Седница одржана на 13 мај
- Записник од 10-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 април, 2025 година,
- Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2025 година,
- Решение за именување на членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2025 година.
Билатерална средба на раководствата на АСО и на федералната АНО од Босна и Херцеговина
Регионалната соработка меѓу регулаторите во осигурувањето е многу значајна за реформските процеси кои во континуитет ја зајакнуваат заштитата на осигурениците и нивните права.



Со цел продлабочување, проширување и зајакнување на регионалната соработка меѓу регулаторите во осигурителната дејност, на поканата на Ели Дракуловска, претседател на Советот на АСО, денеска во Скопје на работна средба допатува високото раководство на федералната Агенцијата за надзор врз осигурувањето (АНО) на Босна и Херцеговина предводена од директорот Иван Лубуриќ, во состав Мирјана Вегар, помошник директор, Алма Смаилагиќ помошник директор за надзор врз друштвата за осигурување и за заштитниот фонд, Един Тасо помошник директор за надзор врз посредници во осигурување.
Членовите на Советот на АСО Ели Дракуловска, Александра Дранговска и Горан Здравковски заедно со претставници на стручните служби на билатералната средба со претставниците на АНО разговараа за регионалните аспекти на актуелните теми кои произлегуваат од предизвици за имплементација на регулаторните стандардите на ЕУ во областа на осигурувањето.
Размената на искуства и мислења за тековни и актуелните реформски процеси во двете земји даде идеи и простор за зајакнување на соработката која двете страни ја оценија како успешна.
Мај- месец на финансиска писменост: Започнува едукативно-информативната кампања „Информиран потрошувач е заштитен потрошувач“
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) годинава како и секогаш досега во мај ќе го посвети на финансиската писменост со цел континуирано подигнување на свесноста за потребата од значењето на осигурувањето.

Под слоганот “Информиран потрошувач е заштитен потрошувач” овој месец ќе имаме бројни активности посветени на значењето на осигурувањето, објави на едукативни и информативни материјали, квизови и посети на воспитно-образовни институции.
Следете не секој ден на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“ за корисни совети како правилно да изберете осигурителен производ, да научите за ризиците и да знаете како да ги заштитите вашите права!
Воедно Ве покануваме да не контактирате и да организираме посета на образовната институција што ја претставувате со цел учениците да се запознаат со основите или да ги продлабочат нивните знаења за важноста на осигурувањето.
Седница одржана на 30 април
- Записник од 9-та седница на СнЕ на АСО одржана на 17 април, 2025 година,
- Барање за добивање согласност за Друштвото за ревизија ПЕЛАГОНИСКА РЕВИЗОРСКА КУЌА ДООЕЛ Прилеп, да врши ревизија на финансиските извештаи на Националната групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје за 2025 година и донесување на Решение.
Седница одржана на 17 април, 2025
- Записник од 8-та седница на СнЕ на АСО одржана на 10 април, 2025 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Триглав Осигурување АД, Скопје,
- Решение за издавање на согласност за друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје за 2025 година,
- Решение за издавање на согласност за друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје за 2025 година,
- Решение за издавање на согласност за друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ Скопје за 2025 година.
Билатерална работна средба АСО – АНО
Зајакнувањето и продлабочувањето на регионалната соработка меѓу регулаторите во осигурителната дејност е еден од врвните приоритети на раководството на Агенцијата за супервизија на осигурување. По тој повод на покана на Ели Дракуловска, претседател на Советот на АСО, денеска во Скопје на работна средба допатува претседателот на Советот на црногорската агенција за надзор на осигурувањето (АНО) г-дин Марко Ивановиќ, извршниот директор Бранко Барјактаровиќ, Марија Лаловиќ и Ивана Ѓуровиќ, стручни лица за регулатива, лиценцирање и правни работи.


Членовите на Советот на АСО Ели Дракуловска, Александра Дранговска и Горан Здравковски и претставници на стручните служби, на билатералната средба со колегите од Црна Гора одржана во просториите на АСО разговараа на актуелните теми и предизвици и приближувањето кон регулаторните стандардите на ЕУ во областа на осигурувањето. При тоа разменија искуства и мислења за актуелните тековни реформски процеси во двете земји и утврдија агенда за продлабочување на меѓусебната соработка која раководствата на АСО и на АНО ја оценија како плодна и успешна.
Претставниците на финансиските регулатори во земјава на панел дискусија со студенти по повод одбележување на „Глобалната недела на пари 2025“







Во рамки на иницијативата на Универзитетското студентско собрание, а по повод „Глобалната недела на пари 2025“ вчера во Скопје беше одржана панел дискусија со работен наслов „Како познавањето на финансиите ја обликува твојата иднина“.Соработка на АСО со австрискиот регулатор ФМА: Работна посета на Питер Браумилер за продлабочување на партнерството


Претседателот на Советот на експерти м-р Ели Дракуловска и членовите на советот м-р Александра Дранговска и м-р Горан Здравковски и дел од стручните служби во АСО на средбата разговараа за состојбата на македонскиот осигурителен пазар и разменија мислења со високиотЗапочнува „Глобална недела на парите“: Финансиските регулатори со бројни едукативни активности, со фокус на дигиталните предизвици врз финансиската писменост
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Народната банка (НБ), Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и во претстојниот период ќе спроведат бројни едукативно-афирмативни активности кои се со цел на подигнување на јавната свест за значењето на финансиската писменост. Со овие активности македонските финансиски регулатори активно ќе се приклучат во одбележувањето на „Глобалната недела на парите“ глобална акција за подигнување на свеста за потребата од финансиска едукација и финансиска инклузија.

Годинава на акцијата што традиционално 13 години по ред ја организираат финанските регулатори ќе се приклучат и асоцијации, компании и здруженија од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација.
Глобалната недела на парите традиционално се одбележува преку предавања за различни возрасни групи, објавување едукативни материјали од областа на финансиите на интернет-страниците, одржување работилници со физичко присуство или онлајн, објавување едукативни содржини на социјалните мрежи.
Темата на која е посветена годинешната Глобална недела на парите е: „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“ (Think before you follow, wise money tomorrow).
Темата се осврнува на сложеноста на современите дигитални финансиски трендови, појавата на лица што даваат совети за финансиските инвестиции (т.н. „финфлуенсери“) и зголемената употреба на вештачката интелигенција при утврдувањето на веродостојноста на финансиските информации и совети, особено за младите. Понатаму, и емоционалната пристрасност и однесувањето, особено менталитетот на толпата можат да поттикнат лоши финансиски одлуки под притисок на врсниците или под влијание на социјалните медиуми.
Во овој контекст, од огромно значење е младите да развијат добри вештини за управување со парите, да препознаваат емоционални поттикнувачи и да стекнат критички пристап кон изворите на информации. Зајакнувањето на финансиската писменост може да им помогне на младите подобро да се снаоѓаат на финансиските пазари, да се спротивстават и да препознаат пристрасни совети што води до попаметни финансиски одлуки. Оттаму, темата на овогодишната Глобална недела на парите ги поттикнува младите луѓе да бидат исклучително претпазливи при носењето финансиски одлуки и користењето на современите технологии во финансискиот сектор.
Во рамките на одбележувањето на Глобалната недела на парите регулаторите и партнерите од приватниот сектор ќе организираат повеќе предавања за учениците од основните и средните училишта, децата од предучилишна возраст и за студентите. Воедно, секој ден ќе се објавуваат едукативни содржини на социјалните мрежи.
Во меѓународни рамки, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот и со која се опфатени 60 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Повеќе информации за Глобалната недела на парите се достапни на врската: www.globalmoneyweek.org