Супервизорски форум, Франкфурт, Германија
Изминатата недела во седиштето на Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA), во Франкфурт, Германија се одржа за прв пат Осигурителен Супервизорски Форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан.

Делегација од Агенцијата за супервизија на осигурување присуствуваа на Форумот и имаа презентација за сегашните развојни трендови на македонскиот осигурителен пазар, како и за актуелните предизвици од областа на регулатива и супервизија. Претседателот на Советот на експерти на АСО, Климе Попоски истакна „ Во последните 10 години имаме значаен пораст на осигурувањето и тоа во двата сегмента неживот и осигурување на живот. За споредба во периодот 2009-2018 година кумулативниот и просечно годишната стапка на раст во двата сегмента на осигурителниот сектор се поголеми во споредба со просекот на пазарите на осигурување во ЕУ.

Целта на Супервизорскиот Форум претставуваше предизвиците во имплементацијата на европските осигурителни директиви во националните законодавства на земјите од Западен Балкан, зајакнување на дијалогот помеѓу регулаторните тела од регионот и Европското регулаторно тело за осигурување и пензии, како и јакнење на супервизорските капацитети и практики за поголема стабилност на осигурителниот сектор.
Во рамките на Форумот покрај претставувањето на актуелните предизвици од областа на регулативата и супервизијата во осигурувањето од страна на претставниците од земјите од Западен Балкан, Претседателот на Агенцијата за супервизија на осигурување, г-ин Климе Попоски ќе има излагање во име на земјите на Западен Балкан на тема „Економски развој и преглед на осигурителната индустрија во регионот на Западан Балкан“.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Во врска со Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и Соопштението за спроведување на обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи, двете објавени на ден 6.9.2019 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден – 11.9.2019 година (10.30 часот) пополнети се капацитетите за учество на обуката и стручните испити.
Поради горенаведеното, Пријавите/барањата за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник односно осигурителен брокер кои ќе бидат доставени по објвавување на ова Соопштение, нема да бидат земени во предвид.
Агенцијата за супервизија на осигурување, домаќин на Регионален настан на осигурителни супервизори
генцијата за супервизија на осигурување по вторпат е домаќин на Регионален семинар во заедничка организација со Институтот за финансиска стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). Семинарот оваа година ќе биде на тема групна супервизија, деловно однесување на пазарот и дигитализацијата во осигурувањето. Истиот ќе се одржи во Охрид, во периодот од 26 до 27 септември.
На семинарот ќе земат учество претставници од регулаторните тела и институции надлежни за супервизија на осигуравање од регионот на Централно-Источна Европа, Централна Азија и Кавказскиот регион и исто така, ќе бидат поканети истакнати експерти од областа кои ќе презентираат и говорат на одбрана тема. Истиот претставува одлична можност за размена на знаење и искуство меѓу супервизорите од областа на регулативата и спроведувањето на супервизијата на осигурување и воедно можност да се воспостават поблиски односи за идна соработка меѓу регулаторните институции.
Седница одржана на 10.09.2019
- Решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество во ОБД ДЕЛТА ИНС АД Скопје од страна на лицето Елизабета Тасевска;
- Решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество во ОБД МОБИЛИТИ БРОКЕР АД СкопјеАД Скопје од страна на лицето Јонче Лајмановски;
- Решение за издавање согласност Друштвото за ревизија ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за осигурување на живот Скопје за 2019 година;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Жарко Крстиќ;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Јосиф Пеневски;
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе спроведе обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.9.2019 година.
С О О П Ш Т Е Н И Е за спроведување на обука и стручен испит за вршење на осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека ќе организира обука и стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за брокер).
Обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 26-28.9.2019 и 5.10.2019 година во просториите на “Европски универзитет” кој се наоѓа на Бул. “Климент Охридски” бр.68 во Скопје.
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитот ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот.
Седница одржана на 27.08.2019
- Решение за издавање на дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на ОБД ИБИС ОСИГУРУВАЊЕ АД;
- Решение за издавање на согласност за вршење работи на застапување во осигурување на ТТК БАНКА АД Скопје;
- Решение за издавање на согласност за вршење работи на застапување во осигурување на Универзална инвестициона Банка АД Скопје Скопје;
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизија ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје за 2019 година;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Габриела Антониевска;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Наташа Савеска;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Росана Шаревска;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Симона Гроздановска;
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Ели Черкезова Тасева;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштво за осигурување ЕУРОСИГ;
Седница одржана на 07.08.2019
- Решение за давање согласност Друштвото за ревизија КПМГ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на САВА осигурување а.д, Скопје за 2019 година,
- Решение за издавање на согласност за стекнување квалификувано учество во Осигурително брокерското друштво С.Т.М БРОКЕР ПЛУС АД Скопје од страна на лицето Сеад Личина,
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во ТРИГЛАВ осигурување АД Скопје на лицето Ѓорѓе Војновиќ,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Анастас Нака,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Љубиша Анастасов,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Иљбер Џафери,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Ндерим Ахмети,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Небојша Петковски,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Блерим Зулали,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Тања Трајкова Илиевска,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Благој Димитров,
- Извештај за пазарот на осигурување, за првиот квартал,2019 година,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на финансиските извештаи и детална содржина на годишниот извештај за работењето на друштвата за осигурување и/или реосигурување,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за деталната содржина на потврдата на овластениот актуар,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за видовите и описот на ставки што ќе се земат предвид при пресметка на капиталот на друштво за осигурување и/или реосигурување,
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за контен план за друштвата за осигурување и реосигурување,