Седница на КФС: Ризиците остануваат умерени, задржана е финансиската стабилност
И покрај повеќето кризи стабилноста на финансискиот систем е задржана, а ризиците останаа на умерено ниво. Минатата година финансиските институции работеа во поповолен макроамбиент и остварија солидни резултати и продлабочена финансиска интермедијација. Но сепак, и натаму постојат ризици и неизвесности главно поврзани со надворешното окружување и влијанието на геополитичките превирања и геоекономската фрагментација. Ова се дел од констатациите од денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност (КФС), којшто се одржа во Народната банка.

Со седницата претседаваше гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, а учествуваа и министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Крсте Шајноски. На седницата беше разгледан Извештајот за финансиска стабилност во 2023 година, при што беше истакнато дека билансите на домаќинствата и на корпоративниот сектор се со солиден капацитет, што обезбедува отпорност на шоковите и на затегнатите услови на финансирање. Сепак, со оглед на растот на задолженоста има потреба од натамошна внимателност и од страна на финансиските институции и од страна на финансиските регулатори при водењето на макропрудентните политики на, како поддршка за одржувањето на финансиската стабилност и во следниот период.
Говорејќи за банкарскиот сектор, Ангеловска-Бежоска посочи дека и минатата година адекватноста на капиталот продолжи да се зајакнува што е предуслов за повисок кредитен раст, но и за поголема отпорност на банкарскиот сектор од кризи. Ова е резултат и на внимателното однесување на самите банки, но и на регулаторните мерки во услови на позитивни финансиски резултати во работењето. Со тоа беше остварено и натамошно приближување кон стапката на адекватност на капиталот во ЕУ, која е повисока од нашата. Квалитетот на кредитно портфолио на банкарскиот систем се задржа на ниво кое е подобро во споредба со преткризниот период. Како резултат на добрата билансна позиција на банкарскиот систем продолжи да забрзува и кредитниот раст за поддршка на компаниите и граѓаните. Сепак, со оглед на присутните ризици, потребно е внимателно следење на состојбите и натамошно градење на отпорноста на банкарскиот систем.
„Комитетот за финансиска стабилност во нов состав, којшто ги опфаќа членовите од Министерството за финансии, и натаму ќе игра значајна улога во одржувањето на финансиската стабилност во земјата. Комитетот за финансиска стабилност ќе постапува во согласност со законските одредби и ќе ги утврдува и ќе ги следи системските ризици во одделните сегменти од финансискиот систем со цел надлежните органи да преземаат макропрудентни мерки заради одржување на финансиската стабилност во земјава, којашто e потврдена со презентираниот извештај“, рече министерката за финансии.
„Останувајќи доследни во спроведувањето на јавните овластувања, Комисијата за хартии од вредност продолжува да врши надзор и да го регулира пазарот на капитал, да ги мониторира и да ги превенира потенцијалните пазарни ризици и да ја обезбедува стабилноста на пазарот на капитал. Свесноста дека финансиските институции не делуваат во институционален вакуум, а притоа имајќи ги предвид растечките ризици кои произлегуваат од зголемената зависност на финансиските институции од дигитални технологии, во иднина се повеќе треба да се посветиме на важноста на дигиталната отпорност за критичната пазарна инфраструктура како основа за стабилноста на пазарот на капитал и на финансискиот систем во целина“, истакна претседателката на Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Нора Алити.
Претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, истакна дека МАПАС обезбедува постојано функционирање, развој и унапредување на вториот и третиот столб, транспарентост и ефикасна супервизија на вториот по големина сегмент во финансискиот сектор во земјава. МАПАС внимателно ги следи состојбите во капитално финасираното пензиско осигурување и потенцијалните ризици во вториот и третиот столб, воопшто, и секако со посебен акцент на глобалните состојби и реагирањето на пензиските друштва во однос на нивните инвестициски стратегии и тактики со цел остварување на највисок принос, единствено во полза на членовите на пензиските фондови. Тој истакна и дека Агенцијата како регулатор и супервизор посветено работи и кон промоција на пензискиот систем и финансиската писменост и инклузија за развивање на свеста на јавноста и соработува со институциите вклучени во пензиското осигурување и релевантните институции од финансиската област за остварување на својата мисија – заштита на интересите на членовите на пензиските фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Крсте Шајноски, посочи дека осигурителниот пазар во првите девет месеци годинава бележи интензивен раст на вложувањата во осигурување и умерено зголемување на исплатените штети покриени со осигурување. Вкупниот износ на вложувања во осигурителни производи надминува 12 милијарди денари. За истиот период граѓани, компании и институции од друштвата за осигурување наплатиле над 4 милијарди денари за осигурани штети. Сите друштва за осигурување во целост ги исполнуваат законски пропишаните барања и располагаат со доволно средства за покривање на техничките односно математичките резерви.
На седницата беше истакнато дека финансиските регулатори ќе продолжат со натамошно координирано следење на состојбите и навремена размена на сите релевантни информации и дека се подготвени да реагираат соодветно на случувањата, секој во рамките на надлежностите на својот мандат. Сите регулатори на финансискиот систем имаат доволно инструменти што може да ги користат доколку е неопходно, со што се гарантира дека финансиската стабилност ќе биде задржана и во следниот период.
Седница одржана на 20 ноември
- Записник од 28-та седница на СнЕ на АСО одржана на 11 ноември, 2024 година,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон УНИКА АД Скопје,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување САВА осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон САВА осигурување АД Скопје,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување Кроација осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Кроација осигурување АД Скопје,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Националната групација за осигурување АД Осигурителна Полиса,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Националната групација за осигурување АД Осигурителна Полиса,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Друштвото за животно осигурување ГРАВЕ АД Скопје и донесување на Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за животно осигурување ГРАВЕ АД Скопје,
- Одлука за изрекување дополнителни мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување ГРАВЕ Неживот АД Скопје и донесување на Решение за изрекување дополнителни мерки кон Друштвото за осигурување ГРАВЕ Неживот АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
- Решение за за изрекување дополнителни мерки кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
- Одлука кон Осигурително брокерско друштво МЕГА БРОКЕР АД Скопјe,
- Одлука за изрекување супервизорска мерка кон Осигурително брокерско друштво СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон Осигурително брокерско друштво СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД Битола,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Сава АД Скопје,
- Информација за финансиската состојба, статистички и финансиски остварувања на друштвата за осигурување во периодот 1.1.-30.9.2024 година,
- Извештај во однос на спроведен испит за десетиот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (2023-2025) – НЕЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ,
- Одлука за изрекување супервизорска мерка кон друштвото за осигурување ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон друштвото за осигурување ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје.
Денови на финансиска писменост 2024: Научете како да одберете осигурување за вашите потреби!
Деновите на финансиска писменост традиционално секоја година ги организираат сите регулаторни тела од областа на финансиите: Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Народната банка, Комисијата за хартии од вредност (КХВ) и Агенцијата за супервизија на капитално-финансирано пензиско осиурување (МАПАС).

АСО има централна улога во зајакнување на финансиската писменост, финансиската инклузија и заштитата на осигурениците. Овие три аспекти се клучни за развој на фер, транспарентен и стабилен осигурителен пазар. И преку нив целиме да постигнеме зголемување на довербата на граѓаните во осигурителниот сектор и за нивната финансиска сигурност.
За Вас почитувани читатели, граѓани, актуелни и потенцијални осигуреници по повод Деновите на финасиска писменост и оваа година подготвивме бројни и богати едукативни содржини кои ќе ви помогнат да ги надградите вашите познавања за осигурувањето.
Осигурувањето не е трошок, осигурувањето е потреба која обезбедува финансиска сигурност и материјална благосостојба за вас и за вашите најмили. Затоа низ поучни и лесно разбирливи едукативни содржини научете зошто осигурувањето е важно.
Во текот на „Деновите на финансиска писменост“, ќе споделуваме повеќе едукативно-информативни содржини кои ќе придонесат за зајакнување на свесноста за потребата од осигурување, за вашите права како осигуреници и за тоа како да одберете осигурување согласно вашите потреби.
