Седница одржана на 30 септември
- Записник од 23-та седница на СнЕ на АСО одржана на 11 септември, 2024 година;
- Барање за добивање согласност за вршење на функција член на орган на управување на САВА осигурување а.д. Скопје за лицето Мелита Гугуловска и донесување решение,
- Барање за добивање согласност Друштвото за внатрешен и надворешен промет АУТОМАКЕДОНИЈА АД Скопје да стекне квалификувано учество во Осигурително брокерскотo друштво АМ БРОКЕР АД Скопје и донесување решение.
Работна посета на хрватска HANFA за искуствата при примената на МСФИ 17
Во периодот 16 – 17 септември 2024 година вработени во стручните служби на Агенцијата беа во работно-едукативна посета на надлежниот осигурителен супервизорски орган на Р.Хрватска – HANFA. Во рамките на воспоставената долгогодишна плодна соработка на нашите две институции, целтта на конкретната посета, реализирана на наше барање, е стекнување на практични знаења, совети, и искуства, околу надлежностите и улогата на осигурителниот супервизорски орган во контролата на примената на барањата на меѓународниот стандард за финансиско известување за договори за осигурување, МСФИ 17.

Работна посета на словеченки AZN за примена на МСФИ-17
Во периодот 17 – 18 октомври 2024 година вработени во стручните служби на Агенцијата беа во работно-едукативна посета на надлежниот осигурителен супервизорски орган на Р.Словенија – AZN. Во рамките на воспоставената долгогодишна плодна соработка на нашите две институции, целтта на конкретната посета реализирана на наше барање, е стекнување на практични знаења, совети, и искуства, околу надлежностите и улогата на осигурителниот супервизорски орган во контролата на примената на барањата на меѓународниот стандард за финансиско известување за договори за осигурување, МСФИ 17.

Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство
Вложувањата на граѓаните во патничко осигурување за патување во странство во јуни, јули и август достигнале 2 милиони евра, што е за 6% повеќе од истиот период лани. Истовремено износот на исплати за штети покриени со патничко осигурување, за овој период, е зголемен за 89% и достигнал 560.000 евра
Над 220.000 граѓани купиле патничко осигурување во летните месеци (јуни, јули и август), а најголем дел од нив го користеле за годишен одмор во странство. Вкупниот број на издадени осигурувања за патување во странство во овие три месеци изнесува 220.860, а во нив осигурениците вложиле 125,65 милиони денари (2 милиони евра).
Вкупните вложувања во патничко осигурување во летниот период годинава се за 6 отсто повисоки од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци кои сите осигурителни компании ги доставуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО).
Вредно за истакнување е тоа што во овој период граѓани кои имаат патничко осигурување од компаниите за осигурување наплатиле 34,46 милиони денари (560.000 евра). Со тие пари осигурителните компании им надоместувале медицински трошоци настанати за време на престојот во странство, изгубен багаж или некој друг од ризиците што го покрива патничкото осигурување.
Годинава во трите летни месеци (јуни, јули и август) осигурениците наплатиле 89 отсто повеќе средства за покривање штети настанати при патување во странство, во споредба со истиот период лани кога осигурителните компании исплатиле 18,23 милиони денари (296.000 евра).
Сите 11 осигурителни компании за трите летни месеци исплатиле штети покриени со патничко осигурување на повеќе од 35.300 граѓани кои патувале во странство. Бројот на исплатени штети во месеците јуни, јули и август годинава е за 14,5 отсто повисок од бројот на штети во истиот период 2023 година.
Што се однесува на продажбата на месечно ниво од податоците е евидентно дека најголема била побарувачката за патничко осигурување во јули. Тој месец граѓаните вложиле 44,79 милиони денари (над 728.000 евра) за да купат патничко осигурување.
Соодветно на тоа во јули најголем е и бројот и износот на исплатени штети. Така во јули 14.460 осигуреници наплатиле 14,9 милиони денари (над 242.000 евра).
Седница одржна на 11 септември
- Записник од 22-та седница на СнЕ на АСО одржана на 27 август, 2024 година;
- Барање за давање согласност Друштвото за ревизиски, консалтинг и даночни услуги ДИЛОИТ ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на друштвото за осигурување САВА осигурување а.д Скопје за 2024 година и донесување на решение.
Седница одржана на 27 август
- Записник од 21-та седница на СнЕ на АСО одржана на 14 август, 2024 година;
- Извештај за постапување по претставки, 1к, 2024,
- Извештај за постапување по претставки, 2к, 2024,
- План за вработување на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година,
- Извештај на Комисијата за спроведување на стручниот испит за актуари по однос на предметот АКТУАРСКА МАТЕМАТИКА 2,
- Извештај на Комисијата за спроведување на стручниот испит за актуари по однос на предметот ИНВЕСТИЦИИ И УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВА,
- Извештај на Комисијата за спроведување на стручниот испит за актуари по однос на предметот ОСИГУРУВАЊЕ НА ЖИВОТ,
- Разгледување и донесување на Решение за одземање на лиценца за застапник на лицето Сања Камберска Пејовиќ,
- Разгледување на Информација за финансиската состојба, статистички и финансиски остварувања на друштвата за осигурување во периодот 1.1.-30.6.2024 година.
Во јули постигнат нов рекорд! Осигуреници за еден месец вложиле 21 милион евра во неживотни осигурувања
Од доброволните осигурувања најпродавано останува да биде осигурувањето имот со вложувања од 3 милиони евра за еден месец пред каско осигурувањето со 2 милиони евра и здравственото осигурување со 1,7 милиони евра. Јули е рекорден според продажба на неживотно осигурување пред се затоа што значајно расте продажбата за задолжителното автомобилско осигурување, а тоа е резултат на регистрирани над 85.000 возила за само еден месец

