Над 114.500 граѓани лани купиле полиси за здравствено осигурување
Бројот на лица кои купиле здравствено осигурување лани пораснал за 5 пати во однос на 2019 година, а во полиси граѓаните вложиле 4,45 милиони евра што е за 45 отсто повеќе од 2019 година
Бројот на граѓани кои купиле полиси за здравствено осигурување лани се зголемил за 5 пати во споредба со 2019 година, покажуваат официјалните агрегатни податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за 2020 година. Вкупно 114.559 граѓани лани одлучиле да купат полиси за здравствено осигурување и тоа е за 93.161 осигуреник повеќе од претходната година кога полиси за здравствено осигурување имале 21.398 лица. Во своите полиси за здравствено осигурување лани граѓани вложиле 4,45 милиони евра и тоа е за 44,8 отсто повеќе од бруто полисираната премија (вредност на продадени полиси) во претходната година. Полисите за здравствено осигурување лани го продавале 10 компании за неживотно осигурување.
Влијание врз растот на продажбата на осигурителни полиси за здравствено осигурување лани има пандемијата предизвикана од вирусот COVID 19, но и добрите корпоративни практики на се повеќе фирми кои купуваат полиси за здравствено осигурување за своите вработени.
Лани компаниите за неживотно осигурување на своите осигуреници им исплатиле штети во вкупен бруто износ од 1,72 милиони евра врз основ на покритијата од полисите за здравствено осигурување. Во споредба со 2019 година износот на бруто исплатени штети кои компаниите ги платиле на осигурениците се зголемил за 44 отсто.
АСО апелира до сите потенцијални осигуреници при изборот на осигурително друштво особено да обрнат внимание на ризиците кои се опфатени со осигурувањето и дали, заради актуелниот момент, се покриени ризици предизвикани од пандемии или епидемии.
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) е независно регулаторно тело, основано во 2009 година, кое го регулира пазарот за осигурување и се грижи за заштита на правата на осигурениците и развој на перцепцијата за значењето на осигурувањето.
Седница одржана на 24.02.2021
- Одлука за усвојување на годишна сметка за Агенција за супервизија на осигурување за 2020 година,
- Одлука за распределување на нето вишокот на приходи над остварените трошоци на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година,
- Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за супервизија на осигурување,
- Решение за издавање на согласност за измена на Статут на Акционерското Друштво за осигурување ГРАВЕ НЕЖИВОТ Скопје,
- Известување на НЛБ Банка за раскинување на догоор за застапувње во осигурување со лицето Агрон Мустафи (донесување на решение за одземање на лиценцата),
- Известување на НЛБ Банка за раскинување на догоор за застапувње во осигурување со лицето Анита Чекреџиева (донесување на решение за одземање на лиценцата),
- Известување на НЛБ Банка за раскинување на догоор за застапувње во осигурување со лицето Дејан Лазоровски (донесување на решение за одземање на лиценцата),
- Известување на НЛБ Банка за раскинување на догоор за застапувње во осигурување со лицето Кристина Младеновска (донесување на решение за одземање на лиценцата),
- Известување на НЛБ Банка за раскинување на догоор за застапувње во осигурување со лицето Нина Глигоровска (донесување на решение за одземање на лиценцата),
- Известување на НЛБ Банка за раскинување на догоор за застапувње во осигурување со лицето Хани Дракуловска (донесување на решение за одземање на лиценцата),
- Циркуларен допис-препорака до друштвата за осигурување да се воздржат од исплата на дивиденда во 2021 година,
- Одлука за изрекување супервизорска мерка кон АД за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ Виена Иншуренс Груп Скопје.
Седница одржана на 15.02.2021
- Правилник за условите и постапката за признавање на квалификација за актуар стекната во странство и полагање на стручен испит со кој се докажува дека лицето има адекватно знаење на законите и праксата во Република Северна Македонија потребни за добивање дозвола за работа како овластен актуар во Република Северна Македонија;
- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за потребната документација за добивање дозвола за работа како овластен актуар;
- Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурувањето и роковите за уплата;
- Решение за давање согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје на лицето Ана Серафимова; и
- Разгледување на известување на Друштвото за осигурување ВИНЕР АД Скопје за раскинување на договорот за застапуавње во осигурување со лицето Јордан Захариев и одлучување по известувањето со донесување на Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување.
Седница одржана на 08.02.2021
- Одлука за супервизрска мерка на ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Извештај за поднесени претставки до Агенцијата за супервизија на осигурување од страна на осигурениците, корисниците на осигурување и од трети оштетени лица за 4К, 2020 година и
- Одлука за усвојување на Извештајот за извршениот попис на средствата и извори на средствата на Агенцијата за супервизија на осигурување со состојба на 31 декември 2020 година,
- Информација за реализација на Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување, заклучно со 31.12.2020 година.
Појаснување во врска со склучување на договори за осигурување со вклучен ризик смрт како последица на болест
Од досегашното работење на друштвата за осигурување и спроведените супервизии, Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), утврди дека Условите за осигурување во класата на осигурување 1 – осигурување од несреќен случај (незгода) на друштвата за осигурување кои вршат работи во групата на неживотно осигурување, меѓу другите ризици (смрт како последица на несреќен случај, трајна загуба на општата работна способност, преодна неспособност за работа, влошено здравје), најчесто во делот на колективните осигурувања, покриваат и ризик смрт како последица на болест кој според природата, карактеристиките и актуарските начела припаѓа на ризици кои се опфатени во класата 19 – осигурување на живот во случај на смрт од член 5 од ЗСО. Истиот ризик несоодветно е вклучен и во Условите за осигурување во класата на осигурување 14 – Осигурување на кредити на некои од друштвата за осигурување кои вршат работи во групата на неживотно осигурување. Во насока на обезбедување работењето на друштвата за осигурување да е согласно Законот за супервизија на осигурување и заради овозможување на услови за фер конкуренција, АСО преку циркуларен допис даде појаснување и насоки до друштвата за осигурување.На линкот се деталите и содржината на циркуларот.
