Обука
| Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, во септемвриската испитна сесија, дека обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година и 1.10.2016 година.
Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките можете да го најдете на следниот линк:
|
Седница одржана на 20.09.2016
- Решение за издавање на согласност за стекнување на квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво К МК БРОКЕР АД Скопје
Седница одржана на 16.09.2016
- Решение за издавање на согласност за индиректно стекнување на квалификувано учество во Друштвото за осигурување САВА осигурување а.д. Скопје.
Седница одржана на 02.09.2016
- Решение за издавање на согласност за измена на Статутот на Друштвото за осигурување ИНСИГ –Македонија АД Скопје;
- Решение за издавање на согласност за промена на називот на Друштвото за осигурување ИНСИГ –Македонија АД Скопје;
- Решение за издавање на согласност за промена на седиштето на Друштвото за осигурување ИНСИГ –Македонија АД Скопје;
- Решение за издавање на согласност за измена на Статутот на САВА осигурување а.д. Скопје;
- Решение за издавање на дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво ПЕТРОЛ-ОИЛ БРОКЕР АД Скопје;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија за ОБД ВИАСС;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија за Осигурување Македонија;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија за Сава;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Триглав Осигурување АД Скопје.
Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник) и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година и 1.10.2016 година. Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките ќе биде објавен на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуките
- Соопштение за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи..
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник
- Пријава/ барање за учество на обука и полагање на стручен испит за брокер
Седница одржана на 23.08.2016
- Решение за издавање дозвола за воведување на нова класа на осигурување на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот, Скопје,
- Решение за издавање согласност за измена на Статут на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД – Друштво за осигурување на живот, Скопје,
Агенцијата за супервизија на осигурување и вработените во Агенцијата со акција за помош на настраданите од елементарната непогода
Агенцијата за супервизија на осигурување сочувствува со настраданите граѓани за време на невремето што го зафати Скопје и околината. Како регулаторно тело надлежно за осигурителниот пазар во РМ, Агенцијата во овој период презема низа активности во соработка со друштвата за осигурување со цел да се излезе во пресрет на настраданите.

Исто така, вработените во Агенцијата за супервизија на осигурување во насока на помош заради елементарната непогода спроведоа, хуманитарна акција- беа донирани различни производи во еден од пунктовите на Министерството за труд и социјална политика лоциран во ОУ Кирил и Методиј во населбата Стајковци. Оттука, производите ќе им бидат доделени на лица на кои им се потребни.
XPRIMM со информации за поплавите
XPRIMM е интернет портал и странско списание специјализирано за осигурување и пензиско осигурување. XPRIMM постои повеќе од 15 години и поседува уникатна позиција на специјализираните пазари, содржи статистички податоци, новости и информации за осигурителните индустрии во повеќе од 32 земји и воедно е платформа за комуникација и размена на податоци за земјите од Европа и пошироко. XPRIMM на редовна основа објавува податоци и информации за осигурителната индустрија во Република Македонија и исто така, објави и информации за временската непогода која ја зафати нашата земја. На следниот линк http://www.xprimm.com/Macedonia-in-need-of-aid-after-the-severe-flooding-of-August-6th-articol-2,10,22-8261.htm може да се преземе информацијата којa воедно содржи и апел за помош на настраданите во поплавите.