С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи
Продолжува континуираниот раст на масовноста при вложувања во ризико
осигурувањето на живот (кое нема штедна компонента) и најчесто е
обезбедување за банкарски кредити на осигуреници – физички лица. За
првите девет месеци лани во осигурување со штедна компонента граѓани
вложиле 13,4 милиони евра,а во ризико осигурување 6,7 милиони евра.
Заклучно со третиот квартал вкупната актива на петте друштва за
осигурување живот, кои се солидно капитализирани, изнесува 180 милиони
евра
Вкупно 297.559 граѓани го осигурале животот заклучно со крајот на септември
2022 година. Во осигурување живот за овој период се вложени 1,56 милијарди
денари (25,4 мил.евра), покажуваат податоците кои петте компании за
осигурување живот ги доставија до Агенцијата за супервизија на осигурување
(АСО).
Бројот на осигуреници кои имаат животно осигурување заклучно со третиот
квартал во 2022 година пораснал за речиси 55.000 односно 22,5 отсто за период
од една година.
Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека
најголем раст на продажбата има осигурителниот продукт популарно познат како
ризико осигурување. Со него во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на
член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Но доколку
не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства
ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати
средства во случај на смрт на осигуреното лице.
Ризико осигурување на крај на септември 2022 година имале над 237.000 лица
што е за 52 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година.
Причина за раст на продажбата за ризико осигурување е тоа што овој продукт се
поврзува со банкарски кредити кои ги имаат осигурениците.
Од сите договори за осигурување живот над 48.300 се со штедна компонента .
Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да
ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат
овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни
обврзници или други безризични финансиски инструменти. Продажбата на овој
осигурителен продукт бележи благ пад од 4 отсто во споредба со претходната
година. Вкупно за овој период во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 828,1
милиони денари (13,3 мил.евра)
Најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот
пазар е популарно нареченото „јунит линкд“ осигурување. Кај овој осигурителен
производ ризикот од инвестирањето е на товар на осигуреникот, а значаен дел од
парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии
пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал.
За првите девет месеци лани во овој продукт 11.800 граѓани вложиле 318,8
милиони денари (5,2 мил.евра).
Во овој период во продажбата на животно осигурување учествуваат пет
осигурителни компании. „Кроација осигурување“ учествува со 31 отсто, „Граве“ со
22 отсто, „Винер лајф“ со 18 отсто, „Триглав осигурување – живот“ со 17 отсто и
„Уника лајф„ со 12 отсто.
Компаниите за осигурување живот во првите девет месеци во 2022 годинава
исплатиле вкупно 484,8 милиони денари (7,9 мил.евра) на своите осигуреници по
основ на доживување, раскинати договори или ако осигуреник починал.
Петте друштва за осигурување на живот имаат силно влијание на одржување на
финансиската стабилност на осигурителниот пазар. Вкупната актива на овие
компании на крај на трет квартал лани изнесува 11 милијарди денари (179,6
мил.евра) што претставува 36 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни
компании.
АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на
усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските,
како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за
осигурување. Друштвата за осигурување се усогласени со овие законски барања,
во континуитет.
Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување
на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби, и со
солидни приноси.
Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од
капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал,
овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по
континуитетот во работењето.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело
кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на
осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците
и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
АСО воведе минимални износи на исплатени штети за инвалидитет откако увиде дека осигурителните компании исплаќаат различни износи за слични или идентични повреди настанати од несреќен случај – незгода. Од почетокот на годинава износите што ќе ги исплаќаат осигурителните компании за повреди кои причиниле инвладититет мора да бидат повисоки или еднакви на минимално утврдените. Оваа новина е регулирана во унифицираната Таблица за определување траен инвалидитет од повреди која важи за сите осигурителни компании. Таблицата е дел од Општите услови за осигурување од несреќен случај – незгода, а важи од почетокот на годинава и е достапна за сите осигуреници
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), во рамки на активностите за заштита на правата на осигурениците, утврди минимални износи (проценти) кои осигурителните компании мора да ги исплатат за траен инвалидитет кој е покриен со осигурување од несреќен случај – незгода.
