Награди за децата со најдобри творби за осигурување и штедење
Скопје, 4 декември 2015 (МИА) – Министерството за финанси, Народната банка на Репулика Македонија и Агенцијата за супевизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите на најуспешните ликовни и литературни творби испратени на конкурсот по повод Денот на штедењето – 31 Октомври. Наградите ги врачија вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, гувернерот на НБРМ Димитар Богов и претседателот на Советот на експрети на Агенцијата за супервизија на осигурувањето Климе Попоски.
На конкурсот приситигнаа 310 творби од кои 51 литературни и 259 ликовни. Конкурсот е во рамки на активностите за подигнување на нивото и општата свест за финансиската писменост, вклученост и едукација на населнието, особено на младите. Според организаторите, трите институции, станува збор за креативни и иновативни идеи на децата поврзани со штедењето и осигурувањето. Дипломи и парични награди добија 12-те најуспешни, а беа доделени и пофалници на училиштата кои учествуваа во конкусот.
Вицепремиерот и минисер за финансии Зоран Ставрески истакна дека целта е младите од рана возраст да се научат на финансиските основи кои ќе им требаат и со кои ќе се сретнат и ќе ги употребуваат понатаму во животот.
– Да научат децата како да управуваат со буџетот, како што се трудиме ние за државата да управуваме со буџетот на Република Макеоднија на поголема основа, но концептот е тој и ист, дека мора домаќински да се располага со парите и да се управува со нив на начин кој ќе обезбеди да се искористат за најважните потреби. Но, претходно за да се направи тоа треба да ги имаш, а за да ги имаш треба да штедиш, а исто така и да бидеш осигуран бидејќи има ризици во животот, рече Ставрески.
Потенцира дека децата се нашата иднина и дека ако ја добијат оваа едукација во рана возаст и знаењето таа иднина ќе биде подобра вклучително и во финансиите.
Според него, дека децата преку конкурсот успеале една ваква сериозна тема да ја преточат во весели и разиграни цртежи и ликовни творби. Важно е, им порача, да учите добро, да бидете истовремено љубопитни и креативни, да читате постојано и да осознавате нови знаења на најразлични теми, не само од учебниците, туку и од другите извори.
Според гувернерот Богов, фокусот на активностите е ставен на младите, бидејќи тие понатаму ќе бидат носители на економијата.
– Тие ќе бидат идните сопственици на фирми, прептриемачи, банкари, директори и колку повеќе ќе научат во своето образоваие толку подобри ќе бидат во иднина, рече Богов.
Истакна дека целта е да се добијат граѓани кои ќе имаат поголеми знаења за тоа како се управува со парите и кој се опасности демнат во работењето со парите и со финансиските институции, бидејќи информирани граѓани се оние кои знаат да носат добри одлуки.
Климе Попоски од Агенцијата за супервизија на осигурувањето истакна дека раната финансиска едукација е многу важна.
– Ние како клучни институции се грижиме за раната финансиска едукација која претставува долгорочена инвестиција за целото општество и државата, рече Попоски.
Информира дека Агенцијата две години по ред веќе промовира сооветни едукативни инструменти во насока на описменување и учење на децата.
Најави дека планираат секоја година да промовираат по еден информативен материјал.
НАГРАДЕНИ ПО КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО – 31 ОКТОМВРИ
Врз основа на спроведен избор на најдобар цртеж и песна ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ШТЕДЕЊЕ и ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ОСИГУРУВАЊЕ
Ја објавуваме листата на наградени.
Седница одржана на 05.11.2015
- Решение за издавање согласност за член на орган на управување во друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје на лицето Селаудин Имами
Седница одржана на 10.11.2015
Решение за издавање на согласност за член на орган на управување во друштвото за осигурување ТРИГЛАВ АД Скопје на лицето Ѓорѓе Војновиќ
Одбележување на Денот на осигурувањето, 1 ноември, 2015 година
Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод одбележување на Денот на осигурувањето, 1-ви ноември, пред претставници од осигурителната индустрија и претставници од други државни институции и регулаторни тела, одржа свечена манифестација.
На манифестацијата свечено се обратија г. Зоран Ставрески, Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии, г. Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
По нивното обраќање следеше промоција на двете најнови информативно – едукативни материјали подготвени од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) кои се во насока на континуираните активности за финансиска едукација на населението.
Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година под наслов ”Анализа на смртноста на корисници на ануитет од повеќе земји и корекција на македонски популациски таблици на смртност”. Трудот обработува актуелна и општествено полезна проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување на живот и пензиските друштва, а се однесува на смртноста на корисниците на ануитет (превземи тука).
Наградата на авторот г. Ристо Бајатов му ја додели претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и следеше кратка презентација на трудот од страна на авторот.
Седница одржана на 30.11.2015
- Рeшение за давање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп, Скопје, на лицето Димитрија Димов,
- Решение за давање согласност за стекнување на квалификувано учество во Друштвото за застапување во осигурување ГЛС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
Седница одржана на 30.10.2015
- Извештај на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2015 година,
- Решение за издавање согласност за измена на Статут на Друштвото за осигурување ИНСИГ – Македонија АД Скопје
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Народната банка на Србија
На свечена церемонија во Народната банка на Србија, на 26 октомври, гувернерот на Народната банка на Србија, г-ѓа Јоргованка Табакович и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Со Меморандумот се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа на спроведување супервизија во осигурувањето. Со прифаќање на поканата за потпишување на Меморандумот, Народната банка на Србија отворено ја покажа својата отвореност за регионална соработка.
Имајќи предвид дека пазарите на осигурување во нашите земји се соочуваат со слични предизвици, соработката ќе придонесе преку размена на искуство, пракса и знаење значително да се унапреди работењето на нашите институции и да се овозможи сеопфатна заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги.