С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 20-22.9.2018 и 29.9.2018 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.

На свечена церемонија во седиштето на Агенцијата за супервизија на осигурување, на 2 јули, претседателот на Советот на експерти г. Климе Попоски ,и заменик претседателот на Регулаторното тело за супервизија на осигурување на Турција (Undersecretariat of treasury), г. Ахмет Генк, потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Овој водич е наменет за пошироката јавност, со цел на едноставен начин да ѝ ги доближи основните концепти и поими од областа на управувањето со личните финансии. При неговата подготовка се настојуваше тој да биде разбирлив и за помладите генерации и за лицата коишто немаат формално економско образование, за да може преку него населението да се информира како е најсоодветно да се управува со финансиските средства за да се постигнат посакуваните цели. Поконкретно, во водичот е дадено објаснување за тоа како може мудро да се управува со парите, како да се подготват финансиските планови и да се следи нивното остварување, како да се биде претпазлив и да не се влегува во финансиска презадолженост, како внимателно да се користат средствата земени со кредит и кредитните картички и редовно да се отплаќаат обврските итн. Истовремено, во водичот е објаснета и улогата на банкарските производи и услуги, финансиските инвестиции, осигурувањето и пензионирањето. Опфатени се и основните финансиски инвестиции, а дадено е и објаснување за разликите меѓу банкарските депозити и вложувањата во хартии од вредност итн.