СЕДНИЦА ОДРЖАНА НА 19.06.2020
- Одлука за запирање на извршувањето на Одлуката за ограничувањето на правото на исплата на паричен надомест, надоместоци за патни и други материјални трошоци,
- Одлука за запирање на извршувањето на Одлуката за уплата на парични средства од Агенцијата за супервизија на осигурување на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19.
- Финансиски извештаи за 2019 година со извештај на ревизијата на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година,
- Годишен извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во 2019 година,
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата Член на Управен одбор на АД за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје за лицето Цветко Делев,
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизорски услуги ПРАЈСВСОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп за 2020 година,
- Решение за издавање согласност Друштвото за ревизија, консалтинг и даночни услуги ДИЛОИТ ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД Скопје за 2020 година,
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизија, консалтинг и даночни услуги Дилоит ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за 2020 година.
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
- Решение за издавање на согласност за измена на седиште на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
С О О П Ш Т Е Н И Е во врска со организирање на обука и полагање на стручен испит за застапници и брокери
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите пријавени за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно осигурителен брокер во мартовската едукативно испитна сесија (врз основа на објавено Соопштение за спроведување на обука и стручен испит на ден 2.3.2020 година), дека обуката и полагањето на стручните испити од двете обуки во организација на Агенцијата (кои претходно беа одложени), заради сеуште актуелната состојба предизвикана од пандемијата со COVID19 (корона вирус), нема да се спроведат се до целосно нормализирање на состојбата и овозможување на соодветни услови согласно здравствените протоколи донесени од Владата.
Сите кандидати пријавени на двете обуки во организација на Агенцијата, дополнително ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на обуките и полагање на стручните испити согласно објавен календар на испити во Државниот испитен центар.
Агенција за супервизија на осигурување
СЕДНИЦА ОДРЖАНА НА 10.06.2020
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Евроинс Осигурување АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на седиште на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на статут на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на седиште на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на статут на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Решение за давање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на ОБД ОМАДА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Решение за давање согласност Друштвото за ревизорски услуги ПРАЈВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје за 2020 година,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Борјанка Пешевска Митев ,
- Решение за повлекување на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Национална групација за осигурување ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА АД Скопје за лицето Владимир Тошевски,
- Решенија за одземање на лиценцата за застапник во сигурување на лиценцирани застапници во осигурување кои не се усогласиле со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (Службен весник на РСМ бр. 198/2018) во законски предвидениот рок
- Решенија за одземање на лиценцата за осигурителен брокер на лиценцирани осигурителни брокери кои не се усогласиле со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (Службен весник на РСМ бр. 198/2018) во законски предвидениот рок
Седница одржана на 29.05.2020
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизорски услуги ПРАЈВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје за 2020 година
Седница одржана на 14.05.2020
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, за лицето Александра Шкемби Антовска;
- Одлука за уплата на парични средства од Агенцијата за супервизија на осигурување на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19
Седница одржана на 29.04.2020
- Решение за именување на членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2020 година
- Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2020 година
- Решение со кое се дава согласност Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје, да врши ревизија на финансиските извештаи на Националната групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје за 2020 година
- Решение со кое се одзема лиценца за застапник во осигурување бр. УП 19-3-101 од 04.02.2019 година на лицето Емил Мисев
- Решение со кое се одзема лиценца за застапник во осигурување бр. УП 19-3-643 од 17.07.2019 година на лицето Божана Пешевска