АСО додели награда за најдобар истражувачки труд од областа за управување со ризици во осигурувањето
Трудот на Филип Пеовски е пионерски обид за воведување на метод на предвидување на движење на главните трендови во осигурителниот сектор во земјата, со крајна цел да го унапреди корпоративното управување на друштвата за осигурување, во делот на деловното планирање и поставување на рационални очекувања. АСО го награди авторот на трудот со 80.000 денари

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Наградата на младиот научник м-р Филип Пеовски, асистент на Катедрата по математика и статистика на Економскиот факултет при УКИМ му ја додели проф.д-р. Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО. Плакетата на Пеовски му беше доделена по повод одбележувањето на Националниот ден на осигурувањето –
1 ноември. а трудот кој е избран за победник предвидена е годишна награда во износ од 80.000 денари.
Трудот „Предвидување на осигурителните премии и штети во Северна Македонија: Постапка на експоненцијално израмнување“ на Филип Пеовски претставува сериозна и методолошки одлично конципирана истражувачка тема, а воедно и пионерски обид за воведување на метод на предвидување на движење на главните трендови во осигурителниот сектор во земјата, со крајна цел да го унапреди корпоративното управување на друштвата за осигурување, во делот на деловното планирање и поставување на рационални очекувања.
Авторот на трудот преку постапка за експоненцијално израмнување анализира трендови на бруто полисираната премија и бруто исплатените штети, во период од 10 години (2012 – 2022 година). Овој метод за предвидување е најефикасен кога сезонската и тренд компонентата се менуваат со текот на времето и е карактеристичен по тоа што им дава различна важност на опсервациите на временската серија. Тоа се постигнува со користење на константи за порамнување, кои ја одредуваат важноста на опсервациите преку доделување на тежински фактор. Авторот тоа го применува со вклучување на ефектите од пандемијата Ковид-19.
Трудот прави сублимат на наодите на концизен, јасен и системски начин. Во заклучокот се констатира дека со цел успешно интегрирање на методот на временски серии во деловната анализа, друштвата за осигурување треба да се ориентираат кон користење на обработка на големи податоци и машинско учење. Овој пристап, без сомнение ќе придонесе за подобри перформанси, поголема оптимизација, конкурентска предност и подобри очекувања за иднината.
Целта на конкурсот е да послужи како стимулација со која би придонела за зголемување на бројот и квалитетот на применетите научни трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, а за трудот кој е избран за победник предвидена е годишна награда во износ од 80.000 денари.
Ова е 12 по ред конкурс што го распишува Агенцијата за супервизија на осигурување.
Седница одржана на 02.11.2022
1 Записник од дваесетичетврта седница на СнЕ на АСО во 2022 година, одржана на ден 21.10.2022 година во 11:00;
2 Одлука во врска со сторен прекршок од страна на Осигурително брокерско друштво Порше брокер АД Скопјe,
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на информацискиот систем на Друштвото за застапување во осигурување РЕА ИНШУРЕНС ГРУП АД Скопје,
- Одлука за супервизорски мерки кон Друштвото за неживотно осигурување Граве,
- Барање за добивање согласност за стекнување квалификувано учество во ДЗО ЛАЈОН ИНС АД Скопје од страна на Игор Георгиевски и донесување на решение,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Мартина Богданова,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Никола Апостоловски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Стефан Стојановски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Жарко Крстиќ,
- Информација по однос на Десеттиот модул од актуарската обука – Неживотно осигурување,
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизиja ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје за 2022 година,
- Извештај за оценката на пристигнатите литературни и ликовни творби на Конкурсот за ученици од основното и средното образование за 2022 година, по повод Денот на осигурување ‒ 1 ноември,
13 Извештај за поднесени претставки до АСО од страна на осигурениците, од корисниците на осигурување и од трети оштетени лица за 3 квартал 2022 година,
- Информација која се однесува на финансиската стабилност на осигурителниот сектор во првата половина на 2022 година,
- Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година, заклучно со 30.09.2022 година,
- Приговор по наредба и донесување на Решение,
- Упатство за начинот на организација на работата на Комисијата за актуари во врска со признавање на квалификација за актуар стекната во странство
Награден труд
Име и презиме на наградениот млад истражувач: Филип Пеовски
Наслов на трудот
Предвидување на осигурителните премии и штети во Северна Македонија: Постапка на експоненцијално израмнување
FORECASTING INSURANCE PREMIUMS AND CLAIMS IN NORTH MACEDONIA: AN EXPONENTIAL SMOOTHING PROCEDURE