Седница одржана на 07.12.2020
- План за работа на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година.
„Македонскиот пазар на хартии од вредност и анализа на вложувањата и средствата со кои управуваат друштвата за осигурување на пазарот на харти од вредност„ беше темата на виртуелната работилница, која се одржа денес како активност што произлегува од склучениот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Македонската Берза, а е пред се во насока на унапредување и развој на финансискиот пазар.
Воведно обраќање на работилница имаа, Претсетдателот на Советот на експерти на АСО, г. Крсте Шајноски и г. Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонската Берза, а присутни беа претставници од друштвата за осигурување, вработените во АСО и претставници од Македонската Берза.
Содржината на презентациите подготвени од страна на Берзата дадоа осврт на моменталните состојби на Берзата но и споредбени показатели во светски рамки. Беа презентирани интернет продуктите на Берзата како извор на информации за домашниот пазар на харти од вредност со даден приказ на продуктите и сервисите за дистрибуција на податоците од тргувањето.
Содржината на презентацијата подготвена од страна на АСО даде осврт на анализата на вложувањата и сретставта со кои управуваат друштвата за осигурување на пазарите на капитал и светската пракса. Беше истакната важноста на друштвата за осигурување како институционални инвеститори и многу важни учесници на финансискиот пазар, особено на пазарот на капитал.
На крај на средбата се заклучи дека постои потреба од поголема соработка и координација помеѓу АСО, Берзата, и друштвата за осигурување, во насока на натамошно унапредување и развој на финансискиот пазар а со посебен акцент на осигурителниот пазар.
Финансиската писменост е јавен интерес, бидејќи индивидуалните и лични финансиски одлуки, влијаат на целокупниот економски раст и развој –
заклучија првите луѓе на финансиските регулаторни тела, кои се дел од Координативното тело за финансиска писменост во коешто учествуваат Народна банка, Министерство за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). На настанот со којшто се најавија Деновите за финансиска писменост, коишто ќе траат до 26 ноември и за првпат се одржуваат виртуелно, се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на КХВ, Нора Алити, претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али и претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски.
Гувернерката на Народната банка, Ангеловска-Бежоска, меѓу другото посочи дека во основа, најновата анкета на ОЕЦД за Југоисточка Европа, јасно укажува на позитивни поместувања од аспект на финансиската писменост во целиот регион, вклучително и кај нас, но истовремено ја нагласува и потребата од натамошни постојани напори на
регулаторите во ова сфера. Нивото на финансиската писменост на возрасното население кај нас изнесува 56% од максимумот, што е блиску до просекот во Југоисточна Европа од 57%, но е пониско од постигнатите резултати на земјите од ЕУ и ОЕЦД, од 64% и 65%, соодветно, што упатува на птореба и од натамошни активности.
„Активностите што ќе се спроведат во текот во Деновите на финансиската писменост се само дел од низата активности коишто ќе следат во претстојниот период. Овде пред сѐ би посочила на активностите за подготовка на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто наскоро би била завршена. Сето она што го предвидовме во неа се заснова врз најдобрите меѓународни практики во сферата на финансиската едукација зашто: „Едукацијата е пасош за иднината, бидејќи иднината им припаѓа на оние коишто денес се подготвуваат за неа“.“
– истакна гувернерката.
Министерот за финансии посочи дека технологијата нуди нови можности и дека граѓаните треба да се информираат, да ги следат трендовите за сопствено, но и општо добро. Тој најави дека следниот месец ќе има јавна расправа за законот за платни системи со кој се предвидуваат нови решенија и финтек можности и услуги кои се нудат на глобално ниво и за нашите граѓани.
„Финансиската писменост не е само лично добро, тоа е јавен интерес. Кога повеќе луѓе знаат подобро да ги вреднуваат економските работи и да
донесат поисправни финансиски одлуки од тоа имаат корист сите, бидејќи тогаш имаме помала веројатност за финансиски кризи, имаме поголема веројатност за стабилни инвестиции за стабилен раст. Затоа е важна финансиската писменост,не само заради лична добит, туку заради општиот интерес.“ – рече Бесими.
Нора Алити, претседателка на КХВ посочи дека финансиската едукација станува сѐпосуштинска, не само заради секојдневните финансиски потреби, туку затоа што влијае и на економскиот раст, финансиската стабилност, растот на индивидуалната благосостојба и на што е можно пошироката финансиска инклузивност на граѓаните.
„Инвестирањето во финансиската едукација е инвестирање во иднината. Оваа година, Комисијата за хартии од вредност со цел одбележување на деновите на финансиската едукација ќе објави една нова едукативна брошура со наслов “Инвестирај мудро, управувај паметно”, на македонски, албански и англиски јазик, заедно со неколку анимирани видеа, кои ги третираат поимот за хартии од вредност, тргувањето со финансиски инструменти и заштита при инвестирање на пазарот на капитал.“ – рече Алити.
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата засупервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, Максуд Али, истакна дека здравствената криза и во капитално финансирано пензиско осигурување предизвика прилагодувањена ресурсите на развој на дигитално поврзување помеѓу институциите и развој на алатки како апликации за членувањето во пензиските фондови и следење на индивидуалните сметки на самите членови. Почитувајќи го ставот дека процесот на едукација и информирање на членовите за финансискиот и пензискиот систем е континуиран процес, како и минатите години, Агенцијата во текот на целата 2020 година спроведува активности некои со Координациското тело за финансиска писменост и финансиска инклузија, некои со пензиските друштва, а некои и индивидуално.
