Регионален семинар за осигурителни регулаторни тела во Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија за макропруденцијална и групна супервизија
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија, во периодот од 8-10 мај, 2012 година, беше домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија, на тема : ” Макропруденцијална и групна супервизија.
Овој настан беше организиран во соработка со Финансискиот инсистут за стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). На овој настан присутвуваа претставници од осигурителните регулаторни тела на : Чешка, Литванија, Албанија, Бугарија, Полска, Азербејџан, Турција, Молдавија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Република Македонија и Црна Гора.
Опфатените теми на семинарот, ги презентираа истакнати личности од областа на супервизијата во осигурувањето : Ms. Gunilla Lofvendahl, Специјалист во финансискиот сектор од Финансискиот инсистут за стабилност ( FSI) и Банка за меѓународни порамнувања(BIS); Mr. Peter Braumuller, Претседател на извршниот комитет на Финансиски пазарен регулатор (FMA) ; Mr. Michael Zboron, Технички специјалист во Регулаторот на пазарот за финансиски услови во Велика Британија ( FSA) UK и Mr. Jeffrey Yong, Специјалист во финансискиор сектор во FSI и BIS.
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија домаќин на Регионален семинар за осигурителни регулаторни тела
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија во периодот од 8-10 мај, 2012 година ќе биде домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија, под наслов “Макропруденцијална и групна супервизија”
Овој исклучителен настан е организиран во соработка со Финасискиот институт за стабилност (FSI) со седиште во Базел, Швајцарија и Меѓународната Асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). Семинарот ќе опфати теми од областа на управување со финасиската стабилност и ризиците вклучувајќи ја и соработката меѓу регулаторните органи. За повеќе информации во врска со програмата Ве молиме кликнете овде
Конкурс за годишна награда за млади истражувачи
К О Н К У Р С
за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2012 година
Седница одржана на 29.03.2012
- Решение за издавање согласност за измена на Статут на Акционерското друштво ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ Скопје;
- Правилник за содржината на редовните известувања кои друштвата за осигурување и/или реосигурување ги доставуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување согласно Законот за супервизија на осигурување;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема АД за застапување во осигурување САФЕ ИНВЕСТ МАКЕДОНИЈА, Скопје;
- Одлука за утврдување на условите и начинот на доделување на награда за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Посета на Австриската асоцијација на осигурители
На 14-ти март, 2012 година, членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување остварија работна средба во Виена, во седиштето на Австриската Осигурителна Асоцијација.
Целта на оваа посета беше да се одржи презентација од страна на Агенцијата за развојот на пазарот на осигурување во Република Македонија во изминатиов период пред потенцијални австриски инвеститори.
Работна посета во Брисел
На 13-ти март, 2012 година, во Брисел, членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување остварија работна средба со г. Карл Ван Хуле, раководител на единицата за осигурување и пензиско осигурување која е составен дел на Директоратот за внатрешен пазар и услуги во рамки на Европската Комисија.
Претставниците на Агенцијата го запознаа г. Ван Хуле со постојната законска регулатива во Република Македонија и исто така, се разговараше за новиот режим на Солвентност 2 во областа на осигурувањето и предизвиците кои ги носи овој режим. Во контекст на ова, претставникот беше информиран дека е формирана и работна група со претставници од Агенцијата, Министерството за финасии како носител на законската регулатива и стручни лица од осигурителната индустрија, со цел носење на ново законско решение согласно барањата на режимот Солвентност 2. Една од точките на агендата беше и заштитата на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги односно кои активности Агенцијата ги презема во овој сегмент, но и исто така, се разговараше и за искуството на земјите членки на ЕУ.
Седница одржана на 31.01.2012
- Тарифник за дополнување на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата:
- Решение за давање на согласност за стекнување на квалификувано учество во осигурително брокерско друштво.
Седница одржана на 18.01.2012
- Решение за издавање дозвола за воведување на нова класа на осигурување на Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД, Скопје;
- Решение за издавање согласност за измена на Статут на Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД, Скопје;
- Решение со кое се дава дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на Осигурителното брокерско друштво КОРАБ ИНС АД Скопје.

