Осигуреници за еден месец наплатија 1 милион евра од приватно здравствено осигурување
Во јули годинава во структурата на исплатени штети за покривање доброволно осигурување доминираат исплатите за осигурани медицински трошоци. По нив следуваат штетите за каско осигурување моторни возила за кои осигурителните компаниии во јули исплатиле 985.500 евра

Осигурениците кои имаат дополнително (приватно) здравствено осигурување во јули наплатиле 61,9 милиони денари (над 1 милион евра) за медицински трошоци покриени со нивните полиси за здравствено осигурување.
Средствата ги исплатиле девет компании за неживотно осигурување и со нив покриле над 6.500 барања на осигуреници за исплата на медицински трошоци, покажуваат податоците кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 осигурителни компании.
Вкупно во јули сите компании на неживотно осигурување исплатиле 409 милиони денари (6,65 мил.евра)) за штети покриени со договори за осигурување. Износот на исплатени штети е зголемен за 26 отсто во споредба со истиот месец во 2022 година. Зголемување во однос на истиот период лани има и кај бројот на исплатени штети за 19,5 отсто. Во јули годинава се исплатени вкупно 10.848 оштетни побарувања за штети покриени со неживотно осигурување.
Во структурата на исплатени штети за сите 17 класи на доброволни неживотни осигурувања доминира приватното здравствено осигурување, а по него следува каско осигурувањето на моторни возила со реализација од 60,6 милиони денари (985.500 евра). За осигуран имот во јули компаниите исплатиле штети во вредност од 25,1 милиони денари (408.000 евра).
Во структурата на исплатени штети, очекувано, најголемо е учеството за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност (ЗАО). Осигурителите исплатиле 234,9 милиони денари (3,82 мил.евра) на 2.251 осигуреник. Од тоа за штети настанати на патиштата во земјава се исплатени 133,9 милиони денари (2,18 мил.евра). За штети предизвикани во сообраќајни незгоди или несреќи во странство, покриени со зелената карта, во јули биле исплатени 98,2 милиони денари (1,6 мил.евра).
Во вкупниот износ на исплатени штети за јули „Кроација осигурување – неживот“ учествува со 9 отсто, „Еуролинк“ со 10 отсто, „Евроинс осигурување“ со 3,2 отсто, „Граве неживот“ со 16,9 отсто, „Македонија осигурување ВИГ“ со 10,6 отсто, а „Сава осигурување“ со 12,2 отсто. Со 8,9 отсто во вкупната исплата учествува „Триглав осигурување„, со 8,4 отсто „Уника“, „Винер ВИГ“ учествува со 4,5 отсто, „Осигурителна полиса“ со 5,6 отсто и „Халк осигурување“ со 10,7 отсто.
Повеќе детали на следниот линк https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/
Седница одржана на 15 август
- Записник од 23-та седница на СнЕ на АСО одржана на 1 август, 2023 година;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на Триглав осигурување живот АД Скопје и донесување решение;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за осигурување живот Скопје и донесување решение;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на ВИНЕР ЛАЈФ АД Скопје и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за стекнување квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво БД БРОКЕР АД Дебар од страна на лицето Пембе Колеци и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за стекнување квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво ЦЕРТУС АД Скопје од страна на лицето Трајче Митровски и донесување на решение;и
- Барање за добивање дозвола за вршење осигурително броекрски работи на Осигурително брокерското друштво ПРЕМИУМ ИНШУРЕНС АД Скопје и донесување решение.
Седница одржана на 1 август
- Записник пд 22-та седница на Спвет на експерти на Агенцијата за супервизија на осигуруваое, одржана на 17 јули, 2023 година;
- Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година, заклучно со 30.06.2023 година;
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за минимални барања за прием, обработка, резервација и исплата на барање за надомест на штета и/или осигурен износ во функција на подобра заштита на правата на осигурениците;
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење регистри на осигурителни брокери, осигурително брокерски друштва, застапници во осигурување, друштва за застапување во осигурувањето и банки од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување;
- Правилник за формата, содржината и начинот на водење регистри од страна на друштвата за осигурување, осигурително брокерските друштва и друштвата за застапување во осигурување;
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за лицето Селин Шакарер и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за лицето Ило Ристовски и донесување на решение;
- Разгледување и одлучување по Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на САВА осигурување АД Скопје и донесување на решение;
- Донесување на решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Анета Цветковска;
- Донесување на решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Виктор Чочковски;
- Донесување на решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Мими Каркалашева;
- Донесување на решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Сања Јаневска;
- Разгледување на Извештај за во однос на спроведен испит за вториот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (2023-2024) – ФИНАНСИСКА МАТЕМАТИКА.
Седница одржана на 17 јули
- Записник од 21-та седница на СнЕ на АСО одржана на 11 јули, 2023 година;
- Разгледување и одлучување во врска со Извадок од Нацрт-записникот од Сто шеесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 4 јули 2023 година
MONEYVAL: Системот за лиценцирање на АСО ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање тероризам
Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Во Извештајот е истакнато значењето на супервизијата заснована на ризици, како и соработката со надлежните државни органи.
Значаен придонес кон позитивната оценка имаат и актите, анализите и проценките донесени од страна на АСО и спроведените обуки за зголемување на ефикасноста во работењето на друштвата за осигурување и посредниците кои продаваат полиси за животно осигурување.
Во Извештајот на „Манивал“ позитивно се оценети и високата свесност и ефикасноста на друштвата за осигурување на живот во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Ваквата оценка е резултат на долгорочни, постојани и сеопфатни напори за унапредување на регулаторната рамка и спроведување на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Извештајот за нашата земја беше усвоен на 65 пленарна седница на „Манивал“ одржана на крајот на мај. Во Извештајот дадена е позитивна оценка и за целокупната поставеност на системот за спречување перење пари и финансирањето на тероризмот, што може позитивно да влијае врз рејтингот на друштвата за осигурување на живот, а претставува и признание за напорите и прогресот на АСО како финансиски регулатор.
Како резултат на двогодишен процес на евалуација во повеќе фази, извештајот за Македонија беше разгледуван и усвоен на 65 пленарна седница на Комитетот на експерти (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во рамки на целокупниот процес во кој учествуваа АСО и друштвата за осигурување на живот, Комитетот MONEYVAL изготви сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата со меѓународните стандарди на Работната група за финансиска акција (ФАТФ).
Целиот извештај е достапен на следниот линк https://rm.coe.int/moneyval-2023-4-mer-northmacedonia/1680abebe9