СООПШТЕНИЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕТО ОДЗЕМАЊЕТО НА ДОЗВОЛАТА ЗА РАБОТА НА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НА СТАБИЛНОСТА НА ОСИГУРИТЕЛНИОТ ПАЗАР
Во врска со објавената вест дека НБРСМ ја одзела дозволата за работа на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека осигурителниот пазар останува стабилен и развојот на настаните околу горе споменатата банка нема да влијаат негативно врз ликвидноста и солвентноста врз работењето на осигурителните компании.
Фактите велат:
Вкупната актива на осигурителниот сектор на 30.6.2020 година изнесува 26,4 милијарди денари. Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот. Четири друштва за осигурување имале парични средства и депозити во Еуростандард банка на 30.6.2020, а вкупната вредност изнесувала 31 милиони денари, што претставува 0,1% од вкупната вредност на активата на осигурителниот сектор. Истовремено, од вкупните вложувања на осигурителниот сектор во банкарски инструменти, вложувањето во Еуростандар банка изнесува 0,3%. Најголемиот дел се пласмани на две друштва на осигурување со солидна солвентна позиција.
Во текот на 2019 година, АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје доби нов сопственик, односно австриската осигурителна група ГРАВЕ од Грац ги купи сите акции издадени од ова друштво за осигурување од претходниот сопственик, кој е сопственик на банката. Оттука, ова друштво за осигурување не е во сопственичка поврзаност со банката, и не постои ризик од пренесување на обврските од банката на друштвото за осигурување.
Заклучокот што се добива од изнесените факти ја потврдува констатацијата дека не постои никаков ризик дека отворањето на стечајна постапка на Еуростандард банка ќе влијае на исполнувањето на обврските на друштвата за осигурување кои произлегуваат од договорите за осигурување ниту пак ќе се одрази суштински на профитабилноста и солвентноста на друштвата за осигурување.
С О О П Ш Т Е Н И Е во врска со неовластено вршење работи на осигурување на територијата на Република Северна Македонија
Врз основа на следење на состојбата на осигурителниот пазар во земјата, посебно во делот на рекламирање и продажба на осигурителни производи, Агенцијата за супервизија на осигурување во последно време детектира случаи на нудење, рекламирање и склучување на полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување (особено од Република Бугарија) кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Агенцијата за супервизија на осигурување напоменува дека вршењето работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи без дозвола од Агенцијата претставува кривично дело за кое согласно Законот за супервизија на осигурување е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги предупредува сите субјекти кои вршат работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи без дозвола од страна на Агенцијата, дека во случај на идентификување на овие субјекти, против истите ќе бидат преземени сите со закон пропишани мерки и санкции.
Истовремено, Агенцијата ги информира правните лица и физичките лица кои вршат дејност како и граѓаните во Република Северна Македонија дека согласно Законот за супервизија на осигурување, може да се осигуруваат исклучиво во друштва за осигурување кои имаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Поради сето горенаведено, Агенцијата апелира граѓаните да внимаваат од кои друштва за осигурување купуваат полиси за осигурување, а особено поради фактот што постои можност, доколку полисите ги купат од странски друштва за осигурување кои немаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување, во иднина, да не можат да ги остварат своите права од склучените договори за осигурување, за кои уредно од нивна страна е платена премија за осигурување.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира граѓаните дека на веб страницата на Агенцијата (www.aso.mk) може да се информираат за сите субјекти кои се овластени да вршат работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи на територијата на Македонија.
АГЕНЦИЈА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ
Седница одржана на 14.07.2020
- Решение за издавање согласност за друштвото за ревизија за 2020 година на УНИКА АД Скопје,
- Решение за издавање согласност за друштво за ревизија за 2020 година УНИКА ЛАЈФ АД Скопјe,
- Решение за издавање согласност за друштвото за ревизија за 2020 година на ЕВРОИНС АД Скопје,
- Решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество во ДЗО ЛАЈФ ВИЗИОН АД Скопје од страна на лицето Дамјан Дамјановски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на Бранислав Најдов,
- Разгледување на информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Уника АД Скопје за 1К2020 година,
- Разгледување и донесување на Решение согласно кое Решението бр. УП1 08-2-463 од 29.6.2020 година, за изрекување на дополнителна мерка – забрана на Осигурителното брокерско друштвото С.Т.М Плус АД, да посредува при склучување на нови договори за осигурување, се става вон сила,
- Правилник за изменување на Правилникот за сметководство и финансиско работење,
- Разгледување на Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување, заклучно со 30.06.2020 година, за информирање на Советот.
Седница одржана на 03.07.2020
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на ЕУРОЛИНК,
- Решение за издавање на согласност за друштво за ревизија-се дава согласност Друштвото за ревизија, консалтинг и даночни услуги ДИЛОИТ ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д Скопје за 2020 година,
- Решение за издавање на согласност за друштво за ревизија – се дава согласност Друштвото за ревизорски услуги КПМГ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје за 2020 година.