Преку утврдените минимални износи на обештетување, за сите видови повреди кои предизвикуваат траен инвалидитет, АСО го подигна нивото на заштита за повеќе од 650.000 осигуреници кои користат осигурување од несреќен случај – незгода.
Осигурувањето од незгода е најмасовна доброволна осигурителна класа за која плаќаат стотици илјади граѓани колективно осигурување од незгода во својство на вработени, ученици и деца во градинки. Според податоците кои до АСО ги доставуваат компаниите кои продаваат вакво осигурување, граѓани и фирми во оваа класа осигурување вложиле 495 милиони денари (8 мил.евра) за првите девет месеци во 2022 година.
Новитетите со кои се подига нивото на заштита на осигурениците се содржани во унифицираната Таблица за определување процент на траен инвалидитет како последица од несреќен случај – незгода. Оваа единствената таблица од почетокот на оваа година ја применуваат сите осигурителни компании кои го продаваат осигурувањето од несреќен случај – незгода.
Таблицата ја изработи АСО во соработка со друштвата за осигурување, а како основа беше користена таблица која била на сила до 2005 година. Во процесот на носење на Таблицата беа користени и искуства од осигурителните пазари во Република Србија, Република Хрватска и Република Словенија.
Воведување на унифицирана Таблица за инвалидитет следуваше откако АСО утврди слабост во функционирање на системот на осигурување во класата на осигурување од несреќен случај (незгода).
Имено, анализата на пазарот за осигурување утврди дека кај различни осигурителни компании постојат различни проценти на инвалидитет за ист или сличен тип на повреди утврдени во таблици за инвалидитет кои се користеле до крајот на 2022 година.
Во вакви случаи споредбата на премијата и осигурената сума, без познавање на процентите за инвалидитет во таблицата, не можат да донесат до избор на најсоодветно осигурително покритие. Оваа тенденција беше особено изразена во постапките за јавни набавки при избор на осигурување од несреќен случај – незгода.
Новата таблица е дел од Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и е достапна за сите потенцијални осигуреници.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Новото системско решение за земјоделското осигурување ќе овозможи бројни бенефити за земјоделците, но и за осигурителните компании. Со вклучувањето на државата како партнер за двете страни земјоделското осигурување ќе стане масовно и лесно достапно, а секторот ќе биде многу поотпорен на шокови. Ова е вистинско време за негова имплементација особено сега кога ги чувствуваме негативните последици од климатските промени. Повеќе детали на следниот линк https://agrotim.mk/shajnovski/ во интервјуто на проф.д-р Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО за порталот www.agrotim.mk
Најголем раст на износот, а воедно и на бројот на исплатени штети има кај приватното здравствено осигурување – осигурителна класа која книжи најголеми растови на продажба три години по ред. За медицински трошоци осигурителите исплатија 4,5 милиони евра за 30.000 оштетни побарувања. Генерално кај сите класи од неживотното осигурување бројот на исплатени штети, на крај на третиот квартал, надмина 70.000 што е 29% повеќе во споредба со истиот период лани
Осигуреници наплатија три милијарди денари (48,5 мил.евра) обештетување за осигуран движен и недвижен имот, приватно здравствено, автомобилска одговорност, каско, патничко и други осигурувања опфатени со корпусот неживотни осигурувања, за првите девет месеци годинава. Сите 11 осигурителни компании исплатија повеќе од 70.000 штети за првите девет месеци годинава. Тоа е за 29 отсто повеќе исплатени штети од истиот период лани, покажуваат податоците што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 друштва за неживотно осигурување.
