од осигурувањето и можноста за избегнување на ризиците и нивно справување.

Избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2014 година
Согласно Одлука за утврдување на условите и начинот на доделување на награда за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија (бр./02-454/5 од 27.05.2014), Агенцијата за супервизија на осигурување распиша Конкурс за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година.
Критериумите за учество на Конкурсот, работата на Комисијата и целата постапка се предвидени со Упатството за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија (бр./02-370/4 од 29.03.2014 и бр.02-454/5 од 27.05.2014 27.05.2014).
Со Решение за именување на членови на Комисија за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година (бр.02-454/6 од 27.05.2014) се именуваат 5 членови, и тоа:
- за надворешни членови:
- д-р Силвана Мојсовска;
- д-р Лилјана Баткоска;
- д-р Лидија Симонческа; и
- д-р Софроние Миладиновски.
- за претставник на Агенцијата за супервизија на осигурување:
- м-р Дарко Блажевски
На Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година се пријавија 5 учесници
Комисијата утврди дека трудовите се доставени во предвидениот рок до 30.09.2012 година. Согласно доставените биографски податоци, сите кандидати ги исполнуваат условите од Конкурсот во однос на пропишаните услови за возраста (до 35 години) и образованието (да не се доктори на науки). Сите поднесени трудови се самостојни трудови, напишани на македонски јазик.
Со оглед дека се поднесени повеќе од 3 истражувачки трудови, Конкурсот се смета за успешен.
Сите членови на комисијата поднесоа индивидуални извештаи, при што кај сите членови на комисијата експлицитно беше како предлог за доделување награда трудот на м-р Благица Петрески.
Врз основа на предлогот на комисијата, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување го прогласи трудот на м-р Благица Петрески за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2014 година.
Трудот на м-р Благица Петрески обработува тема поврзана ризиците по стабилноста на македонскиот осигурителен сектор и потребата од квантифицирање на отпорноста на шокови. Авторот ги истражува двете групи на ризици по стабилноста на осигурителниот сектор: преземени ризици на индивидуални компании и пазарни или економски ризици. Во трудот прецизно се појаснува методолошката рамка на фазите на истражување. При тоа, најпрво се елаборира за осигурителниот сектор во Р. Македонија, неговото учество во финансискиот систем, динамичниот развој и предизвиците за хармонизирање на домашната регулатива и супервизија на осигурувањето со регулативата и праксата на Европската Унија. Трудот можете да го најдете тука.
Седница одржана на 05.11.2014
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на органот на управување на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје за лицето Боби Кочевски, и
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на органот на управување на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје за лицето Исни Абази,
Доделување на награди за најдобри ликовни и литературни творби по повод меѓународниот ден на штедење

Денес, во рамки на одбележувањето на Меѓународниот ден на штедењето, а по повод распишаниот Конкурс за деца и млади од страна на Народната банка на Република Македонија и на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, во просториите на Агенцијата беа доделени 12 рамноправни парични награди, од кои шест за ликовна творба на ученици од основното образование и шест за литературна творба на ученици од средното образование.
Наградите ги доделија гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г. Димитар Богов, и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, г. Климе Попоски.
Освен наградените ученици, на настанот присуствуваа и учениците од основните и средни училишта коишто доставија литературни и ликовни творби на зададените теми: „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“, или „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“.
Во завршницата на настанот, присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата од литературните и ликовните творби.
Известување
Согласно Одлуката бр. 0201-604/4 од 23.09.2014 година за неспроведување на обука и стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар (2014-2016 година) донесена од Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на ден 23.09.2014 година, Агенцијата за супервизија на осигурување ве известува дека заради недоволен интерес нема да спроведе обука и стручен испит потребен за добивање на дозвола за овластен актуар (2014-2016 година).
Известувањето за полагање на испит за застапник и брокери
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите заинтересирани кандидати дека испитот за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи на ден 07.11.2014 година, во 15:30 часот, во просториите на Европски Универзитет.
Кандидатите кои ќе го полагаат испитот, потребно е да бидат во просториите на Европски Универзитет најдоцна до 15:00 часот.

