Седница одржана на 29.06.2020
- Донесување на Решение за одбивање на барањето УП Бр. на 18-2-477 од 17.6.2020 година на Национална групација за осигурување ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА АД Скопје за огласување за ништовно на Решението УП Бр. 18-2-477 од 10.6.2020 година за повлекување на согласноста за вршење на функцијата член на орган на управување во друштвото за осигурување за лицето Владимир Тошевски донесено од Советот на експерти на Агенцијата на ден 10.6.2020 година,
- Усвојување на Одговор на Тужба УРП бр. 27/2020 поднесена до Управен суд на Република Северна Македонија од страна на тужителот Владимир Тошевски и НГО ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА АД Скопје против Решение на Агенцијата за супервизија на осигурување УП Бр. 18-2-477 од 10.6.2020 година за повлекување на согласноста за вршење на функцијата член на орган на управување во друштвото за осигурување за лицето Владимир Тошевски донесено од Советот на експерти на Агенцијата на ден 10.6.2020 година и
- Донесување на Решение за изрекување дополнителни мерки кон Осигурително брокерското друштво С.Т.М Брокер Плус АД Скопје.
С О О П Ш Т Е Н И Е во врска со организирање на обука и полагање на стручен испит за застапници и брокери
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите пријавени за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно осигурителен брокер во мартовската едукативно испитна сесија (врз основа на објавено Соопштение за спроведување на обука и стручен испит на ден 2.3.2020 година), дека обуката и полагањето на стручните испити од двете обуки во организација на Агенцијата (кои претходно беа одложени), заради сеуште актуелната состојба предизвикана од пандемијата со COVID19 (корона вирус), нема да се спроведат се до целосно нормализирање на состојбата и овозможување на соодветни услови согласно здравствените протоколи донесени од Владата.
Сите кандидати пријавени на двете обуки во организација на Агенцијата, дополнително ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на обуките и полагање на стручните испити согласно објавен календар на испити во Државниот испитен центар.
Агенција за супервизија на осигурување
СЕДНИЦА ОДРЖАНА НА 10.06.2020
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Евроинс Осигурување АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на седиште на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на статут на Друштвото за осигурување УНИКА АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на седиште на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Решение за давање согласност за измена на статут на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Решение за давање дозвола за вршење осигурително брокерски работи на ОБД ОМАДА ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Решение за давање согласност Друштвото за ревизорски услуги ПРАЈВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје за 2020 година,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Борјанка Пешевска Митев ,
- Решение за повлекување на согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во Национална групација за осигурување ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА АД Скопје за лицето Владимир Тошевски,
- Решенија за одземање на лиценцата за застапник во сигурување на лиценцирани застапници во осигурување кои не се усогласиле со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (Службен весник на РСМ бр. 198/2018) во законски предвидениот рок
- Решенија за одземање на лиценцата за осигурителен брокер на лиценцирани осигурителни брокери кои не се усогласиле со Законот за изменување и дополнување на Законот за супервизија на осигурување (Службен весник на РСМ бр. 198/2018) во законски предвидениот рок
Седница одржана на 29.05.2020
- Решение за издавање на согласност Друштвото за ревизорски услуги ПРАЈВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО Скопје да врши ревизија на финансиските извештаи на Акционерското друштво за осигурување ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп Скопје за 2020 година
Седница одржана на 14.05.2020
- Решение за издавање на согласност за вршење на функцијата член на Управен одбор на Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје, за лицето Александра Шкемби Антовска;
- Одлука за уплата на парични средства од Агенцијата за супервизија на осигурување на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот COVID-19
Седница одржана на 29.04.2020
- Решение за именување на членови на Комисијата за избор на најдобар истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2020 година
- Одлука за спроведување на Конкурс за годишна награда за млад истражувач за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија за 2020 година
- Решение со кое се дава согласност Друштвото за ревизија МУР СТИВЕНС ДОО Скопје, да врши ревизија на финансиските извештаи на Националната групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје за 2020 година
- Решение со кое се одзема лиценца за застапник во осигурување бр. УП 19-3-101 од 04.02.2019 година на лицето Емил Мисев
- Решение со кое се одзема лиценца за застапник во осигурување бр. УП 19-3-643 од 17.07.2019 година на лицето Божана Пешевска
Седница одржана на 21.04.2020
- Решение за издавање дозвола за воведување на класа два (2) во работењето на КРОАЦИА НЕЖИВОТ
- Решение за издавање согласност измена на статут на КРОАЦИА НЕЖИВОТ.
Седница одржана на 17.03.2020
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во ДО УНИКА АД Скопје за лицето Билјана Стојанов,
- Решение за издавање согласност за вршење на функцијата член на орган на управување во ДО УНИКА АД Скопје за лицето Борче Богески,
- Тарифник за изменување и дополнување на Тарифникот за содржината и висината на надоместоците и давачките што ги наплатува Агенцијата за супервизија на осигурување и роковите за уплата,
- Решение за издавање на согласност за стекнување на квалификувано учество во Осигурителното брокерско друштво БРОЛИНС АД Скопје,
- Решение за одземање на лиценцата за застапник во осигурување на лицето Марјан Христовски,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Друштвото за животно осигурување УНИКА ЛАЈФ АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Осигурително брокерското друштво и поведување прекршочна постапка против С.Т.М. Брокер Плус АД Скопје,
- Одлука за поведување на прекршочна постапка против Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје,
- Одлука за поведување на прекршочна постапка против Граве Осигурување Неживот АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија кон Акционерско друштво за осигурување ВИНЕР Лајф – Виена Иншуренс Груп Скопје,
- Одлука за поведување на прекршочна постапка против Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и одговорното лице во друштвото за осигурување
- Информации на Агенцијата за супервизија на осигурување во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID 19 (корона вирус).