Австриската Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG доби согласност за стекнување на квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на последната седница оддржана на 27 февруари, постапувајќи по барањето на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија за добивање согласност за стекнување на квалификувано учество во Акционерско друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје, донесе Решение за издавање согласност за стекнување на квалификувано учество во друштво за осигурување.
Според оваа Решение, кое влегува во сила во денот на донесување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG со седиште на ул. Herrengаsse бр.18-20, 8010 Грац, Република Австрија и се дава согласност да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје.
Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 5 (пет) работни дена од денот на стекнувањето на акциите.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.3.2020 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и местото, точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување (aso.mk) пред отпочнување на обуката односно испитот.
Сите заинтересирани лица, најдоцна до 6.3.2020 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапник со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за застапник) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса:ул. Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):
- Пополнет образец – Пријава за учество на обука за застапник/Барање за полагање на стручен испит за застапник (достапен на интернет-страницата на Агенцијата или во архивата на Агенцијата);
- Копија од лична карта;
- Уверение односно Диплома за завршено средно образование или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
- Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за застапник во осигурување.
Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, потребно е кон барањето лицето да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.
Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за застапник е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016, 16/2017 и “Службен весник на Република Северна Македонија” 23/2020) и истиот изнесува 7.000 денари.
Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
| ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: | обука и испит за застапник за (име и презиме) |
| НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: | Агенција за супервизија на осигурување |
| БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | Стопанска банка АД -Скопје
|
| СМЕТКА: | 200002007041251 или |
| БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | НЛБ Банка АД – Скопје |
| СМЕТКА: | 210065288480132 |
Со обуката за застапник се опфатени 6 (шест) подрачја – модули и тоа:
- Основи на управување со ризик и осигурување;
- Законска регулатива од областа на осигурување;
- Трговско и облигационо право;
- Застапување во осигурување и етички кодекс;
- Осигурување на живот;и
- Неживотно осигурување.
Деталната содржина на секој од модулите од обуката за застапник е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за застапник во осигурување која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за застапник детално се пропишани со Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.47/2019 и 35/2020).
Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за застапник ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за застапник.
Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.
НАПОМЕНА:
Поради ограничените капацитети за спроведување на стручниот испит, бројот на кандидатите за учество на обуката односно испитот е ограничен, па пријавувањето ќе се врши согласно принципот прв дојден-прв услужен.
Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по пополнувањето на максималниот можен број на кандидати како и пријавите/барањата кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.
Пријава за застапник – македонски
Пријава за застапник – двојазична
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.3.2020 и 4.4.2020 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на бул.“Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и местото, точните термини и деталниот распоред за одржување на стручниот испит за брокер, ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување (aso.mk) пред отпочнување на обуката односно испитот.
Сите заинтересирани лица, најдоцна до 6.3.2020 година, може да се пријават за учество на обуката и полагање на стручниот испит за брокер со поднесување на следните документи (со назнака: Пријава за обука/Барање за полагање на испит за брокер) до Агенцијата за супервизија на осигурување (адреса: ул.Македонија бб – Палата Лазар Поп Трајков, V кат, Скопје):
- Пополнет образец – Пријава за учество на обука за брокер/Барање за полагање на стручен испит за брокер (достапен на интернет-страницата на Агенцијата, или во архивата на Агенцијата);
- Копија од лична карта;
- Уверение односно Диплома за завршено четиригодишно средно образование (IV степен) или повисок степен на образование, во оригинал или заверено од овластено лице – нотар; и
- Доказ за уплатен надоместок за учество на обука и за полагање на стручниот испит за брокер.
Доколку личното име и презиме на некој од документите наведени погоре не е идентично со оние наведени во Пријавата/Барањето, кандидатот е должен да приложи и извод од матична книга на венчани односно решение за промена на личното име односно презиме.
Надоместокот за учество на обуката и за полагање на стручниот испит за брокер е утврден во Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата (“Службен весник на Република Македонија” бр.147/2009, 149/2009, 154/2009, 20/2012, 130/2013, 1/2015, 22/2016, 16/2017 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр.23/2020) и истиот изнесува 14.000 денари.
Доказот за уплатен надоместок треба да ги содржи следните податоци:
| ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: | обука и испит за брокер за (име и презиме) |
| НАЗИВ НА ПРИМАЧОТ: | Агенција за супервизија на осигурување |
| БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | Стопанска банка АД – Скопје |
| СМЕТКА: | 200002007041251 |
| БАНКА НА ПРИМАЧОТ: | НЛБ Банка АД – Скопје |
| СМЕТКА: | 210065288480132 |
Со обуката за брокер се опфатени 9 (девет) подрачја – модули и тоа:
- Основи на управување со ризик и осигурување;
- Законска регулатива од областа на осигурување;
- Трговско и облигационо право;
- Посредување во осигурување и етички кодекс;
- Осигурување на живот;
- Неживотно осигурување;
- Финансиски аспекти на работењето;
- Снимање на ризик и посредување при реализирање на штети; и
- Реосигурување.