Али, исто така истакна дека, Агенцијата како регулатор и супервизор посветено ќе продолжи и во иднина постојано да работи кон промоција на пензискиот систем и финансиската писменост и инклузија за развивање на свеста на јавноста. Исто така, ќе продолжи да соработува со институциите вклучени во пензиското осигурување и релевантните институции од финансиската област во насока на остварување на својата мисија да ги заштити интересите на членовите на пензиските фондови и да го поттикне развојот на капитално финансираното пензиско осигурување заради посигурни пензионерски денови.
Претсдеталот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), Крсте Шајноски посочи дека во контекст на финансиската едукација АСО поизразито ќе се отвори кон граѓаните.
„Зголемувањето на транспарентноста е најдобар одговор кон предизвиците пред кои сме исправени. Нема поголема едукација од фактот да расте довербата на осигурениците во осигурителниот сектор. Нема поголема едукација од зголемување на изборот на осигурителни полиси кои ќе им стојат на располагање на корисниците и промовирање на истите.
Основната функција на полисите е заштита на сигурноста на животот и имотот, но осигурувањето има функција и мобилизација на слободните финансиски средства, нивна капитализација и оплодување. Треба да работиме на развивање на недволно развиените столбови од финансискиот систем. Подигнувањето на квалитетот на финансиската едукација и нивото на финансиската писменост се едни од предусловите да ја постигнеме целта. “ – рече Шајноски.
Во текот на Деновите на финансиската писменост, финансиските регулатори организираат бројни активности, за коишто јавноста ја известуваат и преку своите веб-страници и преку официјалните страници на социјалните мрежи.
Видео-снимка од настанот:
https://youtu.be/3bIJRM4VAL4
Како дел од Деновите на финансиска едукација (24 до 26 ноември), Агенцијата за супервизија на осигурување подготви краток квиз за тестирање на вашето познавање на различни аспекти на осигурувањето!
Квизот содржи 10 прашања, а точните одговори ги добивате веднаш по внесување на одговор. Можете да пристапите на квизот на следниот линк.
Од 24 до 26 ноември годинава ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании.
Заради пандемијата, оваа година Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно преку едукативни содржини на интернет страниците, како и едукативни интернет предавања и презентации.
Агенцијата за супервизија на осигурување, како еден од организаторите и учесник на Деновите на финансиската писменост, упатува
ЈАВЕН ПОВИК
до сите заинтересирани граѓани
за присуство на едукативна презентација преку интернет врска на тема:
– Улогата и функцијата на Агенцијата за супервизија на осигурување
Презентацијата ќе се одржи преку интернет. Наменета е за слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења, ќе ги опфати основните и подеталните аспекти од работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Заради организирање на презентацијата во зависност од искажаниот интерес од граѓаните, сите заинтересирани лица треба да го најават своето присуство преку порака на:
– е-адресата: contact@aso.mk
1. Донесување на Правилник за начинот и постапката на спроведување на стручниот испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар
2. Одлучување по барање за добивање дозвола за воведување нова класа на осигурување (класа 17) во работењето на Акционерското друштво ЕВРОИНС Скопје
3. Одлучување по барање за добивање дозвола за воведување нова класа на осигурување (класа 14) во работењето на Акционерското друштво ЕВРОИНС Скопје
4. Одлучување по барање за добивање согласност за измена на статут на Акционерското друштво ЕВРОИНС Скопје,
5. Донесување на измена на Годишниот план за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година,
6. Донесување на Правилник за изменување на Правилникот за потребната документација за добивање лиценца за осигурителен брокер,
7. Донесување на Правилник за изменување на Правилникот за потребната документација за добивање лиценца за застапник во осигурувањето,
8. Донесување на Правилник за изменување на Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи,
9. Донесување на Правилник за изменување на Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување, и
10. Донесување на Правилник за изменување на Правилникот за начинот, постапката и документацијата потребна за добивање согласности.
Следната недела, од 24 до 26 ноември ќе се одржи четвртото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организатори и учесници се Агенцијата за супервизија на осигурување, Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС, а со свои активности се очекува да се вклучи и приватниот финансиски сектор.
Заради условите што ги наметнува пандемијата на ковид-19, оваа година, Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања преку интернет врска, што ќе овозможи и вклученост на поголем број заинтересирани граѓани. Сите институции коишто учествуваат во годинешното издание, преку своите веб-страници и преку страниците на социјалните мрежи ќе ги информираат граѓаните за активностите и е-настаните што се планираат, при што ќе известат како секој заинтересиран граѓанин ќе може да го пријави своето учество.

Финансиските регулаторни институции ги повикуваат граѓаните да ги следат информациите за планираните активности и активно да се вклучат во годинешното издание на Деновите на финансиската писменост. Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Во текот на годинава, прилагодено на условите на „новата нормала“, финансиските регулаторни институции спроведоа голем дел од планираните активности во сферата на финансиската едукација и финансиска инклузија. За следниот период се очекува ваквите активности и дополнително да засилат, имајќи предвид дека во завршна фаза е подготовката на првата Национална стратегија за финансиска едукација, финансиска инклузија и заштита на потрошувачите.
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека во периодот од март 2021 година до март 2023 година планира да организира обука и да спроведе стручен испит потребен за добивање на дозвола за овластен актуар (во понатамошниот текст: стручен испит за актуар).
Се повикуваат сите лица кои се заинтересирани и имаат намера да учествуваат на обуката и полагање на стручниот испит, најдоцна до 23.11.2020 година до Агенцијата за супервизија на осигурување, по електронски пат, да пријават интерес за учество на обуката и полагање на стручниот испит 1 со доставување на Известување за пријавување на интерeс (Прилог 1 од ова Соопштение) на следната електронска адреса: contact@aso.mk
Прочитајте го целиот повик на следниот линк.