Записник од 28-та седница на СнЕ на АСО одржана на 11 ноември, 2024 година,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон УНИКА АД Скопје,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување САВА осигурување АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон САВА осигурување АД Скопје,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување Кроација осигурување АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Кроација осигурување АД Скопје,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Националната групација за осигурување АД Осигурителна Полиса,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Националната групација за осигурување АД Осигурителна Полиса,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Друштвото за животно осигурување ГРАВЕ АД Скопје и донесување на Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за животно осигурување ГРАВЕ АД Скопје,
Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување ГРАВЕ Неживот АД Скопје и донесување на Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување ГРАВЕ Неживот АД Скопје,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
Решение за за изрекување дополнителни мерки кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
Одлука кон Осигурително брокерско друштво МЕГА БРОКЕР АД Скопјe,
Одлука за изрекување супервизорска мерка кон Осигурително брокерско друштво СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон Осигурително брокерско друштво СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола,
Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Сава АД Скопје,
Информација за финансиската состојба, статистички и финансиски остварувања на друштвата за осигурување во периодот 1.1.-30.9.2024 година,
Извештај во однос на спроведен испит за десетиот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (2023-2025) – НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ,
Одлука за изрекување супервизорска мерка кон друштвото за осигурување ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон друштвото за осигурување ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
Деновите на финансиска писменост традиционално секоја година ги организираат сите регулаторни тела од областа на финансиите: Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Народната банка, Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Агенцијата за супервизија на капитално-финансирано пензиско осиурување (МАПАС).
АСО има централна улога во зајакнување на финансиската писменост, финансиската инклузија и заштитата на осигурениците. Овие три аспекти се клучни за развој на фер, транспарентен и стабилен осигурителен пазар. И преку нив целиме да постигнеме зголемување на довербата на граѓаните во осигурителниот сектор и за нивната финансиска сигурност.
За Вас почитувани читатели, граѓани, актуелни и потенцијални осигуреници по повод Деновите на финасиска писменост и оваа година подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето.
Осигурувањето не е трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто осигурувањето е важно.
Во текот на „Деновите на финансиска писменост“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно вашите потреби.
По иницијатива на АСО, во овој настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно друштвата за осигурување и осигуртелно-брокерските друштва.
И затоа секогаш вас, почитувани осигуреници, ве потсетуваме едуцирајте се! Ние сме тука за вас, а на нашата веб платформа www.edukacija.aso.mk секогаш има корисни и јавно достапни содржини кои ќе ги продлабочат вашите знаења за тоа какво осигурување ви е потребно и што е неопходно да знаете пред да купите осигурителна услуга.
Воедно ние како регулатор на осигурителниот пазар, кој се грижи за заштита на вашите права, преку едукација секогаш сме тука за вашите прашања во врска осигурувањето на мејл адресата contact@aso.mk
Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Не заборавајте да не следите на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“
Записник од 27-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 октомври, 2024 година,
План на архивските знаци за распоредување на актите за 2025 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
Листа на документарен материјач со рокови на чување за 2025 година , на Агенцијата за супервизија на осигурување,
Листа на архивска граѓа од трајна вредност за 2025 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
Извештај за поднесени претставки до Агенцијата за супервизија на осигурување од страна на осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица,
Барање за добивање согласност Друштвото за ревизија МАЗАРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје за 2024 година и донесување на решение,
Барање за давање согласност за член на орган на управување во КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – ЖИВОТ АД Скопје на лицето Бобан Томеси и донесување на решение,
Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Катерина Андовска,
Разгледување и донесување на Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
Решение за изрекување дополнителни мерки кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Триглав Осигурување Живот АД Скопје,
Одлука за изрекување мерки на супервизија кон ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА и Решение за изрекување дополнителни мерки кон АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола,
Извештај за 2024 година за проценка на ризик на субјектите за спречување на перење пари и ФТ,
Информација за потреба од изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување во делот на услови кои се однесуваат на вршење на функцијата член на орган на управување во друштво за осигурување и внатрешен ревизор,
Информација во врска со новите барања за водење на сметководство и финансиско известување на друштвата за осигурување во Македонија,
Барање за добивање согласност Друштвото за ревизија МАЗАРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Триглав Осигурување АД, Скопје за 2024 и донесување решение.
Во конкуренција на пет труда стручната комисија го награди истражувачкиот труд на Кристијан Кожески, асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Трудот разбработува важни сегменти за влијанијата што врз цените на полисите за осигурување имот ги имаат БДП, долгорочните кредити, цените на недвижностите и бројот на издадени дозволи за градење. Оваа награда во вредност од 80.000 денари АСО ја доделува традиционално 14 години по ред, по повод денот на осигурувањето – 1 ноември на кој годинава АСО одбележува и јубилеј 15 години од основањето
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Во конкуренција на пет труда од областа на управување со ризици и осигурување стручната комисија годинава наградата ја додели на Кристијан Кожески асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Плакетата за најдобар истражувачки труд на Кожески му ја додели д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти при АСО. За авторот на прворангираниот труд АСО додели награда од 80.000 денари. Оваа награда за стимулација на работата на млади научници истражувачи од областа на управување со ризици во осигурувањето годинава се доделува по 14 пат.
Во своето истражување Кожески утврдува дека макроекономските и финансиските фактори играат значајна улога во одредувањето на премиите за осигурување на имот во Македонија. При тоа трудот насловен „Комплексната интеракција на макроекономските и финансиските детерминанти со премиите за осигурување на имот во Македонија: Динамична краткорочна и долгорочна анализа“ разработува како економскиот раст, цените на недвижнините и дозволите за градба имаат позитивен и значаен ефект, додека долгорочните кредити имаат неочекувано негативно влијание. Авторот исто така укажува на тоа дека овие наоди имаат важни импликации за осигурителните компании и креаторите на економски политики.