Деталната содржина на секој од модулите од обуката за брокер е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за брокер која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за брокер детално се пропишани со Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.47/2019 и 35/2020).
Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за брокер ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за брокер.
Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.
НАПОМЕНА:
Поради ограничените капацитети за спроведување на стручниот испит, бројот на кандидатите за учество на обуката односно испитот е ограничен, па пријавувањето ќе се врши согласно принципот прв дојден-прв услужен.
Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит кои ќе бидат доставени по пополнувањето на максималниот можен број на кандидати како и пријавите/барањата кои ќе бидат доставени по истек на рокот за доставување на истите, нема да бидат земени предвид.
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување во рамки на своите проектни активности за финансиска едукација и финансиска инклузија во 2020 година преку поблиска соработка со Македонската банкарска асоцијација даде поддршка на европскиот квиз на пари. Квизот е проект на Европската банкарска федерација и е фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15 години
Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале се подготвени од сите институции кои се поддржувачи на квизот и се достапни на веб-страниците: mba.mk и efb.eu.
Европскиот квиз на пари е на следниот линк
Материјалите од областа осигурување се објавени на следниот линк
С О О П Ш Т Е Н И Е во врска со обврската на друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, застапниците во осигурување, осигурителните брокери и актуари
Во врска со обврската на друштвата за осигурување за усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018), Агенцијата за супервизија на осигурување известува за следното:
Согласно членот 66 од Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018), друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, застапниците во осигурување, осигурителните брокери и актуари беа должни да се усогласат со одредбите од овој закон во рок од 12 месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон односно најдоцна до 7.11.2019 година.
Согласно горенаведената законска одредба, друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, застапниците во осигурување, осигурителните брокери и актуари беа должни да се усогласат со следните одредби од Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Македонија” бр.27/2002, 79/2007, 88/2008, 67/2010, 44/2011, 188/2013, 112/2014, 153/2015, 192/2015, 23/2016, 83/2018 и 198/2018 во натамошниот текст: Законот):
- Друштвата за осигурување да ги усогласат:
- Акционерите – иматели на квалификувано учество во друштвото со одредбите од членот 14 од Законот;
- Органот на управување со одредбите од членот 23 од Законот;
- Надзорниот орган со одредбите од членот 28 од Законот.
- Друштвата за застапување во осигурување да ги усогласат усогласат акционерите – иматели на квалификувано учество во друштвото со членот 134-г а во врска со членот 14 од Законот.
- Осигурително брокерските друштва да ги усогласат акционерите – иматели на квалификувано учество во друштвото со одредбите од членот 146 а во врска со членот 14 од Законот.
- Банките кои имаат согласност за вршење работи на застапување во осигурување со одредбите од членот 134-г а во врска со членот 14 од законот.
- Лицата кои имаат лиценца за застапник во осигурување да се усогласат со одредбите од членот 134-в од Законот.
- Лицата кои имаат лиценца за осигурителен брокер да се усогласат со одредбите од членот 138 од Законот.
- Лицата кои имаат дозвола за работа како овластен актуар да се усогласат со одредбите од членот 112 од Законот.
И покрај тоа што Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување е објавен во “Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018, со цел навремено информирање на друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурително брокерските друштва, овластените актуари, застапници во осигурување и осигурителните брокери со нивната обврска за усогласување, Агенцијата за супервизија на осигурување на ден 31.5.2019 година до сите субјекти – правни лица испрати Известување со кое ги запозна уште еднаш со нивната обврска за усогласување. Истовремено, истиот ден, Агенцијата на својата веб страница објави и Соопштение за усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (“Службен весник на Република Мaкедонија” бр. 198/2018).
Заклучно со истек на рокот предвиден за усогласување – 7.11.2019 година, дел од субјектите кои имаа обврска да се усогласат, ова не го направија, или до Агенцијата доставија некомплетна документација за докажување на исполнувањето на предвидените законски услови.
Со цел излегување во пресрет на субјектите кои не биле информирани за нивната обврска за усогласување или кои од какви било други причини до Агенцијата не доставиле документација за усогласување во предвидениот рок, Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување одлучи да овозможи дополнителен период за усогласување на овие субјекти.
Согласно одлука на Советот на експерти, периодот за усогласување на сите субјекти се продолжува заклучно до 28.2.2020 година во рамки на кој период сите субјекти до Агенцијата се должни да ги достават бараните документи (целосно комплетирани), наведени во Прилог 1 од ова Известување.
