Седница одржана на 17.12.2019
- Решение за измена на Статутот на Триглав Осигурување Живот АД Скопје,
- Решение за давање дозвола за воведување на класата 21 – Осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови од групата на животно осигурување, во работењето на Триглав Осигурување Живот АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на Статутот на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје на лицето Агрон Таири,
- Решение за давање на согласност Друштвото за ревизорски услуги ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје за 2019 година,
- Решение за повлекување на согласност за вршење работи на застапување во осигурувањето од страна на банка,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на САВА осигурување а.д., Скопје,
Во Агенцијата за супервизија на осигурување се оддржа висока средба со преставници на Централна банка на Косово
Во Агенцијата за супервизија на осигурување денес се оддржа работна средба на која присуствуваа, Сулејман Ахмеди, извршен член на Советот на експерти и Игор Ивановски, надворешен член на Советот на експерти на Агенцијата и гувернерот на Централната Банка на Косово, Фехми Мехмети.
Целта на средбата беше размена на знаење и искуство како и продлабочување на воспоставената соработка меѓу двете институции а во рамки на областа на осигурувањето и супервизијата на осигурување.
Како што нагласи и гувернерот на Центраната банка на Косово, Фехми Мехмети тие се задоволни од досегашната соработка и исто така, ќе се залагаат за зајакнување на соработката во иднина.
Работна средба на земјите носители на Проектот за подготовка на Националната стратегија за финансиска едукација во соработка со OECD и Министерството за финансиии на Холандија
Во периодот од 6-8 ноември,2019 година во Тбилиси, Грузија се одржа втората по ред работна средба на тема Унапредување на финансиската писменост во Југоисточна Европа. Домакин на средбата беше Националната Банка на Грузија во соработка со Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД),и Министерството за финансии на Холандија како покровители. На истата учествуваше претставник од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Средбата беше конципирана во времетраење од два дена. Во текот на првиот конференциски ден фокусот беше ставен на институционални теми, концепт и прашања поврзани со имплементација на национална стратегија за финансиско образование со цел размена на искуство и знаење, споделување на анализи од истражувања од областа на финансиската едукација и инклузија на ОЕЦД, запознавање со предизвиците во областа, планирање на следни активности во рамки на среднорочниот проект. Додека пак, вториот ден беше посветен на работилница во чии рамки заедно со официјалните лица, практичари и експерти од земјите кои се директно одговорни за дизајнирање и спроведување на националните иницијативи за финансиско образование се работеше и се разменуваа искуства и знаење. Истата стави фокус на изготвување на студија на случај и политика за справување со предизвиците на финансиската писменост и едукација кај младата популација (ученици и студенти), рурално население и мали и средни претпријатија.
Агенцијата за супервизија на осигурување во престојните 4 години а во рамки на времетраење на проектната активност со Министерството на Холандија ќе биде посветена на соработката со членовите на Координациското тело за финансиска едукација и инклузија, и исто така, дополнително ќе ги развива односите и релациите со другите земји кои се дел од овој проект , со цел да придонесе во подготовката на сеопфатен стратешки документ кој ќе ги содржи елементите за развој на финансиската едукасија и писменост на населението во нашата држава.
Работилница на тема Директна обработка на штети од автоодговорност
На 18.09.2019 година, во просториите на Стопанска Комора на Македонија, а во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување, беше одржана Работилница на тема Директна обработка на штети од автоодговорност.

На работилницата присуствуваа претставници од сите 11 друштва за неживотно осигурување, од Националното Биро за Осигурување на Македонија, како и од Агенцијата за супервизија на осигурување.

Предавачи на работилницата беа д-р. Пјотр Маниковски и д-р. Јачек Лисовски, професори по осигурување на Универзитетот за економија и бизнис во Познањ, Полска, како и Турхан Јилмаз од Halk Sigorta, Турција. Предавачите ја презентираа поставеноста на системот на директна обработка на штета и го пренесоа искуството од примената на истиот во своите земји.
Агенција за супервизија на осигурување, Министерство за финансии и Народната банка ги доделија наградите по повод деновите на штедењето и осигурувањето: Преку финансиска едукација до посилна економија
Преку подобрување на финансиската писменост кај граѓаните се овозможува тие да носат поефективни одлуки за личните финансии, што пак влијае на економијата во целост – затоа е потребно уште од најмала возраст децата финансиски да се едуцираат. Ова беше истакнато на доделувањето на наградите по повод традиционалниот конкурс за ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето, кој го распишаа Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Министерството за финансии и Народната банка.
На настанот кој се одржа во Министерството за финансии присуствуваа министерката за финансии, Нина Ангеловска, претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Климе Попоски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска.

Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Климе Попоски, истакна дека раната финансиска едукација претставува клучен фактор за долгорочен развој и стабилност на финансискиот систем во една земја. Истражувањата во развиените земји покажуваат висок степен на корелација помеѓу финансиска едукација и писменост и благосостојбата на населението.
Попоски рече дека АСО како регулатор на пазарот на осигурување години наназад презема многубројни активности на полето на финансиската едукација меѓу кои и издавање корисни брошури и памфлети, друштвени игри за помладите од кои учат за ризиците и управувањето со нив, како и организирање редовни предавања во основните и средните училишта. До крајот на оваа година ќе биде промовиран интерактивен портал со цел граѓаните да се едуцираат и зајакне свесноста од опасностите од постоење на ризици и потребата за осигурување како инструмент за заштите од потенцијални финансиски загуби.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска посочи дека анализите покажуваат дека кај развиените економии финансиската писменост е два до трипати повисока во однос на финансиската писменост кај економиите во развој. Таа истакна дека во време на широка понуда на финансиски инструменти и услуги, граѓаните треба да бидат финансиски едуцирани за да можат да ги носат вистинските одлуки.
„Кај нас, последното мерење кое го направи агенцијата ГФК, покажа дека финансиската писменост на населението има многу простор да се подобрува преку финансиската едукација. Потребно е да се засили финансиската едукација и тоа за сите возрасти со цел – прво да ги ползуваат бенефитите, второ да се засилат механизмите за самозаштита кај самите потрошувачи, врз основа на личното знаење да прават вистинска проценка. Унапредувањето на финансиската писменост е важно за да можат кога зборуваме за кревање на фискална транспарентност, да можат тие податоци да ги разберат, со тоа да го формираат јавното мислење и да вршат и подобрување и притисок кон институциите, за сите заедно да се подобруваме – рече министерката Ангеловска.
„Во изминатиот период и ние како централна банка интензивно вложуваме во сферата на финансиската едукација, а од годинава и во поттикнувањето на финансиската инклузија. Имајќи предвид дека анкетните истражувања покажуваат релативно пониска писменост кај помладите, односно дека само 40% од младите на возраст од 18 до 24 години располагаат со минимум потребни финансиски познавања, голем дел од нашите активности се фокусирани на помладата популација“ – истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

Таа и соопшти дека активно се работи на првата наша Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто се очекува да биде донесена следната година. Во неа ќе бидат вградени сето стекнато искуство изминатите години, препораките на релевантните меѓународни институции и организации и најдобрите практики во оваа сфера.
Инаку, конкурсот за литературни и ликовни творби на ученици по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето, веќе е традиционален. Годинава, на конкурсот се пријавија над 1000 ученици од основните и средните училишта од целата земја, додека наградени беа 18, а пофалени 32 ученици. Целта на конкурсот е преку креативно учење и изразување да се засилат знаењата на учениците во областа на штедењето и осигурувањето.
Седница одржана на 7.11.2019
- План архивски знаци на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година,
- Листа на документарен материјал со рокови за нивно чување на АСО за 2020 година,
- Листа на архивска граѓа од трајна вредноста на АСО за 2020 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Уника АД Скопје,
- Решение за изрекување на дополнителни мерки во однос на неостранувањето на незаконитоста од страна на Акционерското друштво за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Никола Марковски
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Гордана Димова
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Даниела Наковска
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Елисавета Симјановска
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Дарко Реџовски
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Сулејман Дервиши
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Горан Ѓорѓиевски
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето КАтерина Тофиловска;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Соња Ранчанова Димкоски;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Горан Наумовски.
- Решение за престанок за дозволата за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво ЕНСА БРОКЕР АД Скопје.
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности,
Свечено одбележување на 10-годишнината од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување и Денот на осигурување (1 Ноември)
На 4 ноември 2019 година, Агенцијата за супервизија на осигурување организираше настан со цел свечено одбележување на 10-годишнината од основањето на Агенцијата за супервизија на осигурување и Денот на осигурување (1 Ноември).
Во рамки на свечениот дел на настанот, воведни обраќања имаа Бујар Османи, Заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Нина Ангеловска, Министер за финансии во Владата на Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Со цел потврдување на добрата соработка, Агенцијата за супервизија на осигурување им додели благодарници на следниве институции и истакнати поединци:
– Министерство за финансии на Република Северна Македонија,
– Сектор за финансиски систем при Министерството за финансии,
– Стопанска комора на Македонија,
– Канцеларија на Светска банка во Република Северна Македонија,
– Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија,
– Канцеларија на Европската банка за обнова и развој на Република Северна Македонија,
– Народна банка на Република Северна Македонија,
– Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија,
– Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување,
– Агенција за супервизија на осигурување на Република Словенија,
– Агенција за финансиски надзорна Република Австрија,
– Агенција за супервизија на финансиските услуги на Република Хрватска,
– Факултет за туризам и угостителство – Охрид,
– Здружение на осигурители од Австрија,
– Карел Ван Хуле, и
– Братислав Милошевиќ.
Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2019 на Бојан Србиноски за трудот со наслов „Побарувачката за осигурување на живот и ограничувањата при позајмувањето“ (преземи тука).

