ИЗВЕСТУВАЊЕ- Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на 14.7.2020 г. со Решение ја стави вон сила мерката на супервизија, привремена забрана за вршење на дејност осигурително брокерски работи, кон Осигурително брокерското друштво С.Т.М Брокер Плус АД Скопје, со седиште на ул. 1 бр.27 Петровец, и ЕМБС 6919456.
Ве известуваме дека Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување на седница одржана на 14.7.2020 г. со Решение ја стави вон сила мерката на супервизија, привремена забрана за вршење на дејност осигурително брокерски работи, кон Осигурително брокерското друштво С.Т.М Брокер Плус АД Скопје, со седиште на ул. 1 бр.27 Петровец, и ЕМБС 6919456.
Седница одржана на 14.07.2020
- Решение за издавање согласност за друштвото за ревизија за 2020 година на УНИКА АД Скопје,
- Решение за издавање согласност за друштво за ревизија за 2020 година УНИКА ЛАЈФ АД Скопјe,
- Решение за издавање согласност за друштвото за ревизија за 2020 година на ЕВРОИНС АД Скопје,
- Решение за издавање согласност за стекнување квалификувано учество во ДЗО ЛАЈФ ВИЗИОН АД Скопје од страна на лицето Дамјан Дамјановски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на Бранислав Најдов,
- Разгледување на информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштвото за осигурување Уника АД Скопје за 1К2020 година,
- Разгледување и донесување на Решение согласно кое Решението бр. УП1 08-2-463 од 29.6.2020 година, за изрекување на дополнителна мерка – забрана на Осигурителното брокерско друштвото С.Т.М Плус АД, да посредува при склучување на нови договори за осигурување, се става вон сила,
- Правилник за изменување на Правилникот за сметководство и финансиско работење,
- Разгледување на Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување, заклучно со 30.06.2020 година, за информирање на Советот.
АСО потпиша Меморандум за соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија
Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, Крсте Шајноски и претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија, Маријана Лончар Велкова, потпишаa Меморандум за соработка со цел зајакнување на меѓусебната соработка за реализирање на проекти и активности за заштитиа на портошувачите –осигурениците и корисниците на осигурителните услуги и производи како и нивно приближување и обезбедување на пристап кон осигурителните производи и услуги.
Со овој Меморандум, потпишан на 17 јули 2020 година, АСО и ОПМ се согласија заеднички да соработуваат и да делуваат за реализирање на разни активности како заедничка изработка на информативни матерјали, брошури и нивна промоција на пошироката јавност заради обезбедување подобра информираност и едукација на потрошувачите за правилен избор на осигурителните услуги и производи кои се нудaт на пазарот на осигурување.
Исто така се договорија за спроведување на активности за сузбивање на нечесна пазарна пракса преку поттикнување на фер односи кон потрошувачите и фер однесување од страна на осигурителните субјекти.
Предмет на овој Меморандум за соработка се и поттикнување спогодбено решавање на евентуланите несоглсувања и/или спорови на потрошувачите со друштвата за осигурување, осигуритено брокерските друштва, друштавата за застапување во осигурување, осигурителните брокери и застапници.
Потписниците на Меморандумот исто така, се договорија и за организирање настани за подигнување на јавната свест за важноста, значењето и потребата на осигурувањето, организирање и спроведување анкети, работа во работни групи, организирање на мистериозно купување, промовирање на домашна, регионална и меѓународна соработка како и разменување на изкуство од доменот на истражување и развојни процеси кои се од заеднички интерес.
Со потпишувањето на овој Меморандумот престанува важноста на Меморандумот за соработка склучен на 11 август 2016 година.