Следната недела ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост
Следната недела, од 1 до 3 декември, ќе се одржи петтото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватните финансиски компании. Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување, а се очекува вклучување и на приватниот финансиски сектор.

Заради условите што ги наметнува пандемијата на ковид-19, и оваа година, Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања преку видеоконференциска врска, што ќе овозможи и вклученост на поголем број заинтересирани граѓани. Сите институции коишто учествуваат во годинешното издание, преку своите веб-страници и преку страниците на социјалните мрежи, ќе ги информираат граѓаните за активностите и за е-настаните што се планираат, известувајќи и за начинот на пријавување на секој заинтересиран граѓанин.
Финансиските регулаторни институции ги повикуваат граѓаните да ги следат информациите за планираните активности и активно да се вклучат во годинешното издание на Деновите на финансиската писменост. Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.
Во текот на годинава, приспособено на условите на „новата нормалност“, финансиските регулаторни институции спроведоа голем дел од планираните активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. За следниот период се очекува дополнително засилување на ваквите активности, имајќи го предвид започнатото спроведување на првата Национална стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто беше усвоена во јули оваа година од страна на финансиските регулатори.
Седница одржана на 24.11.2021
- Записник од дваесетиседма седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 18.10.2021 година во 12:00;
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување Македонија Осигурување АД Скопје
- Информација во врска со спроведената вонтеренска супервизија на Друштво за осигурување ВИНЕР Лајф – Виена Иншуренс Груп АД Скопје,
Седница одржана на 18.11.2021
- Записник од дваесет и шеста седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 29.10.2021 година во 11.00 ч.,
- Одлука за изрекување мерка на супервизија кон НГО АД Осигурителна полиса Скопје,
- План на архивските знаци за распоредување на актите за 2022 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Листа на документарен материјал со рокови за негово чување за 2022 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Листа на архивска граѓа од трајна вредност за 2022 година, на Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Извештај за поднесени претставки до АСО, 3К,2021 година,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Ана Мијаковска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето лицето Илија Манчев,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Јулијана Велковска Георгијевска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување на лицето Стефанија Танева.
НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ‒ 1 НОЕМВРИ
Во врска со наведениот конкурс, подолу го објавуваме списокот на наградени ученици, по одделни категории. И оваа година добивме голем број интересни литературни и ликовни трудови. Во оваа прилика им благодариме на сите што учествуваа, а на наградените им честитаме. Јавно доделување на наградите не сме во можност да организираме заради состојбата со тековната здравствена криза и пандемијата.

На Конкурсот за ученици од основното образование, од 1 до 5 одделение, во категорија ликовна творба- цртеж, на тема “Осигурувањето ме заштитува од ризици’’, наградени се следниве ученици:
ЛИКОВНА ТВОРБА – ЦРТЕЖ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Мартина Трајковска, V одделение, ООУ „Кузман Шапкарев„ Скопје,
- Јана Наумова IV одделение , ООУ „Димо Хаџи Димов„ Скопје,
- Ива Стоимановски V одделение “„Кузман Шапкарев„ Скопје,
На Конкурсот за ученици од основното образование, од 6 до 9 одделение, во категорија литературна творба-песна, на тема “Моја инвестиција-полисата за осигурување’’ наградени се следниве ученици:
ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА – ПЕСНА, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Васја Мицковски, IX одделение, ООУ „Петар Поп Арсов„ Скопје,
- Андреј Антов, VII одделение, ООУ „Димитар Македонски„ Скопје,
- Данче Митковска, VI одделение, ООУ „Коста Рацин„ с. Подареш, Радовиш,
На Конкурсот за ученици од средно образование,, во категорија литературна творба-расказ/есеј, на тема„Важноста на осигурувањето за мене и мојата иднина“, наградени се следниве ученици:
ЛИТЕРАТУРНA ТВОРБА – РАСКАЗ/ЕСЕЈ, СЕ НАГРАДЕНИ:
- Михаела Аќимоска, I година, СУГС Гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин„ – Скопје,
- Матеа Ристова I година, СОУ „Св. Кирил и Методиј„ – Неготино,
- Анѓела Драган III година, СОУ Гимназија „Кочо Рацин„ – Велес,
Агенција за супервизија на осигурување ова година додели и благодарници за талентираните ученици во сите категории.
Во категорија ликовни творби – цртеж, се доделени вкупно 20 пофалници од кои 17 за цртежи, 2 за дигитални и 1 за креативен постер. Во категорија литературни творби – песна, се доделени 8 пофалници, а во категорија литературни творби – есеј/расказ, се доделени вкупно 6 пофалници.
