Јавна набавка: Образовни услуги за обука за актуари по предмет стохастичко моделирање за потребите на Агенцијата за супервизија на осигурување
Заинтересираните кандидати за пружање на услуги за едукатори на обуката може да ги најдат сите потребни информации за предметот во тендерската документација ТУКА.
АСО набави нов информациски систем за контрола на осигурителниот пазар
Новиот информациски систем ќе овозможи целосна дигитализиција на сите регистри како и процесите за прибирање, систематизација и обработка на податоци. Тоа на АСО ќе му овозможи поефикасна супервизија врз работата на сите 66 учесници на осигурителниот пазар: осигурителни компании, осигутелни брокерски друшта и друштва за застапување во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) набави нов информациски систем кој ќе се овозможи целосна дигитализација во прибирање, систематизирање и обработка на податоците за потребите на процесите на супервизија во осигурувањето.
По тој повод денеска д-р Крсте Шајноски, претседател на АСО и Драган Оремуш, извршен директор на хрватската компанија Compliant Risk Technology го потпишаа договорот за набавка, инсталација и имплементација на новиот информациски систем за супервизија на осигурувањето (ИСА СИС 2.0). Новиот информациски систем, согласно со договорот, ќе биде ставен во функција од 1 јануари 2022 година.
Со новото софтверско решение во целост ќе се дигитализира водењето на сите регистри и ќе се направи поефикасна супервизијата на АСО врз работењето на сите 66 учесници на осигурителниот пазар: осигурителни компании, осигурителни брокерски друшта и друштва за застапување во осигурување.
Новиот информациски систем ќе го замени потоечкиот кој е во функција 10 години. Неговата промена е неминовна заради тоа што не поддржува во целост работа по директивата за Солвентност II на ЕУ и покажува ограничени функционалности. Воедно технолошката застареност и ограничените фунционалности имплицираа потреба од набавка на нов информациски систем.
Софтверското решение ќе овозможи значајно подобрување во продуктивноста и ефективноста на процесите на супервизијата на осигурување, а воедно и исполнување на сите стандарди од директивата Солвентност II. Главната функција на новиот систем е регулаторно, бонитетно известување за ризик при обработка на податоци и функција за анализа на податоци. Системот ја олеснува теренската и вонтеренската супервизијата, а исто така обезбедува неопходен внес за приоритети, а воедно и распределба и планирање на супервизорските активности. Тоа овозможува оптимална употреба на супервизорските ресурси при нови бонитетни барања. Агенцијата како примач на податоци од технички аспект ќе користи управување со шаблон за извештај, мониторинг на поднесување, портал Frontend, Backend, регистри и компоненти на политика за управување со податоци во супервизорскиот процес за подобрување на ефикасноста при работењето.
Станува збор за набавка на модерен SupTech (Supervisory Technology) информациски систем за супервизија на осигурувањето кој веќе успешно го користат регулаторните тела за супервизија на осигурување во Хрватска , Словенија и Црна Гора.
Новиот информациски систем АСО го набави од сопствени средства по спроведена постапка за јавна набавка, а неговата вредност е 36,5 милиони денари.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.
Седница одржано на 4.8.2021
Решение за давање дозвола за вршење работи на застапување во осигурување на Друштвото за застапување во осигурување ПРО-ИНС АД Скопје,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник на лицето Тихомир Келемен;
- Извештај во однос на спроведен испит за вториот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит за актуари – ФИНАНСИСКА МАТЕМАТИКА подготвен од Комисијата за спроведување на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар;
- Извештај за поднесени претставки до АСО од страна на осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица во периодот од 01.01.2021 – 30.06.2021 година,
- Спогодба за раскинување на договор по јавна набавка на образовни услуги за спроведување на обука и стручен испит потребен за работа како овластен актуар,
- Одлука за изменување на Наставната програма за полагање на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар донесена со Одлука бр. 02-794/4 од 22.12.2020 година на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Одлука за изменување на критериумите за избор на едукатори за спроведување обука и стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар,
- Одлука за дополнување на Годишен план за јавни набавки на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година.
Седница одржана на 4.8.2021
- Решение за давање дозвола за вршење работи на застапување во осигурување на Друштвото за застапување во осигурување ПРО-ИНС АД Скопје,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник на лицето Тихомир Келемен;
- Извештај во однос на спроведен испит за вториот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит за актуари – ФИНАНСИСКА МАТЕМАТИКА подготвен од Комисијата за спроведување на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар;
- Извештај за поднесени претставки до АСО од страна на осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица во периодот од 01.01.2021 – 30.06.2021 година,
- Спогодба за раскинување на договор по јавна набавка на образовни услуги за спроведување на обука и стручен испит потребен за работа како овластен актуар,
- Одлука за изменување на Наставната програма за полагање на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар донесена со Одлука бр. 02-794/4 од 22.12.2020 година на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Одлука за изменување на критериумите за избор на едукатори за спроведување обука и стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар,
- Одлука за дополнување на Годишен план за јавни набавки на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година.
Седница одржана на 21 јули
- Записникот од 18-та седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 8.7.2021 година во 13:00;
- Одлука за дополнување на Годишен план за јавни набавки на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година,
- Измена на годишниот план за супервизија на осигурување,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за застапување во осигурувањето РЕА ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Халк Осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерка на супервизија кон Друштво за осигурување Триглав Осигурување Живот АД, Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурително брокерско друштво ЕУРО ЕКСПЕРТС АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерка на супервизија кон Друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп АД Скопје,
- Барање за добивање согласност Друштвото за ревизија ГРАНТ ТОРТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување УНИКА ЛАЈФ АД, Скопје за 2021 година и донесување на Решение,
- Барање за добивање согласност Друштвото за ревизија Дилоит ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје за 2021 година и донесување на Решение,
- Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година, заклучно со 30.06.2021 година,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување Македонија Осигурување АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за застапување во осигурувањето ЛАЈОН ИНС АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување Триглав Осигурување АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурително брокерско друштво СУПЕР БРОКЕР АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурителното брокерско друштво СМАРТ МАНИ СОЛУШНС АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување Уника АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Осигурителното брокерско друштво Еуромак Брокер АД Скопје
- Информација во врска со спроведена вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување ВИНЕР Лајф – Виена Иншуренс Груп АД Скопје