Седница одржана на 21.10.2022
- Записник од дваесетитрета седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 12.10.2022 година во 12:00;
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизорски услуги – ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување УНИКА АД, Скопје за 2022 година;
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизорски услуги ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД, Скопје за 2022 година;
- Извештајот на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2022 година.
- Информација во врска со Барање/молба за пролонгирање на испит од Актуарска обука за кандидат Сања Стојаноска.
Седница одржана на 12.10.2022
- Записник од дваесетивтора седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 23.9.2022 година во 11:00;
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Друштво за застапување во осигурувањето Фортис про АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Друштво за застапување во осигурувањето Тренд МР АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Осигурително брокерско друштво Ин брокер АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Друштво за застапување во осигурувањето Актива осигурување АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Осигурително брокерско друштво Супер брокер,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Осигурително брокерско друштво Еуроекспертс АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Осигурително брокерско друштво Еуромак АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Друштво за застапување во осигурувањето Лајон инс АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурително брокерско друштво ВФП АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурително брокерско друштво Делта инс АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурително брокерско друштво Легра АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурително брокерско друштво Кораб инс АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурително брокерско друштво Независен осигурителен брокер АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Осигурително брокерско друштво ЈДБ Брокер АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурителното брокерско друштво ЕОС Брокер АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурителното брокерско друштво МАКОАС Брокер,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Осигурително брокерско друштво Полиса плус АД Скопје,
- Информација за статистички и финансиски остварувања на друштвата за осигурување во првата половина на 2022 година,
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Друштото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ за лицето, Игор Доневски и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Друштото за осигурување УНИКА АД Скопје за лицето, Дритон Азизи и донесување на решение,
- Известување поднесено од Извршниот член на Одборот на директори на ДЗО ЛАЈФ ВИЗИОН АД Скопје за затворена стечајна постапка над друштвото и донесување на Решение за престанок на дозволата за вршење работи на застапуавње во осигурување на ДЗО ЛАЈФ ВИЗИОН АД Скопје,
- Барање и донесување на Решение за издавање на согласност на Друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје за 2022 година,
- Барање и днесување на Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје,
- Известување за раскинување на договор со друштвото за застапување во осигурување Тренд МР АД Скопје и донесување на решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Даме Блажески,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Дамјан Дамјановски,
- Извештај за извршена ревизија на спроведувањето на стручниот испит за вршење осигурително брокерски работи,(едукативно испитна сесија – март 2022),
- Извештај за извршена ревизија на спроведувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурување, (едукативно испитна сесија – март 2022),
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурително брокерско друштво СМАРТ МАНИ СОЛУШНС АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурително брокерското друштво Еуро Експертс а.д. Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурително брокерско друштво ЈДБ БРОКЕР АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурително брокерското друштво Мак Тренд Брокер АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурително брокерското друштво Мега брокер АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за застапување во осигурување Лајон Инс AД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за застапување во осигурување САФЕ ЛИФЕ АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за застапување во осигурување Ваш Пријател АД Прилеп,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за застапување во осигурување Тренд МР АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за застапување во осигурување Фемили Партнер АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за застапување во осигурување Мое осигурување АД Скопје,
- Информација за донесување на единствена Таблица за определување процент на траен инвалидитет како последица од несреќен случај – незгода.
Трите европски надзорни тела објавија заедничко соопштение за ризиците за есента 2022
Во соопштението се нагласува дека влошените проекции за економски раст, високата
инфлација и растечките цени на енергијата ја зголемија ранливоста во финансиските
сектори. Европските надзорни органи за банкарство, хартии од вредност и осигурување и
пензиско осигурување ги советуваат националните надзорни органи, финансиските
институции и учесниците на финансискиот пазар да се подготват за предизвиците кои
доаѓаат.
Пост пандемиското заздравување на економиите во Европа ослабна поради руската
инвазија на Украина. Руската војна против Украина и пречките во трговските односи
предизвикаа брзо влошување на економските изгледи, што придонесува кон постојните
инфлаторни притисоци на значително зголемување на цените на енергијата и стоките, ги
влошува нерамнотежите во понудата и побарувачката и ја ослабнува куповната моќ на
домаќинствата. Зголемен е и ризикот од долгорочна инфлација и стагфлација.
