С О О П Ш Т Е Н И Е
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите лица кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер во септемвриската едукативно испитна сесија, дека согласно принципот прв дојден прв услужен, следните лица кои ги исполнуваат условите за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер, ќе може да ја следат обуката и да полагаат стручен испит во мартовската едукативно испитна сесија:
Список на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување;
Список на лица за учество на обука и стручен испит за осигурителен брокер група1;
Список на лица за учество на обука и стручен испит за осигурителен брокер група2.
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 20, 21 и 29.9.2018 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 20-22.9.2018 година и 29.9.2018 година.
Деталниот распоред на предавањата и списокот на лица за учество на обука и стручен испит за застапник во осигурување односно за осигурителен брокер можете да го најдете на следниот линк:
Распоред на предавања за застапници на осигурување;
Распоред на предавања за осигурителни брокери.
Обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје).

На свечена церемонија во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на 2 јули, претседателот на Советот на експерти г. Климе Попоски ,и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury), г. Ахмет Генк, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии. При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели. Поконкретно, во водичот е дадено објаснување за тоа како може мудро да се управува со парите, како да се подготват финансиските планови и да се следи нивното остварување, како да се биде претпазлив и да не се влегува во финансиска презадолженост, како внимателно да се користат средствата земени со кредит и кредитните картички и редовно да се отплаќаат обврските итн. Истовремено, во водичот е објаснета и улогата на банкарските производи и услуги, финансиските инвестиции, осигурувањето и пензионирањето. Опфатени се и основните финансиски инвестиции, а дадено е и објаснување за разликите меѓу банкарските депозити и вложувањата во хартии од вредност итн.