Седница одржана на 28.11.2016
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ А.Д. Скопје на лицето Дритон Азизи,
Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување, на седницата одржана на 31.10.2016 година, го усвои Извештајот на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Р. Македонија за 2016 година со што го прогласи трудот на Ивица Медарски – “Управување со правни ризици во друштвата за осигурување” за победник на Конкурсот за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Македонија за 2016 година.
Трудот на Ивица Медарски обработува актуелна и недоволно анализирана проблематика поврзана со работата на друштвата за осигурување, а се однесува на управувањето со правните ризици.
Авторот ги анализира националните прописи, прописите делегирани од страна на институциите на Европска Унија како и препораките на европското надзорно тело за пензиски фондови и друштвата за осигурување (EIOPA). Состојбата на пазарот на осигурување во Македонија, авторот ја утврдува преку добиените одговори на наменски изготвен прашалник на кој има добиено одговор од 8 друштва за неживотно осигурување од кои 7 припаѓаат на друштва за осигурување со седиште во Европска Унија.
Во трудот авторот доаѓа до заклучок дека друштвата кои учествуваа во истражувањето немаат воспоставено официјален систем за управување со ризици, при што ризиците со кои се соочуваат ги управуваат искуствено, и во согласност со задолженијата од прописите во дејноста. Авторот упатува на воведување интегриран систем на правни ризици со предлог за чекорите и редоследот кој треба да биде почитуван во поставувањето на овој систем.
Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управниот одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп, Скопје, на лицето Димитрија Димов
Агенцијата за супервизија на осигурување, во соработка со Светска Банка и Европското Тело за Осигурување и Пензиски Фондови (EIOPA), на 6-ти и 7-ми октомври 2016 година организираа работилница на тема Ризично базирана супервизија (Risk Based Supervision Workshop) во Охрид. За првпат ваков вид на настан е организиран во соработка со регулаторен орган од земја која не е членка на Европска Унија.
Целта на работилницата беше учесниците да се запознаат со начинот на спроведување ризично базирана супервизија, што е задолжително барање согласно Директивата Солвентност 2, која од 01.01.2016 година почна да се применува од страна на земјите членки на Европската Унија.
На работилницата учествуваа 65 претставници од супервизорски регулаторни тела од 22 европски земји (Австрија, Португалија, Ирска, Естонија, Германија, Полска, Турција, Данска, Литванија, Малта и др.). Презентери и панелисти беа истакнати експерти од Светска банка, ЕIOPA и различни супервизорски регулатори од Европа.
На работилницата беа организирани панел дискусии на различни теми од областа на супервизијата на осигурување, како на пример: процесот на супервизија согласно директивата Солвентност 2, корпоративно управување, супервизорски колеџи.
Исто така, на работилницата беа презентирани искуствата на регулатори од Европската унија и регулатори од земји кои не се членки на ЕУ во врска со спроведување на супервизија врз основа на ризици, како и идните предизвици за осигурителниот сектор во регионот.
АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ
ОБЈАВУВААТ
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО ‒ 31 ОКТОМВРИ
СО СЛИКАЊЕ ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ ПЕСНА:
ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА:
Ш Т Е Д Е Њ Е ‒ „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“
ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА:
О С И Г У Р У В А Њ Е ‒ „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, во септемвриската испитна сесија, дека Испитот за застапници односно осигурителни брокери се одржи во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација: ул. Христо Смирненски бр. 30 ламела 1 (во близина на Универзална сала),
Деталниот распоред на Термини за испити за застапници во осигурување, односно за осигуритлен брокер можете да ги најдете во следните линкови:
| Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува лицата кои се пријавиле за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно учество на обука и полагање стручен испит за осигурителен брокер, во септемвриската испитна сесија, дека обуката за застапници односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет (Бул. Свети Климент Охридски бр. 68 – Скопје).
Обуката за застапник во времетраење од 3 дена (вкупно 18 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година а обуката за брокер во времетраење од 4 дена (вкупно 27 наставни часа) ќе се спроведе во периодот 22-24.9.2016 година и 1.10.2016 година.
Деталниот распоред на предавањата во рамки на обуките можете да го најдете на следниот линк:
|