Седница одржана на 21.08.2020
- Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво НАШЕ ОСИГУРУВАЊЕ АД Кочани на лицето Венцо Митев,
- Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво НАШЕ ОСИГУРУВАЊЕ АД Кочани на лицето Верица Ѓоргиевска, и
- Решение за издавање согласност Друштвото за ревизија ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД-Друштво за осигурување на живот Скопје за 2020 година.
Седница одржана на 12.08.2020
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Триглав осигурување Живот АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Сава АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Халк Осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Граве АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Триглав Осигурување АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Граве Неживот АД Скопје АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Еуролинк АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Кроација неживот АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Уника АД Скопје,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Сава Осигурување А.Д Скопје за лицето Ило Ристовски,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Сава Осигурување А.Д Скопје за лицето Мелита Гугуловска,
- Правилник за воведна обука и начин на вршење на менторската работа во Агенцијата за супервизија на осигурување, и
- Правилник за утврдување на материјална обврска на вработен во Агенцијата за супервизија на осигурување за средствата потрошени за реализација на специјализирани обуки за вработениот.
СООПШТЕНИЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОДЗЕМАЊЕТО НА ДОЗВОЛАТА ЗА РАБОТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НА СТАБИЛНОСТА НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР
Во врска со објавената вест дека НБРСМ ја одзела дозволата за работа на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека осигурителниот пазар останува стабилен и развојот на настаните околу горе споменатата банка нема да влијаат негативно врз ликвидноста и солвентноста врз работењето на осигурителните компании.
Фактите велат:
Вкупната актива на осигурителниот сектор на 30.6.2020 година изнесува 26,4 милијарди денари. Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот. Четири друштва за осигурување имале парични средства и депозити во Еуростандард банка на 30.6.2020, а вкупната вредност изнесувала 31 милиони денари, што претставува 0,1% од вкупната вредност на активата на осигурителниот сектор. Истовремено, од вкупните вложувања на осигурителниот сектор во банкарски инструменти, вложувањето во Еуростандар банка изнесува 0,3%. Најголемиот дел се пласмани на две друштва на осигурување со солидна солвентна позиција.
Во текот на 2019 година, АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје доби нов сопственик, односно австриската осигурителна група ГРАВЕ од Грац ги купи сите акции издадени од ова друштво за осигурување од претходниот сопственик, кој е сопственик на банката. Оттука, ова друштво за осигурување не е во сопственичка поврзаност со банката, и не постои ризик од пренесување на обврските од банката на друштвото за осигурување.
Заклучокот што се добива од изнесените факти ја потврдува констатацијата дека не постои никаков ризик дека отворањето на стечајна постапка на Еуростандард банка ќе влијае на исполнувањето на обврските на друштвата за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување ниту пак ќе се одрази суштински на профитабилноста и солвентноста на друштвата за осигурување.
С О О П Ш Т Е Н И Е во врска со неовластено вршење работи на осигурување на територијата на Република Северна Македонија
Врз основа на следење на состојбата на осигурителниот пазар во земјата, посебно во делот на рекламирање и продажба на осигурителни производи, Агенцијата за супервизија на осигурување во последно време детектира случаи на нудење, рекламирање и склучување на полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување (особено од Република Бугарија) кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Агенцијата за супервизија на осигурување напоменува дека вршењето работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи без дозвола од Агенцијата претставува кривично дело за кое согласно Законот за супервизија на осигурување е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги предупредува сите субјекти кои вршат работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи без дозвола од страна на Агенцијата, дека во случај на идентификување на овие субјекти, против истите ќе бидат преземени сите со закон пропишани мерки и санкции.
Истовремено, Агенцијата ги информира правните лица и физичките лица кои вршат дејност како и граѓаните во Република Северна Македонија дека согласно Законот за супервизија на осигурување, може да се осигуруваат исклучиво во друштва за осигурување кои имаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Поради сето горенаведено, Агенцијата апелира граѓаните да внимаваат од кои друштва за осигурување купуваат полиси за осигурување, а особено поради фактот што постои можност, доколку полисите ги купат од странски друштва за осигурување кои немаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување, во иднина, да не можат да ги остварат своите права од склучените договори за осигурување, за кои уредно од нивна страна е платена премија за осигурување.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира граѓаните дека на веб страницата на Агенцијата (www.aso.mk) може да се информираат за сите субјекти кои се овластени да вршат работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи на територијата на Македонија.
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Седница одржана на 29.07.2020
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Адор Македонија Скопје,
- Решение со кое се огласува за ништовно Решението за одземање на лиценца за осигурителен брокер бр.УП 18-7-797 од 17.6.2020 година на лицето Билјана Ангеловска,
- Решение со кое се огласува за ништовно Решението за одземање на лиценца за осигурителен брокер бр.УП 18-7-704 од 17.6.2020 година на лицето Дарко Гоцевски,
- Решение со кое се огласува за ништовно Решението за одземање на лиценца за застапник во осигурување бр.УП 18-7-602 од 17.6.2020 година на лицето Зоран Мирчески,
- Решение со кое се огласува за ништовно Решението за одземање на лиценца за застапник во осигурување бр.УП 18-7-484 од 17.6.2020 година на лицето Иван Павловски,
- Решение со кое се огласува за ништовно Решението за одземање на лиценца за осигурителен брокер бр.УП 18-7-705 од 17.6.2020 година на лицето Јане Зероски,
- Решение со кое се огласува за ништовно Решението за одземање на лиценца за осигурителен брокер бр.УП 18-7-706 од 17.6.2020 година на лицето Мирчо Милески,
- Решение за издавање на согласност на UNIQA Österreich Versicherungen AG со седиште на ул. Untere Donaustraße 21, Виена, Република Австрија, регистрирано во трговскиот регистар на Република Австрија со регистарски број FN 63197m за индиректно стекнување на акции кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Решение за издавање на согласност на UNIQA Österreich Versicherungen AG со седиште на ул. Untere Donaustraße 21, Виена, Република Австрија, регистрирано во трговскиот регистар на Република Австрија со регистарски број FN 63197m за индиректно стекнување на акции кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје,
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизија КПМГ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на САВА осигурување а.д. Скопје за 2020 година,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Ивона Мијоска заради раскинување на договорот за вработување во СТОПАНСКА БАНКА АД Скопје,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Александар Спасовски заради раскинување на договорот за застапување со Друштвото за осигурување ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.