Овие фактори, заедно со влошените економски изгледи, значајно влијаеја на ризичното
окружување на финансискиот сектор. Волатилноста на финансиските пазари се зголеми
насекаде со оглед на високата неизвесност. По долг период на ниски каматни стапки,
централните банки ја заоструваат монетарната политика. Комбинацијата на зголемени
трошоци за финансирање и намален економски производ може да изврши притисок кај
рефинансирањето на долгот на владите, претпријатијата и домаќинствата, а истовремено
негативно да влијае на кредитниот квалитет на портфолиото на кредити на финансиските
институции. Намалувањето на реалните приноси во услови на зголемена инфлација би
можело да предизвика кај инвеститорите да превземаат поголеми ризици во време кога
растот на стапките предизвикуваат далекусежно ребалансирање на портфолиото.
Финансиските институции исто така се соочуваат со зголемени оперативни предизвици
поврзани со зголемените кибернетички ризици и извршувањето на санкциите кон Русија.
Финансискиот систем досега беше отпорен и покрај сè поголемата политичка и економска
неизвесност.
2
Во светло на наведените ризици и ранливост, заедничкиот одбор на трите европски
надзорни органи ги советува националните надлежни органи, финансиските институции и
пазарни учесници да превземат следни мерки:
Финансиските институции и надзорни органи треба и понатаму да бидат
подготвени на влошување на квалитетот на средствата (активата од билансот на
состојба, м.б.) во финансискиот сектор и да ги следат движењата, вклучувајќи ги
средствата кои беа ослободени од одредени регулаторни барања поврзани со
пандемијата и оние кои се посебно чувствителни од влошувањето на економското
окружување, како и на инфлацијата поради високите цени на енергијата и стоките.
Очигледно дека треба со големо внимание да се следи и влијанието на
понатамошното зголемување на каматните стапки и потенцијалните неочекувани
зголемувања на премијата за ризик на финансиските институции и пазарните
учесници.
Финансиските институции и надзорни органи треба внимателно да го следат
влијанието на инфлациските ризици
Супервизорите би требале да продолжат да ги следат ризиците по малите
инвеститори, посебно во поглед на производи кај кои потрошувачите можеби не се
во потполност свесни за опфатот на вклучените ризици, како што се на пример
крипто средствата.
Финансиските институции и супервизори би требале да продолжат внимателно да
управуваат со еколошките ризици и кибернетичките ризици со цел соодветно да
одговорат на заканите по информатичката сигурност и континуитетот во
работењето.
Целосното заедничко соопштение за јавноста е достапно на следниот
линк: https://www.eiopa.europa.eu/media/news/esas-warn-of-rising-risks-amid-deteriorating-
economic-outlook
АСО изготви предлог акти со цел уредување на начин и постапка на редовна оценка на исполнување на условите за член на орган на управување/член на надзорен орган во друштво за осигурување (на коментари до 17 октомври)
Со цел уредување на начин и постапка на редовна (континуирана) оценка на исполнување на условите за член на орган на управување и член на надзорен орган во друштво за осигурување како и акционер со квалификувано учество во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво и друштво за застапување во осигурување пропишани со Законот за супервизија на осигурување, Законот за трговските друштва и останатите прописи, не само во фазата на именување (избор) на лицето односно во фазата на стекнување на квалификуваното учество туку и во континуитет додека лицето ја врши функцијата односно поседува квалификувано учество во субјектот, Агенцијата за супервизија на осигурување изготви:
- Предлог Правилник за начинот и постапката на спроведување на оценка на соодветноста на член на надзорен орган на друштво за осигурување и известување до Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности.
- Предлог Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација и начинот за стекнување квалификувано учество во друштво за осигурување, осигурително брокерско друштво и друштво за застапување во осигурување.
Се повикуваат заинтересираните лица до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) да достават коментари и забелешки по однос на предлог правилниците најдоцна до 17.10.2022 година на следната електронска адреса: contact@aso.mk со назнака: Коментари (забелешки) по Предлог Правилници.
Што мора да ви покаже продавачот пред да купите „Јунит Линкд“ осигурување живот?