Најголем раст на вредноста на исплатени средства и на бројот на исплатени штети има кај здравственото (приватно, дополнително и доброволно) осигурување. До крајот на септември компаниите исплатиле над 30.000 штети за здравствени трошоци на своите осигуреници. Нивниот број е удвоен во споредба со истиот период лани.
Вкупниот износ на исплатени медицински трошоци покриени со приватно здраствено осигурување изнесува 278 милиони денари (4,5 мил.евра) или 93 отсто повеќе од истиот период лани.
Овие резултати упатуваат на заклучок за прекумерна употреба на приватното здравствено осигурување особено за превентивни прегледи во приватните здравствени установи. Но и покрај тоа зголемената пенетрација на приватното здравствено осигурување значајно придонесува за подигнување на културата за користење осигурување и генерално ја зголемува јавната свест за потребата од осигурување.
Овој осигурителен производ има и општествено корисна димензија затоа што ја подобрува превенцијата од болести, а при тоа не е на товар на централниот буџет.
Кај осигурувањето имот, најголема доброволна класа од сите неживотни осигурувања, за овој период се исплатени 449,2 милиони денари (7,3 мил.евра) за безмалку 6.000 штети. Износот на исплатени штети и нивниот број годинава се со минимални отстапувања во споредба со истиот период минатата година.
Очекувано, најмногу средства за штети се исплатени во најголемата осигурителна класа – автомобилска одговорност. За првите девет месеци компаниите исплатиле над 21.000 штета вредни 1,57 милијарди денари (25,5 мил.евра). Износот и бројот на исплатените штети во првите три квартали годинава се на ниво од истиот период лани.
Најголемо учество во вкупниот износ на исплатени штети за овој период има „Триглав осигурување“. Ова е очекувано затоа што оваа компанија од друга страна има и најголемо учество во продажбата на осигурување.
Во првите девет месеци годинава најголем раст на износот на исплатени штети има „Кроација осигурување – неживот“. Тоа во значајна мерка се должи на штетата од големиот пожар на осигуран имот на една тетовска компанија за продажба на градежни материјали.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Координациското тело за финансиска едукација и финансиска писменост во кое членуваат АСО, КХВ, МФ, НБ и МАПАС заедно со субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација и финансиската инклузија, ја одржа третата работна средба на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.
На средбата присуствуваше и претставник на Министерството за економија, којшто го презентира новодонесениот Закон за заштита на потрошувачите. Следствено, претставниците на приватниот и граѓанскиот сектор имаа можност да се запознаат со новините што ги носи овој закон во областа на финансискиот сектор, а главно се поврзани со поголема транспарентност и подобра информираност на корисниците на финансиски услуги, вклучително и во доменот на дигиталните финансиски услуги.
Од страна на претставник на Народната банка беа презентирани трендовите во доменот на финансиската едукација и инклузија на населението во нашата земја. Притоа, беше посочено дека се бележи тренд на пораст на повеќе показатели за финансиската инклузија во текот на 2021 година, делумно под влијание на условите наметнати во текот на пандемијата. Така, има пораст кај показателите за поседување сметка, кај располагањето и користењето платежни картички, како и кај онлајн плаќањата. Во доменот на финансиската едукација, во споредба со развиените земји, и натаму постои простор за унапредување на финансиските знаења на населението. Односот на населението кон заштедите, иако е подобар, и натаму е на пониско ниво во споредба со просекот во Европа и Централна Азија, гледано како извор на средства за покривање итни потреби, но и како расположливи средства за подоцнежна возраст. Промоцијата и едукацијата во доменот на расположливите инвестициски алтернативи, како и во доменот на користењето на дигиталните финансиски услуги, се наметнуваат како неопходност во современи услови.
Преку овие средби се овозможува редовен дијалог помеѓу регулаторите, субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор вклучени во активности за финансиска едукација, како и размена на предлози и искуства за зајакнување на финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите во финансискиот систем. Сето тоа е во прилог на успешно спроведување на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.