Седница одржана на 04.08.2015
- Решение за издавање дозвола за вршење работи на застапување во осигурување на Друштвото за застапување во осигурување ИБО ИНШУРЕНС АД, Куманово,
На покана на Австриската асоцијација на осигурители, претседателот и членовите на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување учествуваа на тркалезна маса на тема осигурување со претставници на Австриската осигурителна индустрија. На средбата беше разговарано за најновите трендови на осигурителниот сектор во Австрија како и на ниво на ЕУ, финансиската едукација и улогата на Австриската асоцијација на осигурители во однос на финансиската едукација.

Од страна на претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски беше извршена презентација за состојбата и перспективите на осигурителниот сектор во Македонија, законската и подзаконска регулатива и местото и улогата на австриските осигурителни групации во Македонија. На крајот, се остави простор за отворена дискусија.
Покрај, претставниците од Австриската осигурителна асоцијација вклучувајки го и претседателот на Асоцијацијата г. Louis Norman-Audenhove, учествуваа и претставници од трите австриски осигурителни групации присутни во Македонија и преставници од австриските осигурителни компании кои имаат интерес во иднина, да инвестираат во осигурителниот сектор во Македонија.
Известување за термини за полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои учествувале на обуката за вршење работи на застапување во осигурување и осигурително брокерски работи спроведена во април 2015 година, а кои нема да го положат стручниот испит за вршење работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи со првото полагање (теоретски и практичен дел), дека согласно членот 13 став (4) од Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) и Правилникот за начинот и постапката за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи (“Службен весник на РМ” бр. 118/2014) имаат можност за уште две повторни полагања на стручниот испит и тоа во следните термини:
За точното време на одржување на стручниот испит во рамки на горенаведените термини, лицата ќе бидат дополнително известени.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите кои го положиле стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурување/ осигурително брокерски работи – теоретски дел одржан на ден 26.5.2015 година, дека стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурување/ осигурително брокерски работи – практичен дел ќе се одржи на ден 23.6.2015 (вторник) година од 10:00 до 12:00 часот.
К О Н К У Р С
за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година
Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2015 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија.
Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000,00 денари.
Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:
– апстракт;
– осврт на консултираната литература од областа која се истражува;
– опис на методите на истражување кои се користат во трудот;
– анализа;
– заклучни согледувања и
– библиографија.