Седница одржана на 16.07.2015
- Решение за издавање согласност за измена на Статут на друштвото за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп,
Работна посета на Австриската Асоцијација на Осигурители
На покана на Австриската асоцијација на осигурители, претседателот и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување учествуваа на тркалезна маса на тема осигурување со претставници на Австриската осигурителна индустрија. На средбата беше разговарано за најновите трендови на осигурителниот сектор во Австрија како и на ниво на ЕУ, финансиската едукација и улогата на Австриската асоцијација на осигурители во однос на финансиската едукација.

Од страна на претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски беше извршена презентација за состојбата и перспективите на осигурителниот сектор во Македонија, законската и подзаконска регулатива и местото и улогата на австриските осигурителни групации во Македонија. На крајот, се остави простор за отворена дискусија.
Покрај, претставниците од Австриската осигурителна асоцијација вклучувајки го и претседателот на Асоцијацијата г. Louis Norman-Audenhove, учествуваа и претставници од трите австриски осигурителни групации присутни во Македонија и преставници од австриските осигурителни компании кои имаат интерес во иднина, да инвестираат во осигурителниот сектор во Македонија.
Седница одржана на 29.06.2015
- Годишен Извештај за состојбата и движењата на осигурителниот пазар во РМ во 2014 година,
- Годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2014 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема АД за осигурување Еуролинк Скопје,
- Решение за издавање дозвола за воведување на нова класа на осигурување од групата на осигурување на живот во работењето на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Решение за издавање согласност за измена на Статут на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
Седница одржана на 12.06.2015
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје
Известување
Известување за термини за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои учествувале на обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи спроведена во април 2015 година, а кои нема да го положат стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи со првото полагање (теоретски и практичен дел), дека согласно членот 13 став (4) од Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) имаат можност за уште две повторни полагања на стручниот испит и тоа во следните термини:
- Второ полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
- 1. прв (теоретски ) дел 25.6.2015 година
- 2. втор дел (практичен пример) 10.7.2015 година
- Трето полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
- 1. прв дел – (теоретски дел) 31.8.2015 година
- 2. втор дел – (практичен пример) 14.9.2015 година
За точното време на одржување на стручниот испит во рамки на горенаведените термини, лицата ќе бидат дополнително известени.