По иницијатива на АСО, во овој настан активно и масовно се вклучуваат и субјектите од осигурителната индустрија односно друштвата за осигурување и осигуртелно-брокерските друштва.
И затоа секогаш вас, почитувани осигуреници, ве потсетуваме едуцирајте се! Ние сме тука за вас, а на нашата веб платформа www.edukacija.aso.mk секогаш има корисни и јавно достапни содржини кои ќе ги продлабочат вашите знаења за тоа какво осигурување ви е потребно и што е неопходно да знаете пред да купите осигурителна услуга.
Воедно ние како регулатор на осигурителниот пазар, кој се грижи за заштита на вашите права, преку едукација секогаш сме тука за вашите прашања во врска осигурувањето на мејл адресата contact@aso.mk
Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Не заборавајте да не следите на профилите на АСО на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Линкдин“
Седница одржана на 11 ноември
- Записник од 27-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 октомври, 2024 година,
- План на архивските знаци за распоредување на актите за 2025 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Листа на документарен материјач со рокови на чување за 2025 година , на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Листа на архивска граѓа од трајна вредност за 2025 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Извештај за поднесени претставки до Агенцијата за супервизија на осигурување од страна на осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица,
- Барање за добивање согласност Друштвото за ревизија МАЗАРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје за 2024 година и донесување на решение,
- Барање за давање согласност за член на орган на управување во КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – ЖИВОТ АД Скопје на лицето Бобан Томеси и донесување на решение,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Катерина Андовска,
- Разгледување и донесување на Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
- Решение за изрекување дополнителни мерки кон МАКЕДОНИЈА осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Триглав Осигурување Живот АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА и Решение за изрекување дополнителни мерки кон АД за осигурување ЗОИЛ МАКЕДОНИЈА, Битола,
- Извештај за 2024 година за проценка на ризик на субјектите за спречување на перење пари и ФТ,
- Информација за потреба од изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување во делот на услови кои се однесуваат на вршење на функцијата член на орган на управување во друштво за осигурување и внатрешен ревизор,
- Информација во врска со новите барања за водење на сметководство и финансиско известување на друштвата за осигурување во Македонија,
- Барање за добивање согласност Друштвото за ревизија МАЗАРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Триглав Осигурување АД, Скопје за 2024 и донесување решение.
АСО додели награда за најдобар труд на млад научник-истражувач по повод денот на осигурувањето
Во конкуренција на пет труда стручната комисија го награди истражувачкиот труд на Кристијан Кожески, асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Трудот разбработува важни сегменти за влијанијата што врз цените на полисите за осигурување имот ги имаат БДП, долгорочните кредити, цените на недвижностите и бројот на издадени дозволи за градење. Оваа награда во вредност од 80.000 денари АСО ја доделува традиционално 14 години по ред, по повод денот на осигурувањето – 1 ноември на кој годинава АСО одбележува и јубилеј 15 години од основањето
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Во конкуренција на пет труда од областа на управување со ризици и осигурување стручната комисија годинава наградата ја додели на Кристијан Кожески асистент на катедра на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.
Плакетата за најдобар истражувачки труд на Кожески му ја додели д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти при АСО. За авторот на прворангираниот труд АСО додели награда од 80.000 денари. Оваа награда за стимулација на работата на млади научници истражувачи од областа на управување со ризици во осигурувањето годинава се доделува по 14 пат.
Во своето истражување Кожески утврдува дека макроекономските и финансиските фактори играат значајна улога во одредувањето на премиите за осигурување на имот во Македонија. При тоа трудот насловен „Комплексната интеракција на макроекономските и финансиските детерминанти со премиите за осигурување на имот во Македонија: Динамична краткорочна и долгорочна анализа“ разработува како економскиот раст, цените на недвижнините и дозволите за градба имаат позитивен и значаен ефект, додека долгорочните кредити имаат неочекувано негативно влијание. Авторот исто така укажува на тоа дека овие наоди имаат важни импликации за осигурителните компании и креаторите на економски политики.
Целта на конкурсот што традиционално се распишува е за да послужи како стимулација за развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри.

