Седница одржана на 22.10.2015
- Донесување на Одлука за мерки на супервизија спрема Друштво за осигурување Уника АД Скопје
КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ
АГЕНЦИЈАТА ЗА СУПЕРВИЗИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ, МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ И НАРОДНАТА БАНКА НА МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВААТ КОНКУРС ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ОД ОСНОВНОТО И СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ.
АЈДЕ ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕ СО СЛИКАЊЕ НА ЦРТЕЖ И ПИШУВАЊЕ НА ПЕСНА:
ПРВА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ШТЕДЕЊЕ
ВТОРА КАТЕГОРИЈА НА ТЕМА: ОСИГУРУВАЊЕ
Учесниците на конкурсот треба да испратат:
– ликовна творба за учесниците од основното образование; и
– литературна творба – поезија за учесниците од средното образование,
на зададените теми: „И ЈАС УМЕАМ ДА ШТЕДАМ“ или „ШТО ЗНАЧИ ЗА МЕНЕ ОСИГУРУВАЊЕТО НА ДОМОТ И СЕМЕЈСТВОТО“.
Крајниот рок за доставување на творбите е 28 октомври 2015 година.
Склучен Меморандум за соработка помеѓу Агенцијата за супервизија на осигурување и Управата за јавни приходи
Имајќи предвид дека еден од главните приоритети на Агенцијата за супервизија на осигурување е зајакнување на соработката со други регулаторни тела и други надлежни институции склучен е Меморандум за соработка со Управата за јавни приходи во Република Македонија.
Со овој Меморандум се уредува меѓусебната соработка на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) и Управата за јавни приходи (УЈП) поврзана со размена и употреба на информации, податоци и размена на искуства. Меморандумот не подразбира почеток на соработка помеѓу институциите, напротив претставува официјална основа на нашата досегашна добра соработка и воедно овозможува продлабочување на соработката и отворање на нови можности и корист за двете институции.
Седница одржана на 24.09.2015
- Решение за давање дозвола за вршење на осигурително брокерски работи на Акционерското друштво за вршење на осигурително брокерски работи ПОРШЕ БРОКЕР АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Национална групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА – Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за неживотно осигурување Кроација осигурување АД Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Акционерското друштво за осигурување Еуролинк Скопје,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување АЛБСИГ АД Скопје,
Приказ на предавачи и содржини на конференцијата
Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија
Агенцијата за супервизија на осигурување на 11 септември 2015 година, организираше еднодневна конференција насловена „Предизвици и трендови на глобалната осигурителна индустрија и нивното влијание на осигурителната индустрија во Македонија“.
Конференцијата имаше за цел да ја запознае релевантната домашна јавност со глобалните трендови и предизвици во осигурителната индустрија.

На конференцијата беа присутни истакнати гости предавачи, претставници од регулаторни тела, локалната осигурителната индустрија, академската заедница и претставници од јавни институции од земјата.
На конференцијата свое воведно обраќање имаше г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.
Материјалите од Конференцијата се достапни на следниот линк
Остварувањата во осигурителниот сектор во првата половина на 2015 година и проекциите за тековната година
Агенцијата за супервизија на осигурување на 13.9.2015 година, со почеток во 12ч, во своите простории, одржа прес конференција, на тема Остварувањата во осигурителниот сектор во првата половина на 2015 година и проекциите за тековната година.
Пред претставниците од медиумите се обратија г. Климе Попоски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување и г. Зоран Стојановски, извршен член на Советот на експерти.
За повеќе информации кликнете тука.
Известување
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува сите кандидати дека Обуката за застапници во осигурување односно осигурителни брокери ќе се одржи во просториите на Европски Универзитет, на следната локација:
Бул. Климент Охридски 68 – Скопје
Седница одржана на 03.09.2015
- Решение за давање дозвола за воведување на нова класа на осигурување на ВИНЕР ЛАЈФ (класа 21 – Oсигурување на живот во врска со удели во инвестициски фондови),
- Решение за давање согласност за измена на Статут на АД ВИНЕР ЛАЈФ,
- Одлука за изрекување мерки на супервизија спрема Друштвото за осигурување ИНСИГ МАКЕДОНИЈА АД Скопје,
- Разгледување на Информација за пазарот на осигурување во вториот квартал,2015 година

