Одржана седница на 8 јуни 2023
- Записник од 17-та седница на СнЕ на АСО одржана на 5 јуни, 2023 година;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година поднесено од Триглав Осигурување АД, Скопје и донесување на решение,
- Измена на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата.
Седница одржана на 5 јуни, 2023 година
- Записник од 16-та седница на СнЕ на АСО одржана на 30 мај, 2023 година;
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенција за супервизија на осигурување;
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на ТРИГЛАВ ЖИВОТ на лицето Христина Џамбазовска и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за измена на статут на друштвото за осигурување ТРИГЛАВ ЖИВОТ и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на ЕУРОЛИНК на лицето Цветко Делев и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година поднесено од Акционерското друштво за осигурување ЕВРОИНС и донесување на решение;
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година поднесено од АДОР МАКЕДОНИЈА Скопје и донесување на решение;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Кристина Грежова;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Наташа Блажева;
- Решение за одземеање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Христијан Маџовски;
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Александра Танатарец;
- Решение за изменување на Решението за определување на овластени претставници кои ќе присуствуваат во просторијата за време на полагање на стручните испити за вршење осигурително брокерски работи во 2023 година;
- Решение за продолжување на стручниот испит за застапник на лицето Игор Илковски;
- Изештај по предметот ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ И ЕТИКА (Обука за актуари 2021-2023);
- Изештај по однос на спроведен стручен испит за актуар во рамки на обуката 2021-2023 година;
- Изештај по предметот ВЕРОЈАТНОСТ И СТАТИСТИКА (Обука за актуари 2023-2025);
Продолжува Проектот за финансиска писменост со ИНФЕ-ОЕЦД, Министерство за финансии на Холандија и Money Wise
Продолжува јакнењето на капацитетите на регулаторите на финансискиот пазар
(Народната Банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за
супервизија на осигурување и Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско
осигурување) во полето на финансиската едукација и инклузија, преку соработка со еминентни
меѓународни финансиски институции.
Годинава започнува втората фаза на Проектот за финансиска писменост со ИНФЕ-ОЕЦД,
заедно со Министерството за финансии на Холандија и Money Wise платформата кој ќе трае во
следниот петгодишен период, односно од 2023-2027 година. Главниот приоритет на овој Проект е
да ги поддржи земјите кои се дел од истиот, да го подигнат нивото на финансиска писменост кај
населението преку поддршка и имплементација на стратегиите и политиките за финансиска
писменост, со обезбедување на анализи, извештаи и препораки за градење капацитети согласно
институционалните потреби и стратешките приоритети на земјите.
Со проектот, којшто се реализира со финансиска поддршка на холандското Министерство
за финансии, покрај нашата земја ќе бидат опфатени и земјите како: Босна и Херцеговина,
Бугарија, Грузија, Ерменија, Молдавија, Романија, Украина, Хрватска и Црна Гора. Преку
предвидените активности ќе се обезбеди можност за пристап до соодветна експертиза од
регионот и пошироко за релевантни и актуелни прашања од областа на финансиската писменост и
ќе се поттикне развој на поефикасни иницијативи за финансиска едукација и инклузија преку
користење на искуството од најдобрите меѓународни практики.
Инаку, ова е продолжение на првата фаза од проектот, која беше успешно реализирана во
текот на периодот од 2018-2022 година. Во рамки на првата фаза Координациското тело на
финансиските регулатори за финансиска едукација и финансиска инклузија, ја изработи првата
Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија за периодот од 2021-
2025.
Воедно, беа изработени Кодексот на добри практики за финансиска едукација и Основните
компетенции за финансиска едукација. Исто така, се формираше и Регистар на субјекти од
приватниот и граѓанскиот сектор, вклучени во областа на финансиска едукација и инклузија.
Во рамки на првата фаза, меѓу другото, од страна на ИНФЕ-ОЕЦД беше спроведено
мерење на финансиската писменост на населението, како и анкета за финансиската писменост и
дигитализација на микро, мали и средни претпријатија. Овие мерења дадоа показатели за
тековните состојби и воедно претставуваат водич за следни активности во оваа сфера, кои ќе
продолжат да се реализираат во следната фаза од проектот.
АСО: Промовирани 14 нови актуари – врвни математичари кои успешно завршија двегодишна обука, ќе ја зајакнат осигурителната индустрија
Актуарот е висококвалификуван математичар со солидни познавања на економијата и е релативно редок стручен профил за кој има потреба особено сегментот на осигурувањето и пензиските фондови. На нашиот финансиски пазар овој висок стручен профил се уште е дефицитарен. Токму заради зголемувањето на бројот на актуари во осигурителната индустрија актуелниот менаџмент на АСО во периодот од 2021 до 2024 година организира два едукативни циклуси за актуари, а првиот од нив успешно го завршија 14 кандидати. За тоа колку е ценета професијата актуар во глобалниот свет на финансиите говори фактот што во изминативе две децении овој профил секогаш, без исклучок, е меѓу најпосакуваните и најдобро платените 20 професии
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) издаде уверенија за успешно завршена обука на 14 лица – врвни математичари кои успешно ја завршија двегодишната обука и ги положија сите 15 стручни предмети. Нивната суб-специјалност е да креираат математички модели за проценка и управување со ризиците кои ги превземаат осигурителните компании. Обуката за звање овластен актуар траеше две години, а започна во 2021 година.
Овие лице во период од 2 години успешно ги положија испитите: веројатност и статистика, финансиска математика, схоластичко моделирање, актуарска математика, економија, неживотно осигурување, осигурување живот, модели на доживување, економија, инвестиции и управување со средства, здравствено осигурување, пензиско осигурување, сметководство во осигурувањето, регулатива и етика.
По тој повод Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО при доделувањето на уверенијата на актуарите истакна:
-Воопшто не беше мала работа, после пауза од 7 години да се организира и успешно спроведе обука за актуари на потребното ниво на квалитет кое ќе ги задоволи стандардите која ова професија ги бара. Се работи за голема садисфакција, затоа што на финансискиот пазар обезбедуваме исклучително потребен, а редок, значаен субспецијализиран кадар кој има капацитет и знаење активно да помогне во подигањето на квалитетот во работата на нашата осигурителна индустрија и во крајна линија да придонесе во растот и развојот на осигурувањето.
Актуелниот менаџмент на АСО во овој мандат организира две обуки за актуари од кои едната заврши успешно со промоција на 14 лица во актуари, а другата е во тек и треба да заврши идната година. Последна претходна обука и стручен испит за актуари имало во периодот 2014 – 2016 година.
Актуарите се стручњаците во осигурителни компании и во друштвата кои управуваат со пензиски фондови и тие се специјализирани да создаваат математички модели за проценка и управување со ризиците кои ги осигуруваат компаниите. Колку е ценета нивната работа докажува тоа што во последниве две децении на глобално ниво оваа професија секогаш без исклучок е меѓу најпосакуваните 20 професии глобално.
Што се однесува до процесот на едукација за актуар значајно е да се истакне дека бара претходни солидни познавања од математика, статистика, веројатност и демографија и дека процесот на обука и полагање стручни испити трае околу две години. Во Македонија има трисетина актуари. Тие имаат свое здружение кое се вика „Актуар“ и е дел од глобалната мрежа на овие професионалци. АСО води и официјален регистар на овластени актуари достапен на следниот линк https://aso.mk/registar-na-aktuari/

Основната дејност на друштвата за осигурување е да покриваат различни видови ризици (во дејностите на неживотно и на животно осигурување). Тоа наједноставно кажано значи дека актуарите се носители на основните бизнис процеси особено во осигурителните компании. Затоа што тие треба да развијат математички модели кои ќе ги предвидуваат можните ризици врз основа на што пак менаџерските тимови на компаниите ќе ги поставуваат и ќе ги спроведуваат бизнис стратегиите на компаниите. Основата на целиот осигурителен бизнис е содржана во моделите кои ги создаваат актуарите.
