НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 2023 ГОДИНА
НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА 2023 ГОДИНА
[dflip id=”24666″][/dflip]
Седница одржана на 24 октомври
- Записник од 30-та седница на СнЕ на АСО одржана на 6 октомври, 2023 година;
- Извештај од интерна проверка,
- Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година, заклучно со 30.09.2023 година,
- Извештајoт од Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2023 година,
- Извештајoт од Комисијата за избор на најдобра ликовна творба – цртеж и најдобра литературна творба-песна за учениците од основното образование и најдобра литературна творба –расказ/есеј, за учениците од средното образование,
- Решение за давање согласнот за измена на седиште на КРОАЦИJА ОСИГУРУВАЊЕ АД-Друштво за осигурување живот, Скопје,
- Решение за давање согласнот за измена на Статут на КРОАЦИJА ОСИГУРУВАЊЕ АД-Друштво за осигурување живот,
- Решение за давање согласнот за измена на Статутот на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД-Друштво за неживотно осигурување Скопје,
- Решение за давање согласнот за измена на седиште на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД-Друштво за неживотно осигурување Скопје,
- Барање за добивање на дозвола за воведување на класата 21 – Осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови од групата на животно осигурување, во работењето на Друштвото за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје и донесување на решение, и
- Барање за добивање согласност за измена на Статутот на Друштвото за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје и донесување на решение.
Седница одржана на 6 октомври
1. Записник од 29-та седница на СнЕ на АСО одржана на 5 октомври, 2023 година;
2. Барање за добивање дозвола за вршење работи на осигурување на Акционерското друштво за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА АД Битола и донесување решение.
Седница одржана на 5 октомври
1. Записник од 28-та седница на СнЕ на АСО одржана на 27 септември, 2023 година;
2. Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во ХАЛК осигурување АД Скопје за лицето Игор Доневски и донесување на решение за давање согласност;
3. Одлука во однос на сторен прекршок од страна на Осигурително брокерското друштво СМАРТ МАНИ СОЛУШНС АД Скопје;
4. Измена на годишен план за теренска супервизија за 2023 година;
5. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимални барања за прием, обработка, резервација и исплата на барање за надомест на штета и/или осигурен износ во функција на подобра заштита на правата на осигурениците и
6. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на АСО за 2023 година.
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
Меморандумот за соработка со Сојузот на математичари на Македонија ја заокружи досегашната успешна соработка во која АСО преку обука даде поддршка на младите средношколции, одлични математичари, кои освоија бронзен медал на Меѓународната економска олимпијада што се одржа во соседна Грција
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе дава континуирана поддршка со обуки за финансиска едукација на младите математичари – средношколци. Воедно АСО, во рамки на своите надлежности и можности, активно ќе ги поддржува средношколците математичари на национални и меѓународни натпревари и олипијади.
За реализација на тој процес АСО и Сојузот на математичари на Македонија (СММ) склучија Меморандум за соработка кој го потпишаа Крсте Шајноски, претседател на Советна експерти на АСО и Ѓорги Маркоски, претседател на СММ. Сојузот на математичари е стручно здружение кое ги организира подготовките на нашите претставници за секоја економска олимпија за средношколци – математичари.
АСО во ко-организација со СММ ќе организира обуки за зајакнување финансиската едукација на средношколците. Меморандумот опфаќа бројни заеднички активности за поддршка на младите математичари со особена акцент на нивната финансиска едукација и подоброто корисење на финансиските производи и услуги.
Со овој меморандум се продлабочува и зајакнува соработката меѓу АСО и СММ која започна во првата половина на годинава. Тогаш стручни лица од АСО оддржаа обука за нашите средношколци математичари и економисти имаа голем успех на кои на балканската олимпијада во соседна Грција.
Имено во јуни годинава на Меѓународната економска олимпијада за прв пат нашите претставници се закитија со бронзен медал кој покрај индивидуалните резултати покрива и тимски настап во изработка на бизнис студија.
Преку овој проект АСО ја зајакнува и својата соработка со Природно-математичкиот факултет при УКИМ, кој е матична организација на математичарите од СММ.