Седница одржана на 29.10.2021
- Записник од дваесетипетта седница на СнЕ на АСО во 2021 година, одржана на ден 21.10.2021 година во 12:00;
- Решение за издавање на согласност друштвото за ревизиски, консалтинг и даночни услуги ДИЛОИТ ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на КРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ АД-Друштво за осигурување на живот Скопје за 2021 година,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Уника АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување Уника Лајф АД Скопје,
- Разгледување на Извештај за оценката на пристигнатите литературни и ликовни творби на Конкурсот за ученици од основното и средното образование, по повод, Денот на осигурување ‒ 1 ноември, 2021 година,
- Информација за статусот на Конкурсот за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2021 година, за информирање и постапување,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување бр. УП 19-3-69 од 23.3.2017 година на лицето Емилија Мишевска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување бр. 09-62/2 од 5.1.2012 година на лицето Игор Соколовски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување бр. 09-329/1 од 24.1.2012 година на лицето Антонио Стојкоски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување бр. УП 19-3-21 од 23.1.2015 година на лицето Дејан Неделковски,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето бр. УП 19-3-347 од 23.5.2018 година на лицето Ќиро Ивановски,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување бр. 09-313/1 од 24.1.2012 година на лицето Маја Цоневска,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурувањена бр. УП 19-3-68 од 23.3.2017 година лицето Моника Илиевска,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурувањето бр. 09-308/1 од 24.1.2012 година на лицето Слободан Даскалов,
- Извештај во однос на спроведен испит за третиот предмет од Наставната програма за спроведување на стручниот испит за актуари – СТОХАСТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ.
АСО во соработка со ОЕЦД: Осигурителните регулатори преку размена на искуства до подобра финансиска писменост и заштита на осигуреници
Размената на искуства и добри практики со цел зголемена заштита на осигурениците и континуирано подигнување на нивото на нивната финансиска едукација се клучните теми на кои разговараа претставници на осигурителните регулаторни тела на земји од Југоисточна Европа, осигурителната индустрија и други вклучени страни на денешната сесија организирана од македонската Агенција за супервизија на осигурување (АСО) и Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) со поддршка на Министерството за финансии на Кралството Холандија во рамки на проектот за финансиска едукација.
На денешната он-лајн конференција со назив „Искуства и практики“ организирана во пет сесии повеќе од педесетина учесници од земјава и од државите од Југоисточна Европа беа презентирани искуства, резултати од анализи за политиките, мерките и алатките кои осигурителните регулатори ги користат за заштита на осигурениците.
Воедно се разговараше и за ефектите од активностите за подигање на нивото на финансиска едукација и вклученост на населението во финансиските текови во земјите од ЈИЕ. Свое место на настанот доби и сесија за ефектите кои ги наметна здравствената пандемија и мерките кои ги превземаат регулаторните тела за заштита на осигурениците.
Заштитата на правата на потрошувачите, заедно со финансиската едукација и пристапот до финансиски услуги, претставува основа за поголема финансиска инклузија. Заштитата на потрошувачите вклучува: обезбедување точни и навремени информации до потрошувачите за донесување одлуки врз основа на информации, непостоење нефер и измамнички практики во договорите, како и пристап до механизми за решавање на настанатите повреди на потрошувачките права.
Финансиската едукација и заштитата на потрошувачите т.е. осигурениците се активности на кои АСО дава приоритет и континуирано ги превзема во рамки на своите надлежности за развој на осигурителниот пазар како и подигнување на свеста на јавноста за улогата на осигурување. При тоа АСО посветува особено внимание на поттикнување на соработката помеѓу релевантните институции и соработка со други инстанци преку спроведување едукативни програми и активности за поддршка и подобрување на финансиската писменост кај населението. На меѓународен план АСО активно учествува во билатерални и во мултинационални проекти за финансиска писменост и вклученост.
АСО во соработка со другите финансиски регулатори: Народна банка , Министерство за финансии, МАПАС и КХВ усвои заедничка национална стратегија за финансиска едукација вклученост на населението. Тоа е стратешки национален документ кој ги идентификува целите на регулаторните тела ги препознава приоритетите за делување и утврдува динамика, мерки и активности за подигање на финансиската писменост на населението, нивна вклученост и заштита на нивните права кои произлегуваат од користење на спектарот финансиски услуги меѓу кои е и осигурувањето.