Седница одржана на 30 мај
- Записник од 15-та седница на СнЕ на АСО одржана на 23 мај, 2023 година;
- Финансиски извештаи на АСО за 2022 година ревидирани од овластен ревизор.
Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат
незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја
препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во
заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три
месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од
автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка
само за една од вкупно 16 компании за осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци годинава
прими 71 претставка од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни
компании. Бројот на поднесени претставки во овој период е зголемен за 14,5 отсто
во споредба со првиот квартал 2022 година.
Од поднесените претставки 5 биле без основ за разгледување, а подносителите
во 6 случаи ги повлекле своите поплаки.
Во корист на осигурениците се решени 11 претставки. Во процес на постапување
се 16, а негативно се решени 33 поплаки на осигуреници.
Очекувано, и годинава најголем број на поплаки има во најмасовната
осигурителна класа „осигурување од автомобилска одговорност (АО)“ која е
задолжитена со закон. Поднесени се 34 претставки за штети кои настанале во
сообраќани незгоди и се покриени со ова осигурување.
Најбројни, вкупно 18, се претставките во кои осигурениците се жалат на решавање
штети настанати при сообраќајни незгоди решени врз основа на користење
полициски записник. Најголем дел од нив се однесуваат на висината на
обештетувањето и се решени негативно.
Во овој период е намален бројот на поплаки за решавање штети врз основа на
пополнет европски извештај. Во првите три месеци се добиени 13 претставки за
решавање штети и тоа е за 32 отсто помалку од истиот период лани.
За осигурување имот се поднесени 9 претставки, а по 8 се однесуваат на
приватно здравствено осигурување и на осигурување од незгода.
Исто како и претходната година, во однос на причината поради која се жалат
осигуреници, најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на
основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 33
такви претставки и тоа е за 65% повеќе од истиот квартал во 2022 година.
Најзначајно намалување на бројот на поплаки има за процесот во кој компаниите
ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крајот на
март годинава се поднесени само 5 такви претставки и тоа е за 68 отсто во однос
на истиот период лани.
За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во
првите три месеци годинава се пожалиле 19 осигуреници. Во овие случаи АСО
нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува
условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена
оштета.
Од поднесените претставки 61 се поднесени од граѓани, а 10 од правни лица.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од
одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не
добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или
случаи за кои се води судска или друга постапка.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело
кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на
осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците
и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

https://www.youtube.com/watch?v=CDaWXneOX0Q
Пренос во живо на 22.05.23
Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила
Вложувањата во неживотни осигурување достигнаа 3 милијарди денари (48,4 мил.евра) за првите три месеци годинава. Граѓани, фирми и институции во овој период вложија 19,5 отсто односно 7,9 милиони евра повеќе од истиот период во 2022 година. Во првото тромесечје годинава се склучени над 369.000 договори за осигурување што е за 20 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци кои до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставија сите 11 компании за неживотно осигурување.
Од податоците кои се јавно достапни на https://aso.mk/category/publikaczii/izveshtai-za-rabotata-na-osiguritelnata-industri-a/drushtva-za-osiguruva-e/ евидентно е дека растат вложувањата во сите поголеми доброволни класи осигурување, а расте и вредноста на полисите за задолжителното осигурување од автомобилска одговорност.
Најпопуларна односно најбрзорастечка класа и во овој период е приватното (дополнително) здравствено осигурување. За првите три месеци годинава се склучени над 11.700 договори што е за 50 отсто повеќе од првиот квартал претходната година. Во приватно здравствено осигурување граѓаните за своите семејства и компании за своите вработени вложиле 367,5 милиони денари (6 милиони евра). Интересот за вложување во приватно здравствено осигурување пораснал за 62 отсто во споредба со првото тромесечје претходната година.
Најголемата доброволна класа – осигурувањето имот исто така бележи раст за 10,5 отсто. Вкупните вложувања на граѓани и правни лица за осигурување имот достигнале 612 милиони денари (10 мил.евра).Склучени се речиси 38.500 договори за осигурување имот и нивниот број е за 6 отсто поголем од истиот период лани.
Од другите доброволни класи вредно е да истакне дека има солиден раст на продажбата на полиси кај каско осигурувањето возила. Вкупната продажба на каско полиси достигна 272 милиони денари (4,4 мил.евра) и тоа е за 26 отсто или речиси 1 милион евра повеќе од истиот период лани.
Во првите три месеци годинава граѓаните патувале во странство значајно повеќе од истиот период лани. Продажбата на патничко осигурување во овој период пораснала за 45 отсто во споредба со лани и изнесува 44 милиони денари (713.000 евра). Биле продадени 64.000 полиси за патничко осигурување што е за 44 отсто повеќе од првиот квартал лани.
Најголемо учество во вкупната продажба на неживотни осигурување и годинава има осигурувањето од автомобилска одговорност кое е задолжително со закон. Осигурениците вложиле 1,18 милијарди денари (19,2 мил.евра) за три месеци и тоа е 13 отсто повеќе од истиот период во 2022 година.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.