Огласи ЗА НАБАВКА НА ОБРАЗОВНИ УСЛУГИ ЗА ОБУКА НА АКТУАРИ 2021-2023
Заинтересираните кандидати за пружање на услуги за едукатори на обуката за актуари може да ги најдат сите потребни информации за предметот во тендерската документација ТУКА.
Седница одржана на 22.12.2020
1. Одлука за формирање на Комисија за попис на средствата и изворите на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2020 година,-
2. Упатство за работа на Комисијата за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2020 година,-
3. Правилник за пресметка на технички резерви на друштвата за осигурување и/или реосигурување,-
4. План за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година,
5. Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор на Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје за лицето Салаудин Имами,-
6. Одлука за спроведување на обука и стручен испит потребен за работа како овластен актуар во периодот 2021-2023 година;
7. Одлука за усвојување нa Наставна Програма за полагање на стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар,
8. Одлука за утврдување критериуми за избор на едукатори за спроведување обука и стручен испит потребен за добивање дозвола за работа како овластен актуар,
9. Одлука за утврдување на паричен надоместок на едукаторите ангажирани за спроведување на обука и стручен испит потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар,
10. Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за потребен за добивање на дозвола за работа како овластен актуар (2021-2023 година),
11. Одлука за измена на Годишен план за јавни набавки на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година.
Седница одржана на 07.12.2020
- План за работа на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година.
Одржана виртуелна работилница на 1-ви декември
„Македонскиот пазар на хартии од вредност и анализа на вложувањата и средствата со кои управуваат друштвата за осигурување на пазарот на харти од вредност„ беше темата на виртуелната работилница, која се одржа денес како активност што произлегува од склучениот Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Македонската Берза, а е пред се во насока на унапредување и развој на финансискиот пазар.
Воведно обраќање на работилница имаа, Претсетдателот на Советот на експерти на АСО, г. Крсте Шајноски и г. Иван Штериев, Главен извршен директор на Македонската Берза, а присутни беа претставници од друштвата за осигурување, вработените во АСО и претставници од Македонската Берза.
Содржината на презентациите подготвени од страна на Берзата дадоа осврт на моменталните состојби на Берзата но и споредбени показатели во светски рамки. Беа презентирани интернет продуктите на Берзата како извор на информации за домашниот пазар на харти од вредност со даден приказ на продуктите и сервисите за дистрибуција на податоците од тргувањето.
Содржината на презентацијата подготвена од страна на АСО даде осврт на анализата на вложувањата и сретставта со кои управуваат друштвата за осигурување на пазарите на капитал и светската пракса. Беше истакната важноста на друштвата за осигурување како институционални инвеститори и многу важни учесници на финансискиот пазар, особено на пазарот на капитал.
На крај на средбата се заклучи дека постои потреба од поголема соработка и координација помеѓу АСО, Берзата, и друштвата за осигурување, во насока на натамошно унапредување и развој на финансискиот пазар а со посебен акцент на осигурителниот пазар.