Агенцијата за супервизија на осигурување издаде Брошура за осигурување во земјоделството

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) со соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ќе учествува на трибините кои се организирани од страна на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството (АПРЗ), со цел да им овозможи на земјоделците повеќе информации за предностите кои ги имаат доколку го осигураат земјоделското производство. Првата трибина беше одржана на 3.7.2012 година во село Јосифово, Валандово, а во тек на месеците јули и август 2012 година, ќе бидат посетени повеќе локации низ земјата согласно планот на АПРЗ.
Електронската верзија:
Мисија на Светска Банка во Република Македонија, 20-22 јуни 2012
Во рамките на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), во времетраење од три дена (20-22 јуни 2012 година), претставници од Светската банка и Европа Ре организираа серија на состаноци со друштвата за осигурување, Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и водостопанство, како и со други релевантни институции.Целта на овие состаноци беше да се добијат дополнителни информации за осигурителниот пазар во Македонија, како и да се зајакне соработката со релевантните институции за нормално одвивање на понатамошните проектни активности.
Целта на овој Проект е создавање на осигурителни производи за ризик од катастрофи и неповолни временски услови, при што посебен акцент во оваа мисија беше ставен на развој на осигурителни производи наменети за потребите на земјоделците. Со идентификување на ризикот кој го погодува земјоделското производство, Европа Ре ќе настојува да создаде соодветни осигурителни производи за земјоделскиот сектор во Македонија, а со тоа ќе придонесат за зголемување на пенетрацијата на осигурителниот пазар во Македонија.
Во целиот проект, улогата на Агенцијата за супервизија на осигурување е да дејствува како кординатор во комуникацијата со сите релевантни министерства, земјоделски организации како и со локалните друштва за осигурување. Исто така, Агенцијата за супервизија на осигурување е задолжена за развој на ризично базирана супервизија за осигурувањето од катастрофи, како и за развој на соодветна законска и подзаконска регулатива за вклучување на производите за осигурување од катастрофи и неповолни временски производи на македонскиот осигурителен пазар.
Повеќе информации на следниот линк.
Седница одржана на 25.06.2012
- Разгледување и усвојување на Извештајот на независниот ревизор и финансиските извештаи за годината која завршува на 31 декември 2011 година;
- Разгледување и донесување на Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување во 2011 година;
- Разгледување и донесување на Извештајот за состојбата на пазарот на осигурување за 2011 година;
- Решение за давање согласност за вршење функција на член на орган на управување на лицето Ѓорѓе Војновиќ, вработено во Друштвото за осигурување ТРИГЛАВ АД Скопје.
Седница одржана на 15.06.2012
- Решение за издавање дозвола за вршење работи на застапување во осигурување на Друштвото за застапување во осигурување САФЕ ЛАЈФ АД;
- Одлука за мерки на супервизија изречени кон Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД – Скопје.
Регионален семинар за осигурителни регулаторни тела во Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија за макропруденцијална и групна супервизија
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија, во периодот од 8-10 мај, 2012 година, беше домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија и Транскавказија, на тема : ” Макропруденцијална и групна супервизија.
Овој настан беше организиран во соработка со Финансискиот инсистут за стабилност (FSI) и Меѓународната асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). На овој настан присутвуваа претставници од осигурителните регулаторни тела на : Чешка, Литванија, Албанија, Бугарија, Полска, Азербејџан, Турција, Молдавија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Република Македонија и Црна Гора.
Опфатените теми на семинарот, ги презентираа истакнати личности од областа на супервизијата во осигурувањето : Ms. Gunilla Lofvendahl, Специјалист во финансискиот сектор од Финансискиот инсистут за стабилност ( FSI) и Банка за меѓународни порамнувања(BIS); Mr. Peter Braumuller, Претседател на извршниот комитет на Финансиски пазарен регулатор (FMA) ; Mr. Michael Zboron, Технички специјалист во Регулаторот на пазарот за финансиски услови во Велика Британија ( FSA) UK и Mr. Jeffrey Yong, Специјалист во финансискиор сектор во FSI и BIS.
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија домаќин на Регионален семинар за осигурителни регулаторни тела
Агенцијата за супервизија на осигурување на Република Македонија во периодот од 8-10 мај, 2012 година ќе биде домаќин на Регионалниот семинар за осигурителни регулаторни тела од Централна и Источна Европа и Централна Азија, под наслов “Макропруденцијална и групна супервизија”
Овој исклучителен настан е организиран во соработка со Финасискиот институт за стабилност (FSI) со седиште во Базел, Швајцарија и Меѓународната Асоцијација на осигурителни супервизори (IAIS). Семинарот ќе опфати теми од областа на управување со финасиската стабилност и ризиците вклучувајќи ја и соработката меѓу регулаторните органи. За повеќе информации во врска со програмата Ве молиме кликнете овде
