Седница одржана на 6.12.2021
- Записник од дваесетиосма седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 24.11.2021 година во 11:30;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија на АД за осигурување и реосигурување МАКЕДОНИЈА Скопје – Виена Иншуренс Груп,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон АД за осигурување ВИНЕР Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон АД за осигурување ВИНЕР- Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје на лицето Агрон Таири,
- Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2022година,
- Решение за определување на одговорно лице за утврдување на исполнетост на условите за полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето во 2022година,
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување во 2022 година;
- Одлука за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на осигурително брокерски работи во 2022 година;
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на осигурување.
Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 83%
Бројот на претставки поднесени од осигуреници во првите девет месеци е удвоен во споредба со истиот период лани. Во овој период АСО, врз основа на претставки примени од незадоволни осигуреници, на три осигурителни друштва им изрече четири мерки од кои две се парични глоби
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) го зголеми за 83 отсто бројот на претставки решени во корист на незадоволни осигуреници во првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани. До крајот на септември позитивно се решени 22 претставки на осигуреници кои се пожалиле од осигурителните друштва, а во истиот период лани во корист на осигуреници биле решени 12 претставки.

АСО, заклучно со крајот на септември годинава, доби 127 претставки од незадоволни осигуреници. Во споредба со истиот период лани, кога биле поднесени 62 претставки, годинава нивниот број е удвоен.
Во процес на решавање се 14 претставки, а негативно се решени 76 претставки. За 12 од поднесените претставки е утврдено дека се поднесени без основ, а три се повлечени од страна на подносителите.
Од аспект на видот на осигурување најмногу претставки односно 55 се поднесени за штети настанати кај осигурување од автомобилска одговорност (најзастапената класа на осигурување задолжителна со закон). Од нив 15 се решени во корист на незадоволни осигуреници. За оштетни побарувања покриени со осигурување од незгода биле поднесени 24 претставки, а позитивно се решени две. Од 10 претставки за осигурување имот позитивно е одлучено во два случаи. Пет претставки се поднесени за здравствено осигурување, а по една за осигурување посеви и плодови, патничко осигурување, каско осигурување и за осигурување финансиски загуби. Четири претставки се поднесени за останатите видови неживотни осигурувања. За осигурување живот се поднесени 13 претставки од кои две се решени позитивно.
Како причина за незадоволството на осигурениците во 50 случаи бил основот за исплата на штета. Во 34 случаи причина за поднесувањето на претставка била висината за надоместокот (АСО не одлучува за висината, но ги разгледува околностите и аргументите врз основа на кои е одреден надоместокот).
На рокот за исплата на штета се жалеле седумина подносители на претставки, а ист број се жалеле за обработка на штета. Тројца се жалеле на регресното побарување, двајца на одговорот што го добиле од компанијата на нивниот приговор. Уште 12 претставки се поднесени по останати основи за поднесување.
Од вкупниот број на поднесени претставки 106 се поднесени од граѓани, а 22 поднеле правни лица.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Следната недела ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост
Следната недела, од 1 до 3 декември, ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор.

Заради условите што ги наметнува пандемијата на ковид-19, и оваа година, Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања преку видеоконференциска врска, што ќе овозможи и вклученост на поголем број заинтересирани граѓани. Сите институции коишто учествуваат во годинешното издание, преку своите веб-страници и преку страниците на социјалните мрежи, ќе ги информираат граѓаните за активностите и за е-настаните што се планираат, известувајќи и за начинот на пријавување на секој заинтересиран граѓанин.
Финансиските регулаторни институции ги повикуваат граѓаните да ги следат информациите за планираните активности и активно да се вклучат во годинешното издание на Деновите на финансиската писменост. Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Во текот на годинава, приспособено на условите на „новата нормалност“, финансиските регулаторни институции спроведоа голем дел од планираните активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. За следниот период се очекува дополнително засилување на ваквите активности, имајќи го предвид започнатото спроведување на првата Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто беше усвоена во јули оваа година од страна на финансиските регулатори.
Седница одржана на 24.11.2021
- Записник од дваесетиседма седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 18.10.2021 година во 12:00;
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување Македонија Осигурување АД Скопје
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување ВИНЕР Лајф – Виена Иншуренс Груп АД Скопје,
Седница одржана на 18.11.2021
- Записник од дваесет и шеста седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 29.10.2021 година во 11.00 ч.,
- Одлука за изрекување мерка на супервизија кон НГО АД Осигурителна полиса Скопје,
- План на архивските знаци за распоредување на актите за 2022 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Листа на документарен материјал со рокови за негово чување за 2022 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Листа на архивска граѓа од трајна вредност за 2022 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Извештај за поднесени претставки до АСО, 3К,2021 година,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Ана Мијаковска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето лицето Илија Манчев,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Јулијана Велковска Георгијевска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Стефанија Танева.
НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ‒ 1 НОЕМВРИ
Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. И оваа година добивме голем број интересни литературни и ликовни трудови. Во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме. Јавно доделување на наградите не сме во можност да организираме заради состојбата со тековната здравствена криза и пандемијата.

На Конкурсот за ученици од основното образование, од 1 до 5 одделение, во категорија ликовна творба- цртеж, на тема “Осигурувањето ме заштитува од ризици’’, наградени се следниве ученици:
ЛИКОВНА ТВОРБА – ЦРТЕЖ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Мартина Трајковска, V одделение, ООУ „Кузман Шапкарев„ Скопје,
- Јана Наумова IV одделение , ООУ „Димо Хаџи Димов„ Скопје,
- Ива Стоимановски V одделение “„Кузман Шапкарев„ Скопје,
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 6 до 9 одделение, во категорија литературна творба-песна, на тема “Моја инвестиција-полисата за осигурување’’ наградени се следниве ученици:
ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА – ПЕСНА, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Васја Мицковски, IX одделение, ООУ „Петар Поп Арсов„ Скопје,
- Андреј Антов, VII одделение, ООУ „Димитар Македонски„ Скопје,
- Данче Митковска, VI одделение, ООУ „Коста Рацин„ с. Подареш, Радовиш,
На Конкурсот за ученици од средно образование,, во категорија литературна творба-расказ/есеј, на тема„Важноста на осигурувањето за мене и мојата иднина“, наградени се следниве ученици:
ЛИТЕРАТУРНA ТВОРБА – РАСКАЗ/ЕСЕЈ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Михаела Аќимоска, I година, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин„ – Скопје,
- Матеа Ристова I година, СОУ „Св. Кирил и Методиј„ – Неготино,
- Анѓела Драган III година, СОУ Гимназија „Кочо Рацин„ – Велес,
Агенција за супервизија на осигурување ова година додели и благодарници за талентираните ученици во сите категории.
Во категорија ликовни творби – цртеж, се доделени вкупно 20 пофалници од кои 17 за цртежи, 2 за дигитални и 1 за креативен постер. Во категорија литературни творби – песна, се доделени 8 пофалници, а во категорија литературни творби – есеј/расказ, се доделени вкупно 6 пофалници.