Седница одржана на 13.05.2016
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЗАСТАПНИК И БРОКЕР – ПРАКТИЧЕН ДЕЛ
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои на ден 10.5.2016 година го положиле стручниот испит за застапник односно за брокер – теоретски дел, дека стручниот испит за застапници односно брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 25.5.2016 година од 10:00 до 12:00 часот.
Испитот ќе се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала), прикажано на сликата во прилог.
Распоредот на испити за застапници
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЗАСТАПНИК И БРОКЕР – ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ (ВТОРО ПОЛАГАЊЕ)
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои на ден 19.4.2016 година и 4.5.2016 не го положиле стручниот испит за застапник односно за брокер – теоретски дел и практичен дел, дека стручниот испит за застапници односно брокер – теоретски дел(второ полагање) ќе се одржи на ден 10.5.2016 година од 08:30 до 13:00 часот ( за застапник ) и од 13:00 до 15:30 часот ( за брокер).
Испитот ќе се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала).
Распоредот на испити за застапници
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2016 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2016 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
Седница одржана на 05.05.2016
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во АДОР МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп за лицето Бошко Андов
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во АДОР МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп за лицето Весна Ѓорчева,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во АДОР МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп за лицето Ристо Секуловски,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема осигурително брокерското друштво К МК Брокер, Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема осигурително брокерското друштво АМГ Премиум.
Седница одржана на 28.04.2017
- Решение за вршење на функцијата член на Управен Одбор во Акционерското друштво за осигурување АЛБСИГ, Скопје на лицето Нуредин Џелили.
Седница одржана на 27.04.2016
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје, на лицето, Нуредин Џелили.
- Решение за измена на Статутот на Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје,
- Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Уника АД Скопје,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за соодветноста на реосигурителното покритие, методот за пресметка на износот на максимално покритие на друштвото за осигурување во табелата за максимално покритиe и методот за пресметување на максимална можна штета.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА ЗАСТАПНИК И БРОКЕР – ПРАКТИЧЕН ДЕЛ
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои на ден 19.4.2016 година го положиле стручниот испит за застапник односно за брокер – теоретски дел, дека стручниот испит за застапници односно брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 4.5.2016година од 11:00 до 13:00 часот ( за застапник ) и од 14:00 до 16:00 часот ( за брокер).
Испитот ќе се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала), прикажано на сликата во прилог.
Распоредот на испити за застапници
Распоредот на испити за брокери
Седница одржана на 01.04.2016
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје, на лицето Зоран Нарашанов.
- Решение за издавање на дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво ЕОС БРОКЕР АД Скопје.