Целта на конкурсот што традиционално се распишува е за да послужи како стимулација за развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри.
Под мотото „Солидарноста живот спасува“ крводарители од АСО и од десет осигурителни компании органзираа акција која медицинските лица и претставниците на Црвениот крст ја оценија како многу успешна и една од најмасовните на територија на Град Скопје
Над 60 единици крв даруваа вработени во АСО и во осигурителните компании во крводарителската акција што по повод Денот на осигурувањето – 1ноември, за прв пат ја организираше Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Медицинскиот персонал на Институт за трасфузиона медицина и на претставниците на Црвениот крст кои ја спроведоа оваа акција ја оценија како исклучително успешна и воедно потенцираа дека е една од најмасовните на територијата на Град Скопје.
Иницијативата на вработените во АСО за дарување крв ја поддржаа и крводарители од осигурителните компании и во неа земаа учество крводарители вработени во „Македонија осигурување ВИГ“, „Еуролинк“, „Кроација осигурување – неживот“, „Сава осигурување“, „Евроинс осигурување“, „Кроација осигурување – живот“, „Винер Лајф“, „Прва живот“, „Граве“ и „Триглав осигурување – живот“.
Меѓу крводарителите на акција што се одржа вчера во просториите на АСО беа и Крсте Шајноски, претседателот и Злате Симоновски член на Советот на експерти при АСО. Шајноски се заблагодари на сите крводарители за масовниот одзив и истакна дека мотив за оваа акција на АСО бил принципот на солидарност кој е постулат и водилка на осигурителната дејност. И токму неговото значење го докажале преку масовното дарување крв по повод денот на осигурувањето – 1ноември.
Во рамки на своите активности по повод Денот на осигурувањето, покрај крводарителската акција, годинава АСО огранизираше едукативни средби со ученици и граѓани, а традиционално додели и награда за најдобар научно-истражувачки труд од областа на ризиците и осигурувањето.
Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. И оваа година добивме голем број интересни литературни и ликовни трудови.
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 1 до 5 одделение, во категорија ликовна творба- цртеж, на тема „Осигурувањето ме заштитува од ризици”, наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИКОВНИ ТВОРБИ – ЦРТЕЖ, СЕ НАГРАДЕНИ:
Лана Лазаревска, III одделение, ООУ „11 Октомври„ – Куманово
Ајана Камбери, III одделение, ООУ „Наим Фрашери„ – Тетово
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИКОВНИ ТВОРБИ – ДИГИТАЛЕН ЦРТЕЖ, Е НАГРАДЕНА:
Дафина Игњатовиќ, IVa одделение, ООУ „Кирo Глигоров„ – Скопје,
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 6 до 9 одделение, во категорија литературна творба-песна, на тема “Осигурувањето е моја инвестиција за сигурна иднина“
наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ПЕСНА, СЕ НАГРАДЕНИ:
Ахил Ѓороски, VIII-a одделение, ОУ „Гоце Делчев„ – Скопје
Стефан Митревски IX-4 одделение, ООУ „Св.Климент Охридски“ – Битола
На Конкурсот за ученици од средно образование,, во категорија литературна творба-расказ/есеј, на тема “Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е моја финансиска сигурност “, наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ЕСЕЈ/РАСКАЗ, СЕ НАГРАДЕНИ:
Василка Карталова, IV-1 година, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ – Велес
Бојан Димовски , IV година, СУГС ,,Георги Димитров„ – Карпош, Скопје
Сара Јованова, III година СЕПУГС ,, Васил Антевски – Дрен – “ Кисела Вода, Скопје
Записник од 26-та седница на СнЕ на АСО одржана на 21 октомври, 2024 година,
Измена на планот за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година,
Барање за добивање согласност за стекнување квалификувано учество во ТРЕНД МР од страна на лицето Борис Алексовски и донесување решение,
Барање за добивање согласност за измена на седиште на друштвото за осигурување ЗОИЛ АД Битола и донесување решение,
Барање за добивање согласност за измена на статут на друштвото за осигурување ЗОИЛ АД Битола и донесување решение,
Барање за добивање согласност лицето Климе Попоски да ја врши функцијата член на орган на управување во МАКЕДОНИЈА ОСИГУРУВАЊЕ и донесување решение,
Извештај на Комисијата за оценката на пристигнатите литературни и ликовни творби на Конкурсот за ученици од основното и средното образование, по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември, 2024 година,
Извештај на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2024 година,
Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Вања Крстевска,
Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Драгица Стаменковиќ,
Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Емилија Врбоска,
Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Анастасија Анѓелковиќ
Записник од 25-та седница на СнЕ на АСО одржана на 15 октомври, 2024 година;
Барање за добивање согласност лицето Горан Арсов да стекне квалификувано учество во осигуритечно брокерското друштво ЕНСА БРОКЕР АС Скопје и донесување на решение;
Барање за добивање согласност правното лице ЕМ ВИ ФАЈНЕНС ООД од Бугарија да стекне квалификувано учество во осигуритечно брокерското друштво ЕНСА БРОКЕР АС Скопје и донесување на решение.
Записник од 24-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 септември, 2024 година,
Барање за добивање согласност за вршење на функција член на орган на управување на АД за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје, на лицето Елизабета Божиновска и донесување на Решение,
Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2024 година, заклучно со 30.09.2024 година.