Седница одржана на 05.11.2015
- Решение за издавање согласност за член на орган на управување во друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје на лицето Селаудин Имами
Решение за издавање на согласност за член на орган на управување во друштвото за осигурување ТРИГЛАВ АД Скопје на лицето Ѓорѓе Војновиќ
Агенцијата за супервизија на осигурување, по повод одбележување на Денот на осигурувањето, 1-ви ноември, пред претставници од осигурителната индустрија и претставници од други државни институции и регулаторни тела, одржа свечена манифестација.
На манифестацијата свечено се обратија г. Зоран Ставрески, Заменик на Претседателот на Владата и министер за финансии, г. Димитар Богов, гувернер на Народната банка на Македонија и г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
По нивното обраќање следеше промоција на двете најнови информативно – едукативни материјали подготвени од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) кои се во насока на континуираните активности за финансиска едукација на населението.
Во рамки на манифестацијата беше доделена награда и плакета за најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2015 година под наслов ”Анализа на смртноста на корисници на ануитет од повеќе земји и корекција на македонски популациски таблици на смртност”. Трудот обработува актуелна и општествено полезна проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување на живот и пензиските друштва, а се однесува на смртноста на корисниците на ануитет (превземи тука).
Наградата на авторот г. Ристо Бајатов му ја додели претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски и следеше кратка презентација на трудот од страна на авторот.
На свечена церемонија во Народната банка на Србија, на 26 октомври, гувернерот на Народната банка на Србија, г-ѓа Јоргованка Табакович и претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, г. Климе Попоски потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.
Со Меморандумот се уредува соработката и размената на информации и податоци во областа на спроведување супервизија во осигурувањето. Со прифаќање на поканата за потпишување на Меморандумот, Народната банка на Србија отворено ја покажа својата отвореност за регионална соработка.
Имајќи предвид дека пазарите на осигурување во нашите земји се соочуваат со слични предизвици, соработката ќе придонесе преку размена на искуство, пракса и знаење значително да се унапреди работењето на нашите институции и да се овозможи сеопфатна заштита на осигурениците и корисниците на осигурителни производи и услуги.
АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ И НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВААТ КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ СО СЛИКАЊЕ НА ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ НА ПЕСНА:
ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ШТЕДЕЊЕ
ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ОСИГУРУВАЊЕ
Учесниците на конкурсот треба да испратат:
– ликовна творба за учесниците од основното образование; и
– литературна творба – поезија за учесниците од средното образование,
на зададените теми: „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“ или „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“.
Крајниот рок за доставување на творбите е 28 октомври 2015 година.
Имајќи предвид дека еден од главните приоритети на Агенцијата за супервизија на осигурување е зајакнување на соработката со други регулаторни тела и други надлежни институции склучен е Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи во Република Македонија.
Со овој Меморандум се уредува меѓусебната соработка на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Управата за јавни приходи (УЈП) поврзана со размена и употреба на информации, податоци и размена на искуства. Меморандумот не подразбира почеток на соработка помеѓу институциите, напротив претставува официјална основа на нашата досегашна добра соработка и воедно овозможува продлабочување на соработката и отворање на нови можности и корист за двете институции.