Вложувањата на граѓани, институции и компании во неживотни осигурувања во јули достигнаа 1,29 милијарди денари (21 мил.евра). Ова претставува рекордно односно највисоко месечно ниво на вложување во осигурителни производи во првите седум месеци годинава, покажуваат официјалните месечни податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите 11 осигурителни компании кои продаваат неживотни осигурувања.
Досега месеци со највисоки вложувања во осигурувањето, според официјалните податоци, беа јануари и јуни со по 1,22 милијарди денари (19,8 мил.евра). Побарувачката за осигурување во јули е за 13 отсто повисока од продажбата на осигурување неживот во јануари и во јуни.
Од сите класи на доброволни осигурувања, очекувано, најмногу пари се вложени во осигурување имот. Граѓани, фирми и институции склучиле над 14.000 договори во кои вложиле 184 милиони денари (3 милиони евра).
На второ и трето место според продажбата на доброволни осигурувања во јули беа каско осигурувањето за моторни возила и приватното (дополнително) здравствено осигурување. Во осигурување на штети врз своите возила (каско) осигурениците во јули вложија 126,3 милиони денари (2,05 мил.евра). Тоа е раст од 9 отсто во однос на јуни годинава.
Од продажбата на приватно здравствено осигурување компаниите акумулирале 105,5 милиони денари (1,7 мил.евра). Продажбата на овој производ во јули е за нијанса помал во однос на продажбата во јуни годинава.
Вредно за истакнување е дека во ек на сезоната на летни одмори продажбата на патничко осигурување достигна ниво од 44,8 милиони денари (728.000 евра). Тоа е 16 отсто повеќе во однос на претходниот месец односно јуни. Раст на продажбата на патнично осигурување од 6 отсто има и во однос на јули лани.
Во најголемата осигурителна класа осигурувањето од автомобилска одговорност, која е воедно и задолжителна со закон со цени регулирани од државата, има најголем раст на продажбата. Во јули компаниите од продажба на полиси (задолжително осигурување кое се купува при регистрации, зелена карта при возење во странство и гранично осигурување за странци кои возат низ Македонија н.з.) инкасирале 693,4 милиони денари (11,3 мил.евра). Во споредба со истиот месец лани во јули годинава продажбата е зголемена за над 60 милиони денари (1 мил.евра).
Продажбата на зелена карта (осигурување за возење во странство) во јули надминала 3 милиони евра и е за 8 отсто повисока од истиот месец лани.
Клучен генератор на растот на продажбата е осигурувањето за возење во земјава (ЗАО -задолжителното осигурување од автомобилска одговорност кое се продава при регистрација на возилта н.з.).
Продажбата на ова осигурување (чија цена е регулирана од Владата) во јули изнесува 473 милиони денари (7,7 мил.евра) и тоа е за 11,3 отсто повеќе од јули лани. Со оглед на тоа дека не се променети цените на ЗАО растот на приходите од продажба е генериран од зголемениот број на регистрирани возила во Македонија.
Во јули годинава, според податоци на Националнот биро за осигурување (НБО) се регистрирани над 85.000 возила. Тоа е за 12 отсто повеќе регистрирани возила во јули годинава во споредба со јули 2023 година.
Повеќе детали за работата на осигурителните друштва во јули се достапни на следниот линк https://aso.mk/mesechni-podatoczi-za-osiguruvanje-juli-2024-godina/
Седница одржана на 14 август
- Записник од 20-та седница на СнЕ на АСО одржана на 5 август, 2024 година;
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Триглав Осигурување АД, Скопје,
- Информација за ревизорските извештаи за 2023 година на ОБД и ДЗО,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на АД за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Информација во врска со спроведената делумна теренска супервизија за работењето на Друштво за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје, во поглед на спроведувањето на мерките и дејствијата определени со Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам,
- Извештај од 24-тите спортски средби во Охрид кои се одржаа во периодот од 9 – 12 мај, 2024 година.
Седница одржана на 5 август
- Записник од 19-та седница на СнЕ на АСО одржана на 22 јули, 2024 година;
- Барање за основање на осигурително брокерско друштво и донесување на Решение за издавање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво ИУТЕ САФЕ АД Скопје.