Четврта работна средба на регулаторите, приватниот и граѓанскиот сектор за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија
На 31 мај беше одржана четвртата работна средба на Работната група за следење
на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска
инклузија, чија активност ја координира Народната банка, а на која присуствуваа
претставници на Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност,
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување и
Агенцијата за супервизија на осигурување, како и субјектите од приватниот и
граѓанскиот сектор. На средбата присуствуваше и претставник од ИНФЕ-ОЕЦД, кој
ја презентираше Анализата од резултатите од Анкетата за финансиската
писменост и дигитализацијата на малите и средни претпријатија во Југоисточна
Европа (ЈИЕ) во рамки на регионалниот проект за финансиска едукација, која има за цел
унапредување на финансиската писменост и зголемување на финансиската
инклузија на микро, малите и средни претпријатија (ММСП). Извештајот ја
анализира финансиската писменост на ММСП, свеста и користењето на
финансиски услуги и нивото на дигитализација на овoј сектор во регионот на ЈИЕ,
вклучително и кај нас.
Финансиската писменост на менаџерите и сопствениците на ММСП во нашата
земја е оценета со коефициент 69 (од максимум 100) што е повисоко од просекот
на анализираните земји од регионот (67). Највисоки оценки се остварени за
компонентата финансиско однесување, потоа финансиските знаења и
финансиските ставови, при што сите компоненти се малку над или на ниво на
регионалниот просек. Во споредба со земјите од Г-20, просечната оценка за
регионот е пониска за 7 п.п., што упатува на потребата од зајакнување на
финансиските вештини и стратешка визија на менаџерите на ММСП, со цел да се
зајакне долгорочната деловна отпорност на овие фирми. Резултатите укажуваат
на тоа дека сме на ниво на просекот на регионот во ЈИЕ, според свесноста на
ММСП за финансиски производи, со тоа што свесноста за користење кредити за
финансирање на бизнисите во нашата држава е повисоко оценета во однос на
регионот, додека кај останатите оценувани параметри – свесноста за
финансирање со капитал и други видови на финансирање и свесноста за
справување со ризици, оценките се малку пониски или соодветствуваат со
резултатите во регионот. Наодите упатуваат на потреба за натамошен развој на
пазарот на капитал и алтернативните начини на финансирање, како би се
проширил пристапот на ММСП до финансии.
Во однос на дигитализацијата, просечната оценка кај нас е малку пониска во
однос на регионот. Сепак, оценето е дека дигитализацијата на ММСП во регионот
заостанува зад развиените земји, што упатува на потреба од спроведување на
активности за понатамошно унапредување.
Наодите и заклучоците во Извештајот се основа за преземање натамошни
активности за финансиска едукација и финансиска инклузија на ММСП, во
согласност со националната Стратегија во оваа област, којашто предвидува
создавање предуслови за подобрување и посоодветно следење на пристапот до
финансии од страна на малите и средните претпријатија и други целни групи.
Активностите во оваа сфера треба да придонесат за одржлив развој на овој
сегмент и на економијата во целина. На оваа средба, беше презентирано и
искуството во Унгарија од примената на Дигитална платформа-апликација за
финансиска едукација „Learning-by-doing financial education“, со што приватниот и
граѓанскиот сектор во земјава имаа можност да се запознаат со едукативни
платформи кои се применуваат во други економии.
Преку овие работни средби коишто се одржуваат два пати годишно се овозможува
редовен дијалог помеѓу регулаторите, субјектите од приватниот и граѓанскиот
сектор вклучени во активности за финансиска едукација, како и размена на
предлози и искуства за зајакнување на финансиската инклузија и заштитата на
потрошувачите во финансискиот систем, со цел успешно спроведување на
Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.
Седница одржана на 30 мај
- Записник од 15-та седница на СнЕ на АСО одржана на 23 мај, 2023 година;
- Финансиски извештаи на АСО за 2022 година ревидирани од овластен ревизор.
Седница одржана на 30 мај
- Записник од 15-та седница на СнЕ на АСО одржана на 23 мај, 2023 година;
- Финансиски извештаи на АСО за 2022 година ревидирани од овластен ревизор.