Седница одржана на 20.06.2016
- Решение за давање согласност за стекнување на квалификувано учество во осигурителното брокерско друштво Нов Осигурителен Брокер АД Скопје,
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата, дека стручниот испит за застапници односно брокер – теоретски дел ќе се одржи на ден 1.6.2016 година од 09:00 до 13:30 часот ( за застапник ) и од 14:00 до 16:00 часот ( за брокер).
Испитот ќе се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала).
Распоредот на испити за застапници
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2017 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои на ден 10.5.2016 година го положиле стручниот испит за застапник односно за брокер – теоретски дел, дека стручниот испит за застапници односно брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 25.5.2016 година од 10:00 до 12:00 часот.
Испитот ќе се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала), прикажано на сликата во прилог.
Распоредот на испити за застапници
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои на ден 19.4.2016 година и 4.5.2016 не го положиле стручниот испит за застапник односно за брокер – теоретски дел и практичен дел, дека стручниот испит за застапници односно брокер – теоретски дел(второ полагање) ќе се одржи на ден 10.5.2016 година од 08:30 до 13:00 часот ( за застапник ) и од 13:00 до 15:30 часот ( за брокер).
Испитот ќе се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала).
Распоредот на испити за застапници
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2016 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2016 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.