Наградата на авторот му ја додели претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски, по што следеше краток осврт на трудот од страна на авторот.
Во рамки на работниот дел на настанот се одржа панел дискусија на тема “Движечките фактори за повисок и одржлив раст на осигурувањето во регионот на Југоисточна Европа”, на која учество зедоа:
– Карел Ван Хуле, професор на Католичкиот универзитет во Левен, Белгија, во улога на модератор
– Горазд Чибеј, директор и претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Словенија;
– Ник Де Мешалк, директор на БИПАР, Европска федерација на посредници во осигурување;
– Кирил Бошов, претседател на Управниот одбор и ко-основач на Еурохолд, Бугарија
– Маја Крумбергер, директор на Словенечкото здружение за осигурување
– Патриша Борн, професор на Колеџот за бизнис на Државниот универзитет во Флорида, САД
– Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување
Во дискусиите се даде осврт на 3 теми, и тоа:
– Развојот на пазарот на осигурување во Македонија и во другите земји од Западен Балкан,
– Препознавањето на улогата на осигурувањето, и
– Влијанието и ефектите на осигурителната регулатива на Европската Унија.
Наградени ученици на Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Денот на осигурувањето ‒ 1 ноември
Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. Добивме голем број трудови и во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме. Јавното доделување на наградите ќе се одржи на 9. ноември, 2019 година, во просториите на Министерството за финансии, во 12 часот.
На Конкурсот за ученици од основното образование на тема „Осигурувањето и јас“ пристигнаа вкупно 74 ученички трудови, од кои 39 литературни творби – песни и 35 ликовни творби – цртежи.
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИКОВНИ ТВОРБИ – ЦРТЕЖ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Даниел Маслак, 2 одделение, ОУ „Рајко Жинзифов-Оризари”, Велес
- Лора Каревска, 4 одделение, ОУ „11 Октомври”, Скопје
- Сара Цветкова, 6 одделение, ОУ „Мирче Ацев”, Скопје
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИКОВНИ ТВОРБИ – ЦРТЕЖ, СЕ ДОДЕЛУВААТ ПОФАЛНИЦИ НА:
- Габи Давкова, 7 одделение, ОУ „Тошо Арсов”, Штип
- Дорант Салихи, 7 одделение, ОУ „Еќрем Чабеј”, Тетово
- Лана Пелтечка, 6 одделение, ОУ „Видое Подгорец”, Струмица
- Марио Ангелевски, 7 одделение, ОУ „Кирил и Методиј”, Велес
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ПЕСНА, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Лела Јонузи, 5 одделение, ОУ „Коле Неделковски“, Скопје
- Душан Китановски, 7 одделение, ОУ „Св. Кирил и Методиј“, Битола
- Гордан Станоески, 9 одделение, ОУ „Кочо рацин“ Прилеп
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – ПЕСНА, СЕ ДОДЕЛУВААТ ПОФАЛНИЦИ НА:
- Шехадије Сејди, 7 одделение, ОУ „Наим Фрашери”, Тетово
- Ева Анастасовска, 2 одделение, ОУ „Кирил Пејчиновиќ”, Скопје
- Ѓорѓи Димовски, 5 одделение, ОУ „Гоце Делчев”, Неготино
- Јордан Стојановски, 9 одделение, ОУ„Јосип Броз Тито”, Валандово
На Конкурсот за ученици од средното образование за расказ на тема „Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е мојата финансиска безбедност и заштита“ пристигнаа 18 раскази, а наградени се следниве ученици:
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – РАСКАЗ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Тијана Петкова, година, Средно училиште „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија
- Нина Нанеска, 3 година, Средно училиште „Мирче Ацев” – Прилеп
- Христијан Петрушевски, 1 година, Средно училиште „Боро Петрушевски” – Скопје
ВО КАТЕГОРИЈА ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ – РАСКАЗ, СЕ ДОДЕЛУВААТ ПОФАЛНИЦИ НА:
- Ана Илиева , 3 година Гимназија „ Орце Николов“- Скопје
- Костанца Билбиловска , 3 година Гимназија „ Гостивар“- Гостивар
