Седница одржана на 17 јули
- Записник од 21-та седница на СнЕ на АСО одржана на 11 јули, 2023 година;
- Разгледување и одлучување во врска со Извадок од Нацрт-записникот од Сто шеесет и четвртата седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 4 јули 2023 година
MONEYVAL: Системот за лиценцирање на АСО ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перење пари и финансирање тероризам
Комитетот на експерти „Манивал“ (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам оцени дека системот за лиценцирање и супервизија на Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) има значително подобрување од последната евалуација во 2014 година и ги исполнува меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот. Во Извештајот е истакнато значењето на супервизијата заснована на ризици, како и соработката со надлежните државни органи.
Значаен придонес кон позитивната оценка имаат и актите, анализите и проценките донесени од страна на АСО и спроведените обуки за зголемување на ефикасноста во работењето на друштвата за осигурување и посредниците кои продаваат полиси за животно осигурување.
Во Извештајот на „Манивал“ позитивно се оценети и високата свесност и ефикасноста на друштвата за осигурување на живот во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
Ваквата оценка е резултат на долгорочни, постојани и сеопфатни напори за унапредување на регулаторната рамка и спроведување на мерките за спречување перење пари и финансирање тероризам.
Извештајот за нашата земја беше усвоен на 65 пленарна седница на „Манивал“ одржана на крајот на мај. Во Извештајот дадена е позитивна оценка и за целокупната поставеност на системот за спречување перење пари и финансирањето на тероризмот, што може позитивно да влијае врз рејтингот на друштвата за осигурување на живот, а претставува и признание за напорите и прогресот на АСО како финансиски регулатор.
Како резултат на двогодишен процес на евалуација во повеќе фази, извештајот за Македонија беше разгледуван и усвоен на 65 пленарна седница на Комитетот на експерти (MONEYVAL) на Совет на Европа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Во рамки на целокупниот процес во кој учествуваа АСО и друштвата за осигурување на живот, Комитетот MONEYVAL изготви сеопфатна проценка за нивото на усогласеност на земјата со меѓународните стандарди на Работната група за финансиска акција (ФАТФ).
Целиот извештај е достапен на следниот линк https://rm.coe.int/moneyval-2023-4-mer-northmacedonia/1680abebe9
АСО издаде дозвола за нова инвестиција вредна 4 милиони евра, се формира нова компанија за осигурување живот
АСО издаде дозвола за нова инвестиција вредна 4 милиони евра, се формира нова компанија за осигурување живот
По пауза од шест години на македонскиот пазар на осигурување живот се формира нова осигурителна компанија во која словенечки сопственици ќе вложат 4 милиони евра. Оваа инвестиција е доказ дека актуелниот менаџмент на АСО во соработка со другите финансиски институции активно ја подобрува деловната клима и создава услови за вложувања во осигурителниот бизнис
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) издаде дозвола за работа на нова осигурителна компанија „Прва живот“. Оваа компанија ќе нуди осигурување живот на нашиот осигурителен пазар. Основач и единствен сопственик на новоформираното друштво за осигурување живот е словенечкиот осигурителен холдинг ПРВА ГРУП (SKUPINA PRVA, zavararovalniski holding, d.d).
Словенечката групација е реномиран холдинг кој две децении управува со пензиски фондови во Словенија, Србија, Македонија и на Косово. Групацијата има осигурителна компанија во Словенија, а се очекува нивниот влез на нашиот осигурителен пазар да ја подобри конкурентноста во секторот и да придонесе во збогатување на понудата на производи за осигурување живот.
Во новоформираното осигурително друштво словенечката компанија вложи 4 милиони евра колку што изнесува и основачкиот капитал на „Прва живот“. Средствата се депонирани на посебна девизна сметка на централната банка.
Советот на експерти на АСО на редовната седница го донесе решението за издавање дозвола со која „Прва живот“ ќе врши работи на осигурување во рамките на групата на осигурување на живот во класата 19 – осигурување на живот.
„Прва живот“ ќе започне со работа во рок од шест месеци од денот на издавање на дозволата за работа, а седиштето на компанијата ќе биде во Скопје. За извршен член на одборот на директори е именуван Предраг Милошевски.
АСО го задолжи друштвото да назначи овластен актуар во рок од два месеци од уписот на друштвото во трговскиот регистар.
„Прва живот“ ќе биде шеста компанија на македонскиот пазар за осигурување живот на кој сега работат „Кроација осигурување – живот“, „Триглав живот“, „Граве“, „Винер Лајф ВИГ“ и „Уника Лајф“.
Во првите шест месеци граѓаните во петте компании за осигурување живот вложиле над 14 милиони евра во осигурување живот.
На нашиот осигурителен пазар се вложува во три групи производи за осигурување живот. Во вкупното осигурување живот најголемо учество имаат вложувањата во осигурување со штедна компонента. Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства зголемени со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни обврзници или други безризични финансиски инструменти.
Официјалните податоци на компанииите за осигурување живот покажуваат дека најголем раст на продажбата има животното осигурување кое нема штедна компонента. Со него во случај на смрт за времетраење на договорот се исплаќа осигурена сума на член на семејството или на друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го превзела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице.
Осигурувањето живот во кое ризикот од вложување на средствата го превзема осигуреникот е најновиот осигурителен продукт од палетата на животни осигурувања на нашиот пазар. Овој продукт е популарно познат како „јунит линкд“ осигурување. Кај ова осигурување значаен дел од парите се вложуваат во инвестициски фондови, избрани од осигурениците, чии пазарни цени зависат од движењата на регионални и глобални пазари на капитал.
Седница оддржана на 11 јули
- Записник од 20-та седница на СнЕ на АСО одржана на 5 јули, 2023 година;
- Барање за добивање дозвола за вршење работи на осигурување на Друштвото за осигурување ПРВА ЖИВОТ АД Скопје и донесување решение,
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и донесување решение,
- Решение за одземање на лиценца за застапник во осигурување, на лицето Алисен Цуцули,
- Разгледување на поднесена молба.
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 годинана УНИКА АД Скопје и донесување на решение,
- Барање за добивање согласност за друштво за ревизија за 2023 година на УНИКА ЛАЈФ АД Скопје и донесување на решение.
Седница оддржана на 5 јули
- Записник од 19-та седница на СнЕ на АСО одржана на 29 јуни, 2023 година;
- Барање за добивање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на ГРАВЕ на лицето Ненад Стаменков и донесување на решение;
- Одлука во однос на сторениот прекршок од страна на Осигурително брокерското друштво Супер Брокер АД Скопје;
- Одлука во однос на сторениот прекршок од страна на Друштвото за застапување во осигурување ЛАЈОН ИНС АД Скопје;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје;
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурителното брокерско друштво ЕОС Брокер АД Скопје;
- Политика на интегритет;
- Извештај од 23-тите спортски средби Метропол во Охрид оддржани во период од 11-14 мај, 2023 година;
- Информација за финансиската состојба, статистички и финансиски остварувања на друштвата за осигурување во периодот 1.1.-31.3.2023 година;
- Измена на Годишниот план за вработување на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2023 година;
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на Агенцијата за супервизија на осигурување;