Седница одржана на 30 јуни
- Записник од 16-та седница на СнЕ на АСО одржана на 27 јуни, 2025 година,
- Одлука за исплата на регрес за годишен одмор за 2025 година, на вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување.
Агенцијата за супервизија на осигурување информира дека Основниот суд Битола на рочиште одржано на 15 мај 2025 година донесе Решение за усвојување на предлогот за отворање стечајна постапка за СН Осигурителен брокер АД Битола со седиште на ул. „Димитар Илевски – Мурато“ бр.5 Битола.
Решението е достапно на следниот линк https://www.seinet.com.mk/document/73058
Агенцијата за супервизија на осигурување ја следи постапката и ги презема сите неопходни активности за заштита на интересите на осигурениците и осигурителниот пазар.
За понатамошни информации, јавноста ќе биде навремено известена.
На 28 мај, во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се одржа средба помеѓу директорот на средното училиште Васил Антевски- Дрен, Александар Канурков и претставници на АСО предводени од Советот на експерти, на тема “Зајакнување на финансиската писменост кај учениците”.

На средбата разговаравме за важноста на рана финансиска едукација како основа за градење на одговорни граѓани, свесни за своите потрошувачки и финансиски права и обврски. Двете страни ја изразија својата подготвеност за понатамошна соработка преку:
-организирање интерактивни работилници и предавања за ученици,
-вклучување на теми од областа на финансиска едукација во наставата,
-развој и споделување на едукативни материјали прилагодени за учениците,
-можности за заедничко одбележување на денови на финансиска писменост и сл.
Иницијативата претставува конкретен чекор кон унапредување на финансиската свест кај младите и поттикнување на нивната вклученост во теми кои се круцијални за нивната иднина.
Во рамки на кампањата “МАЈ – месецот на финансиска едукација за зајакнување на финансиската свест кај младите”, Агенцијата за супервизија на осигурување реализира уште една успешна интерактивна работилница со учениците од деветто одделение во ОУ Браќа Миладиновци, Општина Аеродром, Скопје.


Преку динамична сесија учениците имаа можност да се запознаат со основните поими од областа на финансиското планирање и зошто е важно да се планираат личните финансии, да научат како функционира осигурувањето и каква улога има во заштитата од ризици, Во текот на дружењето, учениците имаа можност активно да ги проверуваат своите знаења преку решавање на краток анонимен квиз. Квизот беше дизајниран на интерактивен начин, со цел да ја поттикне нивната ангажираност и интерес за дискусија и да поставуваат прашања во врска со осигурување и нивните права како потрошувачи.
Оваа активност е дел од континуираните напори на Агенцијата за супервизија на осигурување за унапредување на финансиската едукација кај младите и градење на информирани идни генерации.
Со цел унапредување на соработката и заедничко делување во интерес на заштита на осигурениците, на 23 мај во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување се одржа работна средба помеѓу претставници на АСО и ОПМ.


На средбата Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, м-р Ели Дракуловска и Претседателот на ОПМ, Д-р Маријана Лончар Велкова ги разгледаа тековните предизвици со кои се соочуваат осигурениците, можностите за подобрување на механизмите за информирање и едукација, како и начините за понатамошно зајакнување на транспарентноста и довербата во осигурителниот сектор.
Двете страни ја истакнаа важноста на континуираната комуникација и заедничките активности, особено во делот на едукација, подигнување на свеста и заштита на правата на потрошувачите како и подигнување на општествената одговорност кај чинителите на пазарот на осигурување.
Средбата заврши со заклучоци за натамошни чекори и иницијативи кои ќе придонесат кон градење поинклузивна заштита на осигурениците.
1. Записник од 11-та седница на СнЕ на АСО одржана на 13 мај, 2025 година,
2. Финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година ревидирани од овластен ревизор,
3. Барање за добивање согласност за индиректно стекнување на квалификувано учество во Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје од страна на СИГАЛ БИЗНИС ЦЕНТАР и донесување решение,
4. Барање за добивање согласност за индиректно стекнување на квалификувано учество во Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје од страна на СИГАЛ БИЗНИС ЦЕНТАР и донесување решение,
5. Решение за одлучување по Приговор против Наредба за отстранување на неусогласености бр. УП1 08-1-272 од 17.4.2025 година.