Седница одржана на 21.1.2021
- Годишниот план за обуки за 2021 година на административните службеници на Агенцијата за супервизија на осигурување
- Одлука за износот на максималната каматна стапка при пресметка на математичката резерва,
- Стратешки план за внатрешна ревизија за периодот 2021 – 2023 година;
- Годишен план за внатрешна ревизија за 2021 година,
- Барање за добивање согласност за измена на седиште на ТРИГЛАВ ЖИВОТ АД Скопје,
- Барање за добивање согласност за измена на статут на ТРИГЛАВ ЖИВОТ АД Скопје,
- Решение за изменување на Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење осигурително брокерски работи во 2020 година,
- Решение за изменување на Решение за формирање на Комисија за спроведување на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување во 2020 година.
Седница одржана на 14.01.2021
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Елена Вељановска,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Марко Шенов,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Милена Величковиќ,
- Решение за продолжување на стручниот испит за застапник во осигурување на лицето Арјета Реџепи,
- Решение за продолжување на стручниот испит за застапник во осигурување на лицето Соња Филиповска,
- Решение за продолжување на стручниот испит за застапник во осигурување на лицето Александра Лазарова,
- Решение за продолжување на стручниот испит за застапник во осигурување на лицето Амир Села,
- Решение за продолжување на стручниот испит за застапник во осигурување на лицето Крсте Вранишковски,
- Решение за продолжување на стручниот испит за застапник во осигурување на лицето Сашо Трајковски,
- Решение за продолжување на стручниот испит за брокер во осигурување на лицето Елена Димитровска,
- Решение за продолжување на стручниот испит за брокер во осигурување на лицето Александра Ѓорчевска,
- Решение за издавање на согласност на Друштвото за неживотно осигурување Граве Неживот АД Скопје да изврши трансформација на субординиран долг.
Повик за пријавување на интерес за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување
Агенцијата за супервизија на осигурување ја информира јавноста дека во текот на 2021 година планира да организира обука и полагање на стручен испит за вршење на работи на застапување во осигурување (во понатамошниот текст: обука и стручен испит за застапник).
Се повикуваат сите лица кои се заинтересирани и имаат намера да учествуваат на обуката и полагање на стручниот испит за застапници, најдоцна до 20.1.2021 година до Агенцијата за супервизија на осигурување, по електронски пат, да пријават интерес за учество на обуката и полагање на стручниот испит за застапници со доставување на Известување за пријавување на интерeс (пријавата е на следниот линк) на следната електронска адреса: contact@aso.mk.
Во продолжение се наведени условите, начинот и постапката за спроведување на стручниот испит за застапник:
НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
Наставната програма за спроведување на Стручниот испит за застапник се состои од следните предмети:
- Основи на управување со ризик и осигурување;
- Законска регулатива од областа на осигурување;
- Трговско и облигационо право;
- Застапување во осигурување и етички кодекс;
- Осигурување на живот;и
- Неживотно осигурување.
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
Деталната содржина на секој од модулите од обуката за застапник е разработена во Наставната програма за полагање стручен испит за застапник во осигурување која ја утврдува Агенцијата и во која се содржани градивото, прописите и литературата. Наставната Програма е објавена на веб страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Начинот и постапката за спроведување на обуката и стручниот испит за застапник детално се пропишани со Правилникот за начинот, постапката и условите за спроведување на обука и полагање на стручен испит за вршење работи на застапување во осигурување (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр.47/2019, 35/2020 и 280/2020).
Кандидатите кои успешно ќе го положат стручниот испит за застапник ќе се здобијат со Уверение за положен стручен испит за застапник.
Кандидатите кои три пати едноподруго нема да го положат стручниот испит за застапник, го губат правото за повторно полагање на испитот предвиден со обуката.
СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА И ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
Обуката и стручниот испит за застапник ќе ја спроведуваат едукатори (предавачи) ангажирани од страна на Агенцијата.
Стручниот испит ќе се спроведува он-лајн со користење на соодветна интернет платформа.
РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊА И ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ
Точните термини и деталниот распоред на предавањата во рамки на обуката како и точните термини и деталниот распоред за одржување на испитите ќе бидат објавени на интернет страницата на Агенцијата за супервизија на осигурување пред отпочнување на обуката односно испитот по секој поединечен предмет.
НАДОМЕСТОК ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКАТА И ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
За учество на обуката и полагање на стручниот испит, кандидатите плаќаат надоместок во износ од 7.000 денари согласно Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата.
Кандидатите кои ќе пријават интерес за учество на обуката и полагање на стручниот испит и за кои ќе се утврди дека ги исполнуваат условите, се должни да го платат надоместокот најдоцна 15 дена пред денот предвиден за почеток на обуката и стручниот испит.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ОБУКАТА И ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧНИОТ ИСПИТ
Право на учество на обука и полагање на стручен испит има лице кое има завршено средно образование или повисок степен на образование.
СООПШТЕНИЕ (ОГЛАС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО)
Агенцијата со оглас во дневен печат и на својата веб страна ќе ги извести заинтересираните кандидати за организирање на обука и стручен испит како и за времето и местото на одржување на обуката и стручниот испит.