Животното осигурување кај кое парите се вложуваат во удели на инвестициски фондови („Јунит Линкд“ осигурување) е висококвалитетен производ со голем потенцијал за оплодување на инвестицијата. Но тој истовремено содржи и ризик од загуба на вложените средства затоа што вредноста на вложеното зависи од цените на уделите кои се формираат на берзите. Токму заради ова АСО ги задолжи осигурителните компании квалитетно да ги информираат осигурениците за ризикот од загуба на вложените средства. Со новиот правилник на АСО, кој стапи на сила овој месец, продавачите на „Јунит Линкд“ осигурување имаат обврска на секој потенцијален осигуреник да му дадат на увид ниво на ризик од загуба на вложеното на скала од 1 до 7. Исто како што имаат обврска пред продажбата на „Јунит Линкд“ осигурување на осигуреникот да му дадат детален приказ на структура на сите трошоци на вложување кои ќе треба да ги плати. Осигуреникот има право да добие на увид податоци за очекуван просечен месечен раст на вредноста на вложеното за период од пет години во иднина. Ова се дел од новините кои произлегуваат од новиот правилникот со кој АСО значајно ја зголеми транспарентноста при вложување во „Јунит Линкд“ осигурување живот

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги задолжи сите осигурителни компании кои продаваат „Јунит Линкд“ осигурување живот на секој потенцијален осигуреник да му достават документ со клучни информации врз основа на кој ќе одлучи дали да вложи во овој осигурителен производ.
Станува збор за унифициран документ кој содржи информации за нивото на ризик од можна загуба на вложени средства како и за очекуваната добивка од вложеното. Осигуреникот ќе биде информиран и за условите и последиците од предвремено раскинување на договорот за вложување. Исто така продавачот ќе ги прикаже и сите еднократни, периодични, повторливи, повремени и непредвидени трошоци што треба да ги плати осигуреникот.
Воедно продавачот на осигурувањето ќе биде обврзан и да го информира осигуреникот и за правото да поднесе претставка односно приговор до АСО. Ова се клучните новини кои ги содржи новиот правилник што го донесе АСО со цел да ја зголеми транспарентноста при вложувања во јунит линкд осигурување живот.
„Јунит Линкд“ е релативно нова класа на осигурување живот кај која дел од вложените пари се инвестираат во удели на инвестициски фондови. Тоа се вложувања со висок квалитет, но факт е дека цените на уделите се променливи и зависат од движењата на глобалните берзи. Токму заради тоа и ризикот од вложувањето на средствата паѓа на товар на осигуреникот.
Токму волатилноста на пазарите на капитал остава простор од ризик осигуреник да загуби дел од уплатените средства при вложување во „Јунит Линкд“ осигурување исто како што постои реална можност за солидно оплодување на вложените средства.
Официјалните податоци на АСО покажуваат дека само во минатата година биле раскинати 941 договор за „Јунит Линкд“ осигурување живот во период кога вкупно биле склучени 2.726 договори. Дополнително на ова бројот на раскинати договори лани достигна 9 отсто од вкупниот број на активни договори во оваа осигурителна класа кој изнесува 10.628.
Следејќи ја будно оваа состојба Советот на експерти на АСО одлучи да усвои подзаконски акт што значајно ќе ја зголеми транспарентноста за овој осигурителен производ.
Тоа во голема мерка ќе им помогне на сите потенцијални инвеститори при носењето на одлуките за вложување во јунит линкд да го проценат потенцијалниот ризик од ова вложување.
Освен горенаведените клучни новини како мерки за подобро информирање на осигурениците новиот правилник предвидува продавачот да истакне дали вложувањата се во денари или во странска валута. Од причина што оваа информација може да влијае врз вредноста на вложувањето преку можни промени на девизниот курс на денарот.
„Јунит Линкд“ е интернационален термин глобално прифатен и користен за овој вид осигурување живот. „Јунит Линкд“ значи дека вредноста на вложените средства директно зависи од вложувањата во удели на отворени или затворени инвестициски фондови.
Вложувањата во животното осигурување во кое ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот (популарно наречениот „Јунит Линкд“) лани достигнале 383,2 милиони денари (над 6 мил.евра). Тоа е за 27 отсто повеќе од 2020 година.
Правилникот што ја регулира оваа материја е достапен на следниот линк https://aso.mk/wp-content/uploads/2022/05/pravilnik-udeli-vo-investicziski-fondovi-sl-vesnik-109-2022-2.pdf
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.