Седница одржана на 4.6.2021
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Решение за издавање на согласност за друштво за ревизија ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп за 2021 година,
- Извештај во однос на спроведен испит за првиот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит за актуари – ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА,
- Решение за одземање лиценцата за застапник во осигурувањето на лицето Билјана Јанкуловска.
Седница одржана на 21.5.2021
- Решение за издавање на согласност за измена на назив на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Акционерското друштво за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп,
- Решение за издавање на согласност за друштво за ревизија на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на Никола Стефанов,
- Одлука за изрекување мерка на супервизија кон Друштво за осигурување Евроинс Осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерка на супервизија кон Друштвото за осигурување Уника АД Скопје.
АСО: Бројот на претставки од незадоволни осигуреници зголемен за 56 отсто!
За првите три месеци годинава до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) се поднесени 36 претставки од осигуреници кои не се задоволни од работата на осигурителните друшта од кои купиле полиси за осигурување
За 56 отсто е зголемен бројот на претставки поднесени од осигуреници незадоволни од услугите на компаниите од кои купиле полиси за осигурување, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за првите три месеци годинава. Согласно со Законот за супервизија на осигурување секој осигуреник има право да поднесе претставка до АСО доколку е незадоволен од работата на компанијата од која ја купил полисата за осигурување.
За периодот јануари – март осигурениците поднеле вкупно 36 претставки против осигурителни друштва наспроти 23 претставки поднесени во истиот период лани. Од поднесените претставки АСО во четири случаи одлучил во корист на осигурениците кои биле подносители на претставки, за 17 предмети постапката е во тек, а за две претставки е утврдено дека се поднесени без основ за постапување. Во девет случаи причина за претставката била висината на понудениот надоместок за компензација на настанатата штета. Тие претставки не се процесирани затоа што АСО не одлучува за висината за понудениот надоместок за штета. Во корист на компаниите се решени три од сите поднесени претставки.
Во првите три месеци претставки поднеле 30 физички лица и шест правни лица.
Од аспект на видот на осигурување најмногу претставки – 13 се поднесени за штети од автоодговорност (задолжително осигурување). За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 10 претставки, а пет се однесуваат на незадоволни осигуреници од осигурување имот. Три претставки се за осигурување живот, а по една за патничко осигурување, каско осигурување и земјоделско осигурување.
Најмногу осигуреници вкупно 13 се жалеле на основот за исплата на штета. Деветмина на висината на понудениот надоместок, четворица реагирале на обработката на штетата, по една претставка има за рок на плаќање, одговор по приговор и висина на регрес. По останати основи се поднесени пет претставки.
Во делот на осигурувањето неживот за „Уника“ се поднесени осум претставки, седум претставки има за „Винер неживот„, пет за „Граве неживот“, по две за „Халк Осигурување“, „Евроинс“ и „Еуролинк“. По една претставка е стигната за: „Сава“, „Триглав“, „Кроација неживот“, „Осигурителна полиса“ и за Националното биро за осигурување. Од компаниите за осигурување живот за „Кроација осигурување живот“ има три претставки. Во овој период нема претставки за „АДОР Македонија“, „Граве живот“, „Уника живот“, „Триглав живот“ и „Винер живот“.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на компанијата за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.
КОНКУРС ЗА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ ЗА НАЈДОБАР ТРУД ОД ОБЛАСТА НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ И ОСИГУРУВАЊЕ
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2021 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
- апстракт;
- осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
- опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
- анализа;
- заклучни согледувања и
- библиографија.
Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2021 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.
Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик.
Повеќе (ЛИНК)
Финансиската писменост е од суштинска важност за да се заштитат потрошувачите
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) , во рамки на своите законски надлежности и овластувања, и годинава осмисли и спроведува сет на активности за финансиска едукација на населението.
Меѓу основните цели на АСО е и заштитата на потрошувачите, развивање на свеста за осигурувањето и супервизијата на осигурување, финансиска едукација и инклузија.
Нашата задача, како независен регулатор на осигурителниот пазар, е во континитет да ја подигаме јавната свест и перцепцијата за осигурувањето како јавен интерес на целото општество.
Затоа мај го избравме за месец на финансиската писменост!
За повеќе детали следете не на edukacija.aso.mk и на социјалните мрежи (Facebook, Instagram, LinkedIn)
Седница одржана на 04.05.2021
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Халк Осигурување АД Скопје,
- Наредба за отстранување на незаконитостите утврдени во Записникот од спроведена вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Халк Осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерка на супервизија кон Осигурителното брокерско друштво Вебер ГМА АД Битола,
- Одлука за изрекување мерка на супервизија кон Осигурително брокерско друштво АМГ Премиум,
- Стратегија за спречување на перење на пари за 2021-2023 година,
- Извештај за поднесени претставки до АСО од страна на осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица,
- Одлука за дополнување на Годишен план за јавни набавки на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2021 година,
- Решение за издавање на согласност за друштво за ревизија на АД за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Решение за давање согласност за вршење работи на застапување во осигурување на Друштво за застапување во осигурување ПРОТЕКТОР АД, Прилеп,
- Одлука за Конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2021 годинаа и
- Решение за именување на членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2021 година
Најголемата исплатена штета е за осигурување имот и изнесува 382.000 евра
Меѓу најголемите поединечни исплатени штети пет се за осигурување од задолжителна автомобилска одговорност, четири од осигурување имот. Најголемата исплатена сума за штета од каско изнесува 94.000 евра, а за покритие од зелен картон е платено обештетување од 221.000 евра
Најголемата исплатена бруто штета од осигурување лани изнесува 23,5 милиони денари (382.000 евра), покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Штетата е исплатена е на правно лице за имот кој бил осигуруван во осигурителната компанија за неживот „Осигурување Македонија“.
Од најголемите поединечни исплатени штети (за секоја од 11 компании за осигурување неживот) лани пет се за исплата на задолжителна автомобилска одговорност, четири се за осигурување имот, а по една штета за каско осигурување моторно возило и зелен картон.
Втор највисок износ за обештетување, во конкуренција на осигурителните друштва кои покриваат ризици од неживот, е исплатен за осигурување имот од пожар. Станува збор за правно лице кое имало осигурување во „Уника“ за чие покритие оваа компанија исплатила 17,37 милиони денари (282.000 евра).
Најголем износ за штета која произлегува од задолжителната автомобилска одговорност лани исплатила „Сава Осигурување“ и износот е 13,5 милиони денари (219.500 евра). Речиси ист износ исплатила осигурителната компанија „Триглав осигурување“ за штета што е покриена со зелен картон. Најголемата штета што лани ја исплатил „Еуролинк“ изнесува 9,23 милиони денари (150.000 евра) и се однесува на обештетување по основ на пожар на имот. „Винер“ пак за покривање на штета врз имот лани на клиент платил 9,16 милиони денари (149.000 евра).
Во сегментот каско осигурување најголема штета лани исплатила „Кроација осигурување“ и таа изнесува 5,78 милиони денари (94.000 евра).
Најголеми поединечни штети во сегментот задолжителна автомобилска одговорност лани исплатиле и „Осигурителна полиса“ 7,6 милиони денари (124.000 евра), „Халк Осигурување“ 4,16 милиони денари (68.000 евра), „Евроинс осигурување“ 3,76 милиони денари (61.000 евра) и „Граве неживот“ (38.000 евра).
Граѓани, компании и институции од пријавени штети лани наплатиле вкупно 4 милијарди денари (65,1 милиони евра) што е на исто ниво како и во 2019 година. Од тоа за штети по полиси за неживотно осигурување компаниите на осигурениците исплатиле 3,57 милијарди денари (58 милиони евра). Исплатите на штети по основ на осигурување живот изнесуваат 436,9 милиони денари (7,1 милиони евра)
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните друштва, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација на населението.
