Одржана работна средба на тема “Практичната примена на Европскиот извештај за сообраќајни незгоди во РМ”
На иницијатива на Агенцијата за супервизија на осигурување, на ден 22 ноември, 2010 година во седиштето на Агенцијата, се оддржа работна средба на тема “Примената на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија”.
На средбата присуствуваа претставници од Националното Биро за осигурување, друштвата за осигурување членки на Бирото, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за заштита на сообраќајот на патиштата. Целта на оваа средба беше да се дискутира за функцијата и практичната примена на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди, се во насока на брза и ефикасна асистенција на крајните корисници односно осигурениците на моторни возила.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата г. Климе Попоски ја отвори средбата и им посака добредојде на учесниците. Странскиот експерт од областа на осигурувањето г. Jean-Pierre Daniel кој е во подолг ангажман во Агенцијата, изврши Презентација за искуствата на Европскиот пазар.
По неговото излагање следеше плодна дискусија и сето тоа допринесе за носење на заклучоци во насока на креирање на стратегија за понатамошна успешна имплементација на Европскиот Извештај за сообраќајни незгоди во Република Македонија.
Обука за осигурутелни брокери – Прва група 25 – 27.11.2010 и 3 – 4.12.2010
Објавен е списокот на кандидати од првата група за Обука за вршење осигурително брокерски работи.
Истиот можете да го превземете тука.
Обуката ќе се изведува во просториите на Европски универзитет – Скопје
(Бул. “Климент Охридски” 68 – Скопје) од 25 – 27.11.2010 и на 3 – 4.12.2010 во 14:00 часот.
Агенција за супервизија на осигурување
АСО рамноправна членка на IAIS

Во периодот од 27-29 Октомври, 2010 година Меѓународната Асоцијација на осигурителни супервизори (ИАИС). ја оддржа 17-тата годишна Конференција. Домаќин на овој традиционален настан беше Регулаторното финасиско тело на Дубаи. На оваа Конференција се случи официјалното прогласување и прифаќање на членството на Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија како рамноправна членка на ИАИС и нејзино евидентирање во регистрите под уставното име на нашата земја.
Присуствуваа голем број на учесници од осигурителните регулаторни тела и осигурителни професионалци кои имаа можност да дискутираат и дебатираат за пазарните услови, трендовите и регулаторните промени во ова предизвикувачко финансиско опкружување.
На оваа Конференција се донесоа следните одлуки:
- Едногласно избирање на Претседавач на Комитетот на ИАИС г. Питер Браумулер, по втор пат;
- Усвојување на нов стратешки план за финасиските перспективи во периодот 2011-2015 и поставување на цели и приоритети за негова операционализација;
- Усвојување на двогодишен план и поставување на високи цели и приорители во овој период. Овој план вклучува понатамошно зајакнување на регулативата, идентификување на ризиците на глобално ниво, зајакнување на капацитетот на регулаторите, превземање на понатамошни истражувања и развој на системскиот ризик во секторот на осигурувањето и развивање на методологија на негово квантитативно и квалитативно мерење. Покрај тоа, ИАИС се обрза да обезбеди и широка лепеза на упатства и стандарди за тоа како да се идентификуваат домашните и глобалните системски ризици;
- Усвојување на 8 супервизорски принципи, кои претставуваат прв чекор во ревизијата на постојните супервизорски принципи и стандарди;
- Потпишување на два Мултилатерални меморандуми за соработка.
За Меѓународната Асоцијација на осигурителни супервизори (ИАИС)
Асоцијацијата е основана во 1994 година, со седиште во Базел и има мисија да ги претставува осигурителните регулатори и супервизори кои во моментов се 190 јурисдикции во околу 140 земји. Ова значи дека ИАИС има повеќе од 120 осигурителни професионалци, осигурители, реосигурители, трговски асоцијации и набљудувачи. ИАИС е издавач на меѓународните осигурителни стандарди, принципи и упатства, обезбедува тренинг обуки и поддршка во врска со прашања од областа на осигурувањето и супервизијата, организира состаноци и семинари за осигурителните супервизори.
ИАИС има воспоставено блиски односи на соработка со други меѓународни институции со цел промовирање на финасиската стабилност.
АСО учествуваше на годишната конференција “Перспективи на осигурителниот пазар на Република Македонија”
Во периодот од 6-8 Октомври, 2010 година Националното Биро за осигурување ја оддржа втората годишна Конференција од областа на осигурувањето на тема “Перспективи на осигурителниот пазар на Република Македонија”. На овој настан присуствуваа голем број учесници,професионалци од областа на осигурувањето и експерти од осигурителните регулаторни тела од земјата и странство, пришто преку панел дискусии се разменуваа мислења и се споделуваа искуства.
На покана на Агенцијата за супервизија на осигурување пристигнаа и гости од регулаторните теле од Словенија, Германија, Бугарија, Австрија и Албанија.

Агенцијата имаше свој настап на Конференцијата и нејзината презентација може да се преземе тука.
За подетални информации во врска со Конференцијата Ве молиме погледнете на www.nibm.com.mk.
Почеток на обуката за застапници
На 14.10.2010 година со почеток во 14 часот, во просториите на Европски Универзитет, Агенцијата започнa со спроведување на првата обука за застапници во осигурувањето.
Обуката беше отворена од страна на Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата кој им посака добредојде на присутните и успех на обуката. Исто така, обраќање имаше и г. Жан Пјер Даниел кој во моментов е со консултантски ангажман во Агенцијата и има долгогодишно искуство во областа на посредувањето во осигурувањето.
Агенцијата очекува преку овој процес на едукација да се зајакне професијата на застапување во осигурувањето и значително да се подобри општата состојба на пазарот на осигурување во Република Македонија.
Согласно планот на Агенцијата процесот на едукација е предвиден да се реализира во повеќе групи. Агенцијата на својата веб страница ќе ги објавува сите информации во врска со обуката.
Објавен е правилник за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви
Правилникот за минималните стандарди за пресметка на техничките резерви кој ги содржи најновите изменини дополненија можете да го превземете тука
Посета на Амбасадорот Ерван Фуере во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување
Во среда, 29 септември 2010 година (во 11:00 часот) специјалниот претставник на Европската Унија и шефот на Делегацијата Амбасадорот Ерван Фуере ја посети Агенцијата за супервизија на осигурување.
Посетата од страна на Амбасадорот е со цел поблиско запознавање со активностите што Агенцијата ги презема во рамки на техничката помош обезбедена од европските фондови согласно ИПА Програмата.Тековно Агенцијата е корисник на овие фондови и како резултат на тоа ќе реализира бројни активности кои ќе резултираат со носење на акти, правилници и упатства од областа на осигурувањето и супервизијата.
Ова е прва посета на Амбасадорот во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување. Во рамки на посетата Амбасадорот имаше можност да се запознае со активностите на Агенцијата како и непосредно да се сретне со вработените и да ги разгледа новите простории на Агенцијата.
Потоа, Амбасадорот и Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата г. Климе Попоски дадоа изјави за работењето на регулаторното тело, неговите надлежности на пазарот на осигурување како и предизвиците.