Напоменуваме и апелираме до субјектите сериозно да ја разберат нивната обврска за усогласување со законот со оглед дека доколку истите не се усогласат (најдоцна до 28.2.2020 година), Агенцијата за супервизија на осигурување ќе постапи согласно своите законски надлежности односно ќе ја одземе дозволата за вршење работи на осигурување, осигурително брокерски работи односно работи на застапување во осигурување односно лиценцата за застапник во осигурување односно осигурителен брокер.
Сите документи за усогласување кои ќе пристигнат после 28.2.2020 година како и документите кои ќе пристигнат во Агенцијата нецелосни (некомплетни) – нема да бидат земени во предвид.
За било какви пршања поврзани со постапката и потребната документација за усогласување, можете да ја контактирате Агенцијата за супервизија на осигурување – Стручна служба за регулатива и лиценцирање преку телефонскиот број: 02 3254 050 (централа).
Со почит,
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Претседател, на Советот на експерти,
Крсте Шајноски
ПРИЛОГ 1
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ДРУШТВАТА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Во однос на акционерите – иматели на квалификувано учество (правни лица):
- Потврда од Централен регистар односно друг јавен регистар дека против правното лице нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење дејност во областа на осигурувањето и финансиите;
- Потврда од Централен регистар односно друг јавен регистар дека на правното лице не му е изречена споредна казна и тоа забрана за добивање дозвола за основање и работа на друштво за осигурување, одземање на дозвола за основање и работа на друштво за осигурување, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење на работи на осигурување.
Во однос на акционерите – иматели на квалификувано учество (физички лица):
- Потврда од Централен регистар или друг јавен регистар дека против лицето нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, во областа на осигурувањето и финансиите;
- Потврда од казнена евиденција на надлежен суд дека лицето не е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, сè додека траат правните последици од пресудата, за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
- Изјава на лицеТО, дека во последните три години не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице во кое била воведена посебна управа или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка.
Во однос на членовите на органот на управување на друштвото (членови на Управен одбор и Извршни членови на Одбор на директори) и членовите на надзорниот орган:
- Потврда од Централен регистар или друг јавен регистар дека против лицето нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, во областа на осигурувањето и финансиите;
- Потврда од надлежен суд дека лицето не е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци за кривични дела против имотот, кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривични дела против службената должност, како и кривични дела фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик, се додека траат правните последици на пресудата;
- Изјава на лицето дека не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице во кое била воведена посебна управа или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка.
- ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ДРУШТВАТА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ, ОСИГУРИТЕЛНО БРОКЕРСКИТЕ ДРУШТВА И БАНКИ КОИ ВРШАТ РАБОТИ НА ЗАСТАПУВАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
Во однос на акционерите – иматели на квалификувано учество (правни лица):
- Потврда од Централен регистар односно друг јавен регистар дека против правното лице нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење дејност во областа на осигурувањето и финансиите;
- Потврда од Централен регистар односно друг јавен регистар дека на правното лице не му е изречена споредна казна и тоа забрана за добивање дозвола за основање и работа на друштво за осигурување, одземање на дозвола за основање и работа на друштво за осигурување, забрана за основање на нови правни лица и привремена или трајна забрана за вршење на работи на осигурување.
Во однос на акционерите – иматели на квалификувано учество (физички лица):
- Потврда од Централен регистар или друг јавен регистар дека против лицето нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, во областа на осигурувањето и финансиите;
- Потврда од казнена евиденција на надлежен суд дека лицето не е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, сè додека траат правните последици од пресудата, за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
- Изјава на физичкото лице, дека во последните три години не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице во кое била воведена посебна управа или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка.
III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАСТАПНИЦИТЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ, ОСИГУРИТЕЛНИТЕ БРОКЕРИ И АКТУАРИ – ФИЗИЧКИ ЛИЦА
- Потврда од Централен регистар или друг јавен регистар дека против лицето нема изречена прекршочна санкција или казна забрана за вршење професија, дејност или должност, во областа на осигурувањето и финансиите;
- Потврда од казнена евиденција на надлежен суд дека лицето не е осудено со правосилна судска пресуда на безусловна казна затвор над шест месеци, сè додека траат правните последици од пресудата, за кривичните дела против имотот, кривичните дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, кривичните дела против службената должност, како и кривичните дела фалсификување исправа, посебни случаи на фалсификување исправи, компјутерски фалсификат, употреба на исправа со невистинита содржина и надриписарство од Кривичниот законик;
- Изјава на физичкото лице, дека во последните три години не извршувало функција на лице со посебни права и одговорности во друштво за осигурување или друго правно лице во кое била воведена посебна управа или над кое е отворена стечајна или ликвидациона постапка.
