Седница одржана на 29 март
- Записник од осма седница на СнЕ на АСО одржана на 10 март, 2023 година;
- Решение за давање дозвола за вршење работи на застапување во осигурување на ИНВЕСТ ПОЛИСА АД Штип;
- Решение за давање согласност за измена на статут на АД за осигурување ГРАВЕ Скопје;
- Решение за давање согласност за друштво за ревизија на АД за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје;
- Решение за давање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на АД за осигурување ГРАВЕ Скопје;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Цветанчо Димовски;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Тамара Вучковска;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Стефан Пужовски;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Сања Аризанов;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Мерита Таири;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Менче Додевска;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Маја Мартиновска;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Јована Китанчев ;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Елена Атанасовска;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Биљана Богеска;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Ангела Поповска;
- Решение за исполнување услови за учество на обука и полагање на испит за овластен актуар на лицето Анастасија Нарашанова;
- Решение за одземање лиценца за застапник во осигурување на лицето, Симеон Ангелов;
- Решение за одземање лиценца за застапник во осигурување на лицето, Елена Петрова;
- Решение за одземање лиценца за застапник во осигурување на лицето, Гоце Преспаровски;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Еуролинк Осигурување АД Скопје;
- Извештај од спроведен испит по предметот ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ;
- Извештај од спроведен испит по предметот СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ;
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Осигурително друштво Уника АД Скопје.
Е- БРОШУРАТА: „ЈУНИТ ЛИНКД“ осигурување
По повод Глобалната недела на пари а за зголемена финансиска едукација и поголема информираност при донесување на финансиските одлуки, АСО подготви брошура: Јунит Линкд осигурување на живот
Е- БРОШУРАТА:„ЈУНИТ ЛИНКД“ осигурување
Започнува Глобалната недела на парите 2023: „Планирај ги своите пари, гради ја својата иднина!“
Финансиските регулатори во соработка со асоцијациите и институциите од приватниот и граѓанскиот сектор коишто се активни во доменот на финансиската едукација, единаесетта година по ред ја одбележуваат Глобалната недела на парите што оваа година ќе се одржи од 20 до 26 март 2023 година.
Годинешнава тема „Планирај ги своите пари, гради ја својата иднина!“ (Plan your money, plant your future) се фокусира на одржливоста, и подигнувањето на свеста од импликациите на индивидуалното финансиско однесување не само врз финансиската иднина, туку и врз животната средина и општеството. Учесниците на Глобалната недела на парите можат на оваа тема да учествуваат во активности преку кои ќе се потенцира важноста на финансиските одлуки за социјална, економска и финансиска одржливост. Оваа тема ги поттикнува младите луѓе при нивните финансиски одлуки да гледаат долгорочно и да го имаат во предвид влијанието врз животната средина и општеството.
Активностите за време на Глобалната недела на парите годинава главно ќе се одвиваат преку е-предавања и објави на едукативни материјали на интернет-страниците на институциите и социјалните мрежи. Предавањата ќе бидат наменети за учениците од
основните и од средните училишта од нашата земја, како и факултетите, на теми од областите што ги покриваат одделните институции, поврзани со функционирањето на
финансискиот систем.
На светско ниво, Глобалната недела на парите се одбележува од 2012 година, со единствен прекин во 2020 година поради пандемијата, во организација на Организацијата за економската соработка и развој (ОЕЦД). Оваа глобална иницијатива, којашто досега се одбележува во повеќе од 176 земји во светот, во која се опфатени 53 милиони деца и млади, ја подигнува свеста кај младите за финансиската едукација и ги зголемува нивните знаења за парите, штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат финансиските и образовните институции.
Следете не на едукативниот портал https://edukacija.aso.mk/, нашата веб страна www.aso.mk, и на социлалните мрежи ( facebook, linkedin, Instagram). Повелете, приклучете се и проширете ги своите знаења од областа на осигурувањето.
Повеќе информации за Глобалната недела на парите на врската: globalmoneyweek.org

