Седница одржана на 04.01.2019
- Решение за вршење на работи на застапување во осигурувањето, на Комерцијална банка АД Скопје,
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи во 2019 година,и
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување во 2019 година,
Седница одржана на 27.12.2018
- Одлука за донесување на Финансиски план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година,
- План за работа на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година,
- Годишен план за теренска супервизија на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година,
- Давање на согласност на предлог стратешки план за извршување на внатрешната ревизија за периодот 2019-2021 година,
- Давање на согласност на предлог план за извршување на внатрешната ревизија за 2019 година,
- Правилник за внатрешна организација во Агенцијата за супервиизја на осигурување,
- Правилник за систематизација на работните места во Агенцијата за супервиизија,
- Решение за издавање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на Осигурително брокерското друштво БРОЛИНС АД, Скопје,
- Решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР.
Седница одржана на 24.12.2018
- Одлука за формирање на Комисија за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2018 година,
- Упатство за работа на Комисија за попис на средствата и изворите на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2018 година,
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата Извршен член на Одборот на директори на Сава осигурување а.д. Скопје, на лицето Сашо Дракуловски;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Африм Нухија;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Сеад Личина;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Емрула Мулаи;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Марко Стојановски;
- Решение за издавање на согласност за стекнување на квалификувано учество на Халк Банка АД Скопје во Нова Осигурување АД Скопје.
Седница одржана на 13.12.2018
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, на лицето Агрон Таири,
- Решение за вршење на функцијата член на Управен Одбор на Друштвото за осигурување ЕУРОСИГ АД Скопје на лицето Арт Гаши,
- Решение за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје, на лицето Дритон Азизи,
Техничка помош за финансиска едукација во Програмата на Конституенцата на Министерството за финансии на Холандија во соработка со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при ОЕЦД
На крајот на септември 2018 година, во Хаг, Холандија, се одржа првиот состанок со кој официјално започна петгодишниот проект за финансиска едукација (2018-2022 година) со поддршка на Министерството за финансии на Холандија и Меѓународната мрежа за финансиска едукација при ОЕЦД (ИНФЕ-ОЕЦД). На состанокот присуствуваа претставници од Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација на Република Македонија. Координациското тело, вклучувајќи ги петте институции: Агенцијата за супервизија на осигурување, Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, ќе биде носител на проектот и ќе ги спроведува идните активности, а воедно и ќе воспостави соработка со други релевантни институции и организации во Република Македонија заради успешна реализација на севкупниот проект.
Во овој проектот се вклучени земјите коишто имаат интерес да ја подигнат свеста за финансиска писменост на своето население или веќе преземаат чекори во оваа насока, а тоа се: Македонија, Романија, Молдавија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија и Грузија.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување Ве известува дека третиот стручен испит за осигурителен брокер – практичен дел ќе се одржи на ден 11.12.2018 година од 11:30до 13:30 часот.
Стручниот испит за осигурителен брокер ќе се спроведува во испитниот центар на Правниот Факултет во Koмпјутерски Центар на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје.
Во прилог ви ја испраќам мапата со точна локација на објектот и листата на пријавени кандидати.
https://goo.gl/maps/eMcWw3xD2hv
Ве потсетуваме дека согласно Решението за исполнување на услови за полагање стручен испит за осигурителен брокер, должни сте преку електронска пошта: armin.ukikj@aso.mk да го пријавите учеството на стручниот испит за осигурителен брокер, во рок од 5 дена од денот на добивање на известувањето. Исто така, Ве известуваме дека е потребно да бидете во просториите на Испитниот центар најдоцна 30 минути пред почетокот на испитот и потребно со себе да носите документ за лична идентификација.
Седница одржана на 27.11.2018
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво АМГ Премиум АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Осигурително брокерското друштво К МК Брокер АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за застапување во осигурување ЛАЈФ ВИЗИОН АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на Статутот на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје,
- Решение за давање согласност за reвизија на Друштвото за ревизорски услуги ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје за 2018 година.Друштво за ревизија,
- План на архивски знаци на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година,
- Листа на документарен материјал со рокови за нивно чување на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година,,
- Листа на архивска граѓа од трајна вредност на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2019 година,