- I ФОРМА И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТАЦИЈАТА
Друштвата за осигурување, друштвата за застапување во осигурување и осигурително брокерските друштва, лицата кои имаат лиценца за застапник во осигурување и осигурителен брокер и лицата кои имаат дозвола за овластен актуар се должни документацијата предвидена за усогласување со Законот да ја достават до Агенцијата за супервизија на осигурување во хартиена форма со назнака УСОГЛАСУВАЊЕ СО ЗАКОНОТ.
Сите потврди се доставуваат во оригинал или копија заверена кај овластено лице (нотар). Изјавата треба да биде нотарски заверена.
Во однос на странски правни лица, покрај потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија се доставува и Потврда од надлежен регистар односно надлежен орган од државата каде е регистрирано седиштето на правното лице. Во однос на странски физички лица, покрај потврда од Централен регистар на Република Северна Македонија се доставува и Потврда од надлежен регистар, надлежен суд односно друг надлежен орган од државата чиј државјанин е лицето.
Доколку законодавството на земјата од која доаѓа странското лице кое има намера да основа друштво за осигурување поинаку ја регулира материјата во врска со документацијата која се доставува кон барањето за издавање дозвола од член 1 од овој правилник, треба да се приложи соодветен документ, или правно мислење од адвокат, со кој ќе може да се потврди разликата во регулативата, односно ќе се обезбеди друг релевантен документ со кој би се потврдило исполнувањето на предвидената законска обврска.
Во Агенцијата за супервизија на осигурување се оддржа висока средба со преставници на Централна банка на Косово
Во Агенцијата за супервизија на осигурување денес се оддржа работна средба на која присуствуваа, Сулејман Ахмеди, извршен член на Советот на експерти и Игор Ивановски, надворешен член на Советот на експерти на Агенцијата и гувернерот на Централната Банка на Косово, Фехми Мехмети.
Целта на средбата беше размена на знаење и искуство како и продлабочување на воспоставената соработка меѓу двете институции а во рамки на областа на осигурувањето и супервизијата на осигурување.
Како што нагласи и гувернерот на Центраната банка на Косово, Фехми Мехмети тие се задоволни од досегашната соработка и исто така, ќе се залагаат за зајакнување на соработката во иднина.
Работна средба на земјите носители на Проектот за подготовка на Националната стратегија за финансиска едукација во соработка со OECD и Министерството за финансиии на Холандија
Во периодот од 6-8 ноември,2019 година во Тбилиси, Грузија се одржа втората по ред работна средба на тема Унапредување на финансиската писменост во Југоисточна Европа. Домакин на средбата беше Националната Банка на Грузија во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД),и Министерството за финансии на Холандија како покровители. На истата учествуваше претставник од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Средбата беше конципирана во времетраење од два дена. Во текот на првиот конференциски ден фокусот беше ставен на институционални теми, концепт и прашања поврзани со имплементација на национална стратегија за финансиско образование со цел размена на искуство и знаење, споделување на анализи од истражувања од областа на финансиската едукација и инклузија на ОЕЦД, запознавање со предизвиците во областа, планирање на следни активности во рамки на среднорочниот проект. Додека пак, вториот ден беше посветен на работилница во чии рамки заедно со официјалните лица, практичари и експерти од земјите кои се директно одговорни за дизајнирање и спроведување на националните иницијативи за финансиско образование се работеше и се разменуваа искуства и знаење. Истата стави фокус на изготвување на студија на случај и политика за справување со предизвиците на финансиската писменост и едукација кај младата популација (ученици и студенти), рурално население и мали и средни претпријатија.
Агенцијата за супервизија на осигурување во престојните 4 години а во рамки на времетраење на проектната активност со Министерството на Холандија ќе биде посветена на соработката со членовите на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија, и исто така, дополнително ќе ги развива односите и релациите со другите земји кои се дел од овој проект , со цел да придонесе во подготовката на сеопфатен стратешки документ кој ќе ги содржи елементите за развој на финансиската едукасија и писменост на населението во нашата држава.
Работилница на тема Директна обработка на штети од автоодговорност
На 18.09.2019 година, во просториите на Стопанска Комора на Македонија, а во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување, беше одржана Работилница на тема Директна обработка на штети од автоодговорност.

На работилницата присуствуваа претставници од сите 11 друштва за неживотно осигурување, од Националното Биро за Осигурување на Македонија, како и од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Предавачи на работилницата беа д-р. Пјотр Маниковски и д-р. Јачек Лисовски, професори по осигурување на Универзитетот за економија и бизнис во Познањ, Полска, како и Турхан Јилмаз од Halk Sigorta, Турција. Предавачите ја презентираа поставеноста на системот на директна обработка на штета и го пренесоа искуството од примената на истиот во своите земји.


