Седница одржана на 25.2.2011
- Одлука за усвојување на годишната сметка за 2010 година;
- Информација за движењето на осигурителниот пазар во Р: Македонија, во 2010 година;
- Правилник за изменување на Правилникот за контен план за друштвата за осигурување и реосигурување;
- Правилник за изменување на Правилникот за формата и содржината на билансните шеми и детална содржина на годишниот извештај за работењето на друштвата за осигурување и/или реосигурување;
- Правилник за изменување на Правилникот за пресметка на потребното ниво на маргината на солвентност на друштвата за осигурување и реосигурување;
- Правилник за изменување на Правилникот за видовите и описот на ставки што ќе се земат предвид при пресметка на капиталот на друштво за осигурување и/или реосигурување;
- Правилник за изменување на Правилникот за пресметка на потребното ниво на маргината на солвентност.
Седница одржана на 24.02.2012
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут и Договор на Националното Биро за осигурување;
- Разгледување и усвојување на годишната сметка за 2011 година на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Спроведена обука за вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување
Со цел ефикасно спроведување на своите законски надлежности и активности, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) континуирано вложува во заjакнување на капацитетите на супервизијата преку воспоставување и имплементација на систем на континуирана едукација и стручно усовршување на вработените. Во рамки на активностите за развој на супервизијата, се вршат редовни обуки во земјата и странство.
Во периодот од 1-4 февруари, 2011 година во Охрид, во организација на Агенцијата а во соработка со регулаторното тело на Германија-BAFIN, беше реализирана обука за супервизорите.
Соопштение
Сите кандидати што го немаат положено испитот за осигурителен брокер и застапник во осигурувањето на 09.02.2010 година имаат право на увид на тестот на:
28.02.2011 година од 10 – 12 часот во просториите на Агенцијата за супервизија на осигурување, ул. Васил главинов бр.12, ТЦЦ Плаза Скопје
Воедно ве информираме дека се закажани два нови термина за испит за застапници на 09.03 и 23.03 2011 година.
Деталите за закажаните испити можете да ги најдете тука.
Седница одржана на 15.2.2011
- Решение за измена на седиште на Акционерското друштво за осигурување ВАРДАР Скопје;
- Годишен план за теренска контрола.
Седница одржана на 31.1.2011
- Прашања поврзани со тековното работење на Агенцијата за